
Во текот на вечерните и утринските часови, како последица на обилните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел, на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар – Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај место Извор, информираат од ЦУК.
Оперативниот центар при ЦУК веднаш стапи во контакт со дежурните служби на Македонија пат, кои веднаш се вклучија во отстранување на свлечиштата и одроните кои предизвикуваа опасност по сообраќајот, соопштија надлежните.
– Наврнатите количини дожд предизвикаа активирање на нестабилни терени. Нашите екипи цела ноќ се на локациите и работат на расчистување за сообраќајот да се одвива безбедно. Ги повикуваме возачите на зголемено внимание, особено на планинските и критичните делови од патиштата – изјавија од ЦУК

