На 25 ноември во Берн се одржа работен состанок помеѓу Македонскиот национален совет (МНС) и Македонската амбасада во Швајцарија, на кој присуствуваа амбасадорот Реџеп Демири, неговата заменичка и раководството на МНС.

Во четиричасовната средба беа разгледани поплаките на македонските граѓани во Швајцарија – употребата на македонскиот јазик во амбасадата, истакнувањето на државните симболи, недостапноста на институцијата и недоволната комуникација со дијаспората. Двете страни се согласија дека амбасадата мора да обезбеди подеднаква услуга за сите државјани и дека во иднина ќе се работи со поголема транспарентност.
Договорено е во скоро време да се одржи проширена средба со претседателите на македонските друштва во амбасадата во Берн, како и организирање „Конзуларни денови“ во неколку швајцарски градови со значајна македонска заедница.
На состанокот беа поставени основите за редовна и поефикасна соработка, со цел подобра поддршка и поголема видливост на македонската дијаспора во Швајцарија.

