Јавното претпријатие „Камена Река“ започна со спроведување на активности за чистење и дезинфекција на фрекфентните јавни површини во Македонска Каменица.

Во првата фаза, како што информираа денеска од претпријатието, е третиран просторот околу градскиот плоштад, кејот на Каменичка Река и делови од централното градско подрачје.
Од претпријатието додаваат дека акцијата има за цел подигнување на хигиенските стандарди и создавање побезбедна средина за граѓаните. Активностите ќе продолжат и во наредниот период, при што ќе бидат опфатени и останатите јавни површини и градски улици во Македонска Каменица.
Извор на текст: https://www.facebook.com/share/p/17cUk6dyUy/


