Лишен од слобода возач од Македонска Камeница – управувал возило под дејство на алкохол На 29.11.2025 година во 01:15 часот, полициски службеници од СВР Штип на ул. ,,28 Август” во Македонска Каменица, го лишија од слобода Д.В.(34) од Македонска Каменица. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле патничко возило „форд“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал Д.В., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,00 промили алкохол во крвта.
Author: Media Point
Македонска Каменица, 29. Ноември 2025 година – Денеска, ТППЕ Македонска Каменица оствари средба со Питер Грифитс и Бари Малоун од „Операција Флоријан“ во Англија и со Ана Павлова, како претставник на рудникот „Саса“. На состанокот, како што стои во објавеното соопштение за јавност, беше изразена благодарност за досегашните донации и постојаната поддршка што во изминатиот период нашата противпожарна единица ги добива. Разговорот, како што се истакнува во објавата, беше насочен кон тековните потреби на единицата, особено во делот на опрема и возила, како и кон продолжување на досегашната соработка. Од ТППЕ Македонска Каменица информираат дека заедничките активности ќе продолжат со…
Денес го прославуваме Светиот апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте апостоли Христови и автор на првото Евангелие. Живеел во I век и пред повикот Христов бил цариник по име Левиј, презрен од народот како грешник. Но кога Господ го повикал со зборовите: „Појди по Мене“, Матеј веднаш го оставил сè и Го следел – сведочејќи дека вистинската промена започнува тогаш кога човекот искрено ќе го отвори срцето за Бога. Како евангелист, Матеј го запишал животот и учењето на Спасителот со особено внимание кон исполнувањето на старозаветните пророштва. Неговото Евангелие ни ја открива Христовата љубов, смирение и Царството Божјо што…
Шаховскиот клуб „Каменица Саса“ ги известува љубителите на шахот и целокупната јавност, дека утре сабота (29 ноември), од 16:00 часот започнува Градското женско шаховско првенство на Македонска Каменица. – Се повикуваат сите заинтересирани учеснички да се пријават за учество. Пријавувањето за првенството ќе се врши пред самиот почетокот на турнирот или преку контакт со претседателот на клубот, Лазо Стаменковски. Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават, нагласувајќи дека првенството е отворено за сите љубителки на шахот од Македонска Каменица.
Во третото тримесечје од годинава бројот на разведени бракови во споредба со истиот период лани е зголемен, додека бројот на скучени бракови во споредба со лани е намален, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во третото тримесечје од годинава се склучени 3.514 бракови што е намалување за 2,8 проценти во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Од јули до септември годинава регистрирани се и 470 разведени бракови, што, пак, е зголемување од 27,7 проценти во однос на бројот на разводи во овој период лани.
Двајца возачи приведени по две одделни сообраќајки во Македонска Каменица – утврдена висока алкохолизираност Двајца возачи од Македонска Каменица се лишени од слобода во текот на ноќта, откако полицијата утврдила дека управувале возила под дејство на алкохол, при што два одделни сообраќајни несреќи резултирале со нивно приведување. На 26 ноември 2025 околу 23:30 часот, на магистралниот пат А3, на излез од Македонска Каменица, полициски службеници од ПО Македонска Каменица го привеле М.П. (58) од с. Дулица, Македонска Каменица. Тој бил учесник во сообраќајна несреќа, а по проверка било утврдено дека управувал патничко возило „опел“ со високи 2,51 промили алкохол во…
Амбасадорот на Европската Унија Н. Е. Михалис Рокас и тимот од Делегацијата на ЕУ денеска ја посетија Општина Кочани при што остварија одделни средби со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и со Советот на Општина Кочани. На средбата со градоначалникот Грозданов разговараа за моменталната состојба во Општината по преземањето на функцијата, како и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните близу девет месеци по трагичниот настан. Градоначалникот и општинската администрација ги презентираа потребите за развој на градот, со акцент на главните приоритети на Општината во следниот период. Амбасадорот Рокас ја истакна подготвеноста за натамошната соработка за заздравување на Кочани, со…
Се продаваат повеќе парцели земјиште на погодни локации во село Костин Дол, Македонска Каменица. Земјиштето опфаќа пасишта и шума, со различни површини погодни за повеќенаменско користење. Просторот е идеален за поставување на фотоволтаична (соларна) централа, што го прави овој имот дополнително привлечен за инвеститори кои бараат потенцијал за развој на обновливи извори на енергија. За сите дополнителни информации и договор, ве молиме контактирајте го следниов телефонски број: 0038763219969
БЕРОВО: ЗАПОЧНУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА РУШЕЊЕ НА СТАРАТА КИНО-САЛА Надлежните служби ја информираат јавноста дека во наредниот период официјално започнуваат активностите за рушење на постојниот објект – старата кино-сала во Берово. Работите ќе се изведуваат по утврдена динамика, со цел безбедно и навремено завршување на целата постапка. Општината апелира до граѓаните за разбирање и трпение за време на изведбените активности, бидејќи се можни повремени краткотрајни ограничувања и зголемено движење на механизација во околината на објектот. Во рамки на подготовките, контејнерите за отпад што претходно беа сместени зад Домот на културата „Димитар Беровски“ се преместени зад маркетот ДИМ. Оваа мерка е преземена…
Гоце Наумов со награда за промоција на македонската археологија и историја на МФ “Јаков од Камена Река” Македонска Каменица Гоце Наумов докторирал и магистрирал на Филозофскиот факултет во Скопје, кадешто од 2006 година повеќекратно бил ангажиран како стручњак од праксата и демонстратор на Институтот за историја на уметноста и археологија. Од 2017 година е ангажиран како насловен доцент, а потоа и како насловен вонреден професор на Универзитетот „Гоце Делчев“. Од 2015 година е вработен во Н.У. Музеј на Македонија. Во центарот на неговиот научен интерес е предисториската археологија и особено материјалната култура, архитектурата и обредите во неолитот. Раководител е на…
