Author: Media Point

КИЦ „Романса“ ве поканува на детската театарска претстава „Волшебната шума“ Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица со задоволство ги поканува најмладите љубители на театарот, да присуствуваат на детската театарска претстава „Волшебната шума“, која ќе се одржи на 27 ноември 2024 година. Претставата ќе биде изведена во два термини: Во 10:00 часот за најмалите дечиња од детската градинка „Бамби“, Во 13:00 часот  за повозрасните дечиња и ученици Оваа магична театарска авантура, преку улогите на Перуника Киселички, Владо Дојчиновски и Љубравка Киселички, ќе ги однесе дечињата на патување низ фантастичниот свет на „Волшебната шума“, исполнет со многу емоции, смеа и вредни пораки…

ПОВЕЌЕ ...

Младите надежи на ФК Каменица Саса блескаат во есенскиот дел од сезоната! Македонска Каменица, 25. Ноември 2024 година – Фудбалскиот клуб Каменица Саса продолжува со вложување во развојот на идните фудбалски таленти, а оваа 2014/15 натпреварувачка сезона, помладите пионери и детските категории од генерацијата 2014/15 го покажаа најдоброто од себе. Со неверојатна упорност, борбеност, дисциплина и тимска игра овие детски категории ги освоија првите места во есенскиот дел од сезоната 2024/25. Особено важна улога во овој успех на помладите пионери одиграа тренерите Благој Димитровски и Столе Тошев, како и тренерот на нашата детска 2014/15 генерација,  Ален Миленковски. Тие преку системска работа, модерни…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 22. Ноември 2024 година – Во пресрет на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ – Македонска Каменица, во кабинетот на градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски беше одржан прием за директорот и организаторите на фестивалот, како и за проф. Георги Гоце Дуртаноски – македонско-холандски калиграф и Д-р Бранислав Светозаревиќ – историчар и архивист, Димитри Кирјаковски – почесен претседател на Заедницата на Македонците во Чешка и Коле Боровски – актуелен претседател на Заедницата и основач на македонското здружение „Македонска мисла“ во Прага и Весна Апостолоска од Туристичкиот сојуз на Македонија, како гости на истиот. На средбата,…

ПОВЕЌЕ ...

Православните христијани денеска го празнуваат Св. Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави. Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата. Празникот на Архангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели. Главниот празник на Св. Архангел Михаил се празнува на 8 ноември (Јулијански календар) односно 21 ноември по нов стил. Се вика Собор на свети архангел Михаил. Тој е меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби,…

ПОВЕЌЕ ...

Руска софтверска компанија покани седумгодишен програмер да му се придружи на нивниот менаџерски тим штом ќе биде доволно возрасен за да започне со платена работа, јавува Би-Би-Си. Сергеј од Санкт Петербург се прослави преку видеа во кои објаснува како се програмира. Врз основа на тие видеа, компанијата за информациска безбедност Pro32 му испрати писмена понуда за работа, за позицијата раководител на корпоративна обука. Според рускиот закон, Сергеј не може да заземе ниту една платена позиција до својата 14-та година. Но, извршниот директор на Pro32, Игор Мандик, изјави за Светскиот сервис на БиБиСи дека во меѓувреме разговарал со родителите на Сергеј…

ПОВЕЌЕ ...

Честитки до Радмила Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Северна Македонија за застапување на нејзината кандидатура, напиша американската амбасадорка Анџела Агелер. – Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД – порача Агелер во честитката до Шекеринска. Изборот на Шекеринска за оваа функција претходно го честитаа и лидерот на СДСМ Венко Филипче, кој истакна дека со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат. Поранешната министерка за одбрана,…

ПОВЕЌЕ ...

Признание за Далибор Трајков за најчитан македонски писател во библиотеките во Македонија за 2024 година од Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена река“ – Македонска КаменицаРоден е на 18.11.1981 година во Кавадарци, а по потекло е од Росоман. Завршил средно полициско училиште во Скопје, а образованието го продолжил на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, каде што се стекнал со звање магистер по Правни науки. Веќе 24 години работи во Министерството за внатрешни работи како инспектор во ОВР Кавадарци. Од најмала возраст пишувал поезија, а од 2020 година почнува да пишува раскази и со нив учествува на меѓународни конкурси на кои се…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 18. Ноември 2024 година – Со цел, создавање на подобрена безбедност, унапредување на чистота на јавните површини и зачувување на урбаниот изглед на нашиот град, денеска започнавме акција за отстранување на сите хаварисани возила од јавните корисни површини на територијата на општина Македонска Каменица. Во таа насока, апелираме до сите граѓани, хаварисаните возила самостојно да ги пријават за дислокација од јавните површини. Пријавувањето се врши во просториите на Јавното претпријатие „Камена река“, во текот на секој работен ден. Воедно, сакаме да нагласиме, дека по истекот на рокот од 7 дена по добиената опомена, непријавените хаварисани возила ќе бидат…

ПОВЕЌЕ ...

ПРИЗНАНИЕ ЗА АФИРМАЦИЈА НА ПРАВОСЛАВНИ ДУХОВНИ ВРЕДНОСТИ ЕПИСКОП ДЕЛЧЕВСКО-КАМЕНИЧКИ Г. МАРКО (КИМЕВ) ОД МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ „ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА“ – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Роден е во Штип на 25.11.1977 година и крстен како православен христијанин со име Горан. Основно образование завршил во родниот град по што се запишал на средно богословско училиште во Скопје. По завршувањето на Македонската Православна Богословија ,,Св. Климент Охридски“ во Скопје и воениот рок се запишал на Богословскиот факултет во Скопје, а истовремено работи и во администрацијата на Велеската и Повардарска Митрополија. На 02. 08. 2002год. во манастирот „Св. Прохор Пчински”, ракоположен е во ѓаконски чин од…

ПОВЕЌЕ ...

150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков Тркалезна маса „Академскиот профил на Крсте Петков Мисирков (по повод 150 години од раѓањето)“ ќе се одржи денеска во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Како што најавија од Институтот, на научната дискусија ќе се обратат професорите Билјана Ристовска-Јосифовска, Лилјана Гушевска, Елена Јованова-Грујовска, Митко Панов, Катерина Кузмановска-Петровска, Лидија Тантуровска Јасминка Ристовска Пиличкова, Зоранчо Малинов, Славчо Ковилоски и Андријана Павлова.

ПОВЕЌЕ ...