Author: Media Point

Изминатите девет дена од месец декември 6151 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 44 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик Во периодот од 01-09.12.2025 година како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 6151 издадени платни налози, 1573 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 44 лица, од кои 33 за возење под дејство на алкохол, двајца возачи за…

ПОВЕЌЕ ...

Пронајдени сторителите за оштетувањето на градскиот тоалет и урбаната опрема во Македонска Каменица По оштетувањето на градскиот тоалет и дел од урбаната опрема во Македонска Каменица, извршено на 29 ноември 2025 година од тогаш непознати сторители, полицијата презеде соодветни оперативни мерки и активности. Според информациите надлежните, сторителите се идентификувани. Против нив ќе бидат преземени соодветни законски мерки, а штетата ќе биде надокнадена.

ПОВЕЌЕ ...

ИЗГОРЕ КАМИОН ВО СЕЛО КОСЕВИЦА – ИНТЕРВЕНИРАШЕ ТППЕ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА На 9 декември 2025 година, во 12:10 часот, до ТППЕ Македонска Каменица била пријавена појава на запален камион во селото Косевица. Екипата на Територијалната противпожарна единица веднаш излегла на терен со две противпожарни возила и тројца пожарникари. Во моментот на пожарот, камионот бил натоварен со борови дрва. Повеќе детали наскоро, по официјалниот извештај од надлежните.

ПОВЕЌЕ ...

Од Армијата денеска преку социјалните мрежи информираа дека началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес, бил одликуван со Медал за истакната служба од страна на командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајор Грегори Најт, кој се наоѓа во официјална посета на Република Северна Македонија и Армијата. Ова одликување се доделува за извонредна и витална поддршка на Програмата за државно партнерство со САД. Генералот Најт ги истакна лидерството и експертизата на генералот Лафчиски, кои имаат директно позитивно влијание врз напорите на Република Северна Македонија во постигнување на НАТО целите како ценет партнер, се наведува во објавата. На официјалниот состанок…

ПОВЕЌЕ ...

Победа за „Генерација Z“: Учениците од СОУ „Миле Јаневски Џингар“ со најдобра иновативна идеја Во последните два месеци учениците од СОУ „Миле Јаневски Џингар“ активно работеа во рамки на UP SHIFT програмата, преку која четири тима идентификуваа локални проблеми и развија креативни решенија. Работилниците се одвиваа низ шест сесии под водство на проф. Драгица Ангелова и менторот Андреа Угриноска. На финалната презентација одржана на 5 декември 2025 година, жири-комисијата како најуспешен го избра тимот „Генерација Z“ со идејата „Искористи се“ – иновативен спој на машинството и уметноста, преку кој металниот отпад се претвора во уметнички дела. Победничкиот тим ќе го…

ПОВЕЌЕ ...

Кошарката е пред финансиски колапс. Клубовите немаат начин како да функционираат откако Министерството за Спорт не ги исполни своите ветувања кон нив. Немаат добиено ниту денар од предвидените субвенции од кој што живеат спортски субјекти во државата. Последна уплата била во април, оттогаш на адресата на Министерот за Спорт, Борко Ристовски се упатени повеќе апели и остварени средби, но без реализација. Кошарката во Македонија се сплоти по повод ова прашање и одлучи да направи драстичен чекор, да дигне бунт против Министерството за спорт, поточно да не продолжи со сезоната доколку не ги финасиските средства кои се предвидени според законот во…

ПОВЕЌЕ ...

Рано утрово во 02:23 часот е регистриран слаб земјотрес во западниот дел од државата. Според апликацијата за сеизмичка активност, потресот имал јачина од 2,0 степени по Рихтер и бил на длабочина од 15 километри. Епицентарот се наоѓал во регионот меѓу Кичево и селата на планинскиот предел кон Маврово, на координати 41.394°N, 20.872°E, оддалечен околу 80 километри од прикажаната референтна локација. Нема информации за материјална штета или други последици.

ПОВЕЌЕ ...

Општина Крива Паланка денеска во 17 часот со музички хепенинг и забавен спектакл официјално ќе ја осветли новогодишната елка на централниот градски плоштад. Од општината ветуваат забавна програма и старт на една од највпечатливите зимски манифестации во регионот. – Оваа година општината подготви уште посјајно празнично издание и градот ќе блесне во полн сјај со свеченото осветлување на новогодишната елка. Ќе одбројуваме заедно со граѓаните и ќе го осветлиме плоштадот со илјадници светилки што ја најавуваат најубавата сезона од годината. Илјадниците светилки ќе ја претворат Крива Паланка во магична зимска бајка, создавајќи празнична еуфорија и атмосфера што ќе ги воодушеви…

ПОВЕЌЕ ...

Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на свети Методиј, Климент под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, каде му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Во Охрид, свети Климент му подигна црква на свети Пантелејмон. Имаше голем број ученици кои ги препишуваа книгите со словенски букви…

ПОВЕЌЕ ...

Откако Дара Бубамара го испофали неговиот изглед, сега Ана Бекута му даде една забелешка Филип Александровски е роден на 22 јануари 2005 година во Куманово. Негова мајка е Иванка, наша поранешна сограѓанка која повеќе години со сопругот Горан живеат во овој македонски град. Филип го завршил гимназиското образование, а моментално е целосно посветен на пеењето, преку кое ја изразува својата емоција и талент. За себе вели дека е друштвен, упорен и вреден – особини кои му помагаат да истрае на својот музички пат и постојано да напредува. Како свои музички идоли ги издвојува Саша Матиќ и Адил Максутовиќ, чиј стил…

ПОВЕЌЕ ...