Македонска Каменица, 20. Ноември 2025 година – Општина Македонска Каменица ги информира граѓаните дека започнува со реализација на Буџетските форуми за креирање на Буџетот за 2026 година, со цел зголемување на транспарентноста, отчетноста и директното учество на јавноста во планирањето на општинските политики.
Од локалната самоуправа нагласуваат дека „буџетските форуми претставуваат важен механизам за вклучување на граѓаните и заедничко креирање на приоритетите за развој“, додавајќи дека акцентот е ставен на отворена комуникација со месните заедници, бизнис секторот, граѓанските организации и сите заинтересирани жители.
Во соопштението се истакнува и дека „процесот ќе овозможи секој граѓанин да придонесе со свои идеи и предлози во креирањето на буџетските програми и проекти“.
Термини и локации за одржување на форумските сесии
20 ноември
-
Зелен буџет – 18:00 ч., Сала за состаноци во општината
-
Дигитален форум – 20:00 ч.
24 ноември
-
Бизнис заедница – 18:00 ч., Ресторан „Златина“
25 ноември
-
Дулица – 17:30 ч., Подрачно училиште
27 ноември
-
Луковица – 17:30 ч., Подрачно училиште
-
Тодоровци – 18:30 ч., Месна заедница
28 ноември
-
Моштица 1 – 17:30 ч., Месна заедница
-
Моштица 2 – 18:30 ч., Подрачно училиште
29 ноември
-
Косевица – 17:30 ч., Месна заедница (Кај школото)
-
Костин Дол – 18:30 ч., Подрачно училиште
1 декември
-
Саса 1 – 17:30 ч., Подрачно училиште
-
Саса 2 – 18:30 ч., Месна заедница
2 декември
-
Цера 1 – 17:30 ч., Подрачно училиште
-
Цера 2 – 18:30 ч., Подрачно училиште
3 декември
-
Каменица – 18:00 ч., Сала за состаноци во општината
-
Културен буџет – 19:30 ч., Сала за состаноци во општината
5 декември
-
Отчет и транспарентност за Буџет 2025 – 17:30 ч., Сала за состаноци во општината
Во секоја од форумските сесии граѓаните ќе бидат детално запознаени со реализацијата на годинешниот буџет, но и со можностите за давање предлози и определување на приоритетите за 2026 година.
Од општината порачуваат: „Ги повикуваме сите жители, здруженија и бизнис субјекти активно да се вклучат и да помогнат во креирањето на граѓанските политики што ќе придонесат за одржлив локален развој.“
Општина Македонска Каменица додава дека, доколку има потреба од промени во термините и локациите, јавноста ќе биде навремено известена.

