Author: Media Point

Со новиот концепт за поврзување на културата и туризмот даваме нова енергија за одржлив развој на овие две јавни дејности во општина Делчево. НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево веќе работи на нова структурирана годишна програма за поддршка и развој на културата и туризмот во Делчево за 2026 година. Горди сме што можеме да ја најавиме интензивната соработка на нашата институција со Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во интерес на подигање на нивото на културните вредности во јавниот живот во Делчево. Како и до сега НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево ќе биде носител на најголемиот фонд на настани,…

ПОВЕЌЕ ...

По повод 18 Октомври – Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, Општинската организација на Црвен крст Делчево, во соработка со Регионалниот центар за ГР – Исток, организираше три едукативни работилници на тема „Превенција од трговија со луѓе“. Работилниците беа наменети за волонтерите од Клубот на млади при ООЦК Делчево, учениците од прва година при СОУ „Миле Јаневски – Џингар“ Делчево и учениците од деветто одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица. Предавањата ги спроведоа инспектор Виолета Илиевска и Ненад Павловски, командир на Полициската станица за граничен надзор Македонска Каменица, заедно со обучени врснички едукатори од…

ПОВЕЌЕ ...

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, низ поголем дел од земјата се регистрираат повремени врнежи од дожд, а локално и поројни, особено во североисточните и источните делови на државата. Во утринските часови времето беше облачно и свежо, со температури меѓу 9 и 12 степени. Преку денот температурите ќе се искачат до 16, локално до 18 степени, но без значително разведрување. Облачноста ќе биде застапена, а кратки прекини на дождот ќе има само во централните и југоисточните подрачја. Во Куманово, Крива Паланка и делови од источниот регион е активирано жолто предупредување за дожд, поради можност од пообилни врнежи во…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 09. Ноември 2025 – Женскиот фудбалски клуб Каменица САСА запиша нова и многу важна победа на домашен терен, совладувајќи ја екипата на ЖФК Асс Јунајтед со резултат 2:0. Стрелци на головите за нашите каменичанки беа Ана Димитровска и Гоја Тчеури, кои со погодоците ја потврдија доминацијата теренот. Натпреварот, како што истакнуваат од ЖФК Каменица САСА одигран под тешки временски услови и на тежок терен за игра. И покрај силниот отпор на противничката екипа од Струга, фудбалерките на Каменица САСА покажаа борбеност, концентрација и одлична тимска игра. Тие ја презедоа блага иницијатива во текот на натпреварот, успешно ги искористија…

ПОВЕЌЕ ...

Во светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” – Каменичка парохија, денеска беше отслужена воскресна утрена и Божествена Литургија, со која началствуваше Неговото Преосвештенство Епископ делчевско каменички, г. Марко, во сослужение со свештеници од архиерејското намесништво. Во својата беседа, Владиката Марко потсети на вистинското значење на љубовта во христијанскиот живот, истакнувајќи дека човекот нема непријатели меѓу луѓето, бидејќи сите сме созданија Божји. „Вистинскиот непријател е нечестивиот, кој преку омраза и завист го разделува човекот од Бога и ближните,“ рече тој. Верниците молитвено учествуваа во светата тајна на Евхаристијата, а богослужбата заврши во дух на љубов, мир и благодарност кон…

ПОВЕЌЕ ...

Овој славен и чудотворен светител се роди во градот Солун, од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители, Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му беше војвода солунски, па кога умре, го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко. Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и истребува христијаните што беа во Солун. Но, Димитриј не само што не го послуша царот туку напротив, јавно Го исповедаше и Го проповедаше Христа во градот Солун. Кога слушна за тоа царот Максимијан многу се…

ПОВЕЌЕ ...

Детска смотра на фолклорни ансамбли – Источен регион 2025 во Македонска Каменица Во организација на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија – СОФАМ, во соработка со КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица, на 9 ноември 2025 година (недела) ќе се одржи Детската смотра на фолклорни ансамбли од источниот регион. Настанот ќе се одржи во Домот на култура во Македонска Каменица, со почеток во 15:00 часот. На смотрата ќе настапат десет детски ансамбли од повеќе градови и села од источна Македонија: КУД „Вера Јоциќ“ – Македонска Каменица, ФА „Осоговски извор“ – с. Оризари, Кочани, КУД „Ристо Донев Учителот“ – Штип, ФА…

ПОВЕЌЕ ...

Богослужби по повод празникот Свети Димитриј – Митровден во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Париз Во чест на големиот христијански празник Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Париз ќе се одржат празнични богослужби, информира протоерејот о. Даниел Стојчевски. На сабота, 8 ноември, со почеток во 11:00 часот, ќе се служи утрена богослужба, а сите верници кои имаат колачи и панагии за празникот можат да ги донесат во храмот за осветување. Следниот ден, во недела, 9 ноември, со почеток во 10:30 часот, ќе се одржи света литургија. Отец Даниел упатува топол повик до…

ПОВЕЌЕ ...

Успешно реализирана крводарителска акција во Делчево – собрани 78 единици крв Општинската организација на Црвениот крст Делчево успешно ја реализира редовната ноемвриска крводарителска акција, на која беа собрани вкупно 78 единици крв – нова надеж и можност за спас на многу животи. Акцијата се одржа во просториите на ООЦК Делчево, каде уште еднаш победи хуманоста и солидарноста на граѓаните. Од организацијата упатуваат голема благодарност до сите доброволни крводарители за нивната несебичност и хуман гест. Дарувај крв – спаси нечиј живот!

ПОВЕЌЕ ...

Иницијативниот одбор ги повикува сите граѓани на заедничко чествување на христијанскиот празник Свети Димитриј – Митровден, во сабота, 8 ноември 2025 година, на Магилката во Македонска Каменица. Делењето на славскиот ручек за здравје ќе започне во 14:00 часот. Да се собереме во вера и радост, и заедно да го прославиме овој свет ден.

ПОВЕЌЕ ...