Author: Media Point
ЈП “Камена Река” започна акција за чистење и дезинфекција на јавните површини во Македонска Каменица
Јавното претпријатие „Камена Река“ започна со спроведување на активности за чистење и дезинфекција на фрекфентните јавни површини во Македонска Каменица. Во првата фаза, како што информираа денеска од претпријатието, е третиран просторот околу градскиот плоштад, кејот на Каменичка Река и делови од централното градско подрачје. Од претпријатието додаваат дека акцијата има за цел подигнување на хигиенските стандарди и создавање побезбедна средина за граѓаните. Активностите ќе продолжат и во наредниот период, при што ќе бидат опфатени и останатите јавни површини и градски улици во Македонска Каменица. Извор на текст: https://www.facebook.com/share/p/17cUk6dyUy/
СЕ ИЗДАВА ДВОСОБЕН СТАН ВО “БЕЛАТА КУЌА” ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Се издава двособен стан на втори кат во зградата позната како „Белата Куќа“, кај Поштата во Македонска Каменица. Станот е целосно опремен и подготвен е за вселување веднаш. Цена по договор, по разговор со сопственикот на следниов конктакт телефонски број 070 684 688
Во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица денес беше отслужена Света Божествена литургија, на која верниците се собраа во голем број. По завршувањето на литургијата, отец Мартин одржа вдахновена беседа во која ја истакна пораката од параболата за Доброто Самарјанин. Отецот нагласи дека параболата нè повикува да се запрашаме како постапуваме кога ќе видиме човек во мака. „Дали минуваме покрај него, или го носиме неговиот товар?“ – порача тој, објаснувајќи дека Самарјанинот е образ на Христос, кој ги лекува нашите рани и нè води кон духовно исцеление во Црквата. Во својата проповед, отец Мартин ја потенцираше потребата од…
Вардар го победи Баскет кам, нема веќе непоразени Потсетија „вардарки“ зошто се освојувачки на Купот, уште еднаш беа подобри од шампионот, за голема победа (52:45) По пет одиграни кола повеќе нема непорзени екипи во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени. За тоа се погрижија кошаркарките на Вардар кои со подобра игра во најголем дел од дерби-дуелот беа подобри од актуелниот првак, Баскет Кам. Творец на победата беше Јана Пислевска, која одигра одлично во последниот период, искреира недостижна позитива за Вардар, доволно за голем триумф по кој се изедначија со екипата од Македонска Каменица на делба на првата позиција на табелата со ефект…
Интензивните врнежи од дожд предизвикаа серија одрони на патните правци од Македонска Каменица кон Кочани и Делчево, значително отежнувајќи го сообраќајот и намалувајќи ја безбедноста на возачите. Синоќа, на патот Македонска Каменица – Кочани, веднаш по ресторанот „Саваро“ од возачи беше забележан поголем камен одрон на двете коловозни ленти. Информациите испратени од наши читатели, ни потврдија дека покрај овој одрон, на истата делница има и повеќе помали и поголеми камени падови на критични места, што го прави движењето особено опасно во ноќните часови. Слична состојба е и на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, каде според информации од возачи, има…
Според информациите добиени од Каменичката парохија, како дел од Делчевско-Каменичката епархија, подготвени се нови информативни ливчиња со практични насоки за четири важни христијански обреди: осветување на темели, осветување на нов дом, крштение и венчание. Ливчињата нудат јасни информации за значењето на секој обред, потребните подготовки и текот на самиот чин, со цел верниците полесно да се информираат и да се подготват кога ќе пристапат кон овие свети тајни. Материјалите се објавени на официјалната страница на Каменичката парохија и на страницата на Делчевско-Каменичката епархија, каде што верниците ќе можат слободно да ги преземат и користат. Од Каменичката парохија наведуваат дека овие…
Денес (Петок 21 Ноември) целата територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд и силниот ветер од јужен правец кој повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Локално за 24 часа повторно ќе наврне големо количество на воден талог и тоа над 30 литри дожд. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме. Повеќе за метеопрогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.
Архангел Михаил, кого народот го нарекува и „војводата на сите ангели“, се слави како еден од најголемите небесни заштитници. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар), денес е 6 септември – ден посветен на споменот на чудата што се случиле во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна била изградена и црква во негова чест. Главниот празник на свети архангел Михаил, пак, е Собор на свети архангел Михаил, кој се слави на 8 ноември по стариот (или 21 ноември по новиот) календар. Овој ден е еден од поголемите есенски празници што нашиот народ традиционално ги одбележува со домашни служби. Кај луѓето…
Епископот Делчевско–каменички г. Марко во работна посета на Општина Виница Неговото Преосвештенство Епископ Делчевско–каменички г. Марко денес оствари работна средба со градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски. Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, со разговор за повеќе прашања од заеднички интерес. Епископот г. Марко го истакна значењето на соработката меѓу Црквата и локалната самоуправа, особено во областите од општествено и духовно значење – образованието, културата, хуманитарните активности и зачувувањето на традиционалните вредности. Градоначалникот Костадиновски ја нагласи подготвеноста на општината за континуирана комуникација и поддршка на активности и проекти што придонесуваат за развој на заедницата и унапредување на квалитетот…
Министерот за локална самоуправа Златко Перински во работна посета на Општина Виница Во рамки на иницијативата „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ја посети Општина Виница, каде што оствари повеќе активности и работни средби. Градоначалникот Митко Костадиновски и министерот Перински одржаа работна средба посветена на унапредување на функционирањето на локалната самоуправа. Разговорите беа насочени кон тековните предизвици, можностите за институционална поддршка и иницијативите за подобрување на услугите за граѓаните. Општината, како што беше истакнато, продолжува активно да работи на развој на локалните политики во партнерство со надлежните институции. Во рамки на посетата, министерот се…
