Епископот Делчевско–каменички г. Марко во работна посета на Општина Виница
Неговото Преосвештенство Епископ Делчевско–каменички г. Марко денес оствари работна средба со градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски. Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, со разговор за повеќе прашања од заеднички интерес.
Епископот г. Марко го истакна значењето на соработката меѓу Црквата и локалната самоуправа, особено во областите од општествено и духовно значење – образованието, културата, хуманитарните активности и зачувувањето на традиционалните вредности.

Градоначалникот Костадиновски ја нагласи подготвеноста на општината за континуирана комуникација и поддршка на активности и проекти што придонесуваат за развој на заедницата и унапредување на квалитетот на живот.
Средбата заврши во дух на взаемно почитување и заедничка посветеност кон општото добро, со надеж за успешна соработка и во иднина.

