Јавен повик до семејства со деца запишани во прво одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, за учебната 2025/2026 година
Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилникот за доделување на еднократна парична помош на семејства со дете кое за прв пат е запишано во прво одделение во ООУ,,Св.Кирил и Методиј,, Македонска Каменица бр.08-1738/1 од 21.09.2022 година, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот:
ЈАВЕН ПОВИК
Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот упатува Јавен повик до семејства со дете кое за прв пат е запишано во прво одделение во ООУ,,Св.Кирил и Методиј,, Македонска Каменица, за доставување на барање за доделување на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица, за учебната 2025/2026 година.
За остварување на правото, потребно е да се достави барање до Општина Македонска Каменица со следните документи во прилог:
- Потврда во оригинал за запишан ученик во прво одделение, издадена и заверена од ООУ,,Св. Кирил и Методиј,, Македонска Каменица;
- фотокопија на извод од матична книга на родени (за детето-прваче);
- Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа за еден од родителите/старателите, од кој се видни податоците за живеалиштето во Општина Македонска Каменица и
- Фотокопија од активна трансакциска сметка за истиот родител/старател.
Потребната документација може да се достави до Архива на Општина Македонска Каменица (соба бр.1) или на е-адресата на Општина Македонска Каменица opstina@makedonskakamenica.gov.mk во рок од 7 дена сметано од денот на објавувањето на Јавниот повик.
Раководител на Одделение за правни
и општи работи и јавни дејности
Анета Темчева
Општина Македонска Каменица
Градоначалник
Соња Стаменкова

