Author: Media Point
СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 18.11.2025, преку неговиот профил на социјалната мрежа, пријавениот објавил фотографија со која промовирал и поттикнувал омраза и насилство.
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, од онаа страна на Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона ? ја прорече пропаста на Нинивија. Од пророштвото на Јона Нинивјаните се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но со време тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господ…
Започнуваат подготовките за традиционалните Бадникови поворки во Македонска Каменица. Организаторите ги повикуваат сите деца и родители да се приклучат и да учествуваат во празничната подготовка преку песна и дружење. Пробите ќе се одржат во просториите на храмот „Св. Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, со почеток во 15:00 часот, на следните датуми: 16, 18, 23, 25 и 30 декември 2025 година, како и на 3 јануари 2026 година. Бадниковата поворка ќе се одржи на 6 јануари 2026 година, кога учесниците ќе излезат на улиците на градот за заедничко празнично одбележување. Организаторите упатуваат отворен повик за учество до сите заинтересирани…
Македонската претставничка Нела Манческа повторно го привлече вниманието на евровизиската публика. Со својот сигурен настап, моќен вокал и впечатлив сценски изглед, младата талентирана пејачка полека ги освојува симпатиите на фановите ширум Европа пред големото финале на Јуниорската Евровизија во Тбилиси. Денес беше објавено видео од нејзината проба, на кое се гледа дека Нела е подготвена за големата сцена, самоуверена, вокално стабилна и визуелно впечатлива. Нејзиниот настап ветува силна енергија и професионален пристап, иако има само неколку години. Големото финале ќе се одржи во сабота, а на сцената ќе настапат млади таленти од вкупно 18 земји. Гласовите од публиката и жирито…
Safe City? Што ќе се случеше ако казните беа двонасочни? Ако граѓаните можеа да ја казнуваат власта за секој сообраќаен хаос што го создава? Градот е блокиран. Блокиран не од снег, не од невреме, не од протест, туку од сопствените неспособни институции. Секој ден сме сведоци на казни за брзина, за непрописно тргнување, за премин на жолто… И во ред е да има ред. Но, што ако можевме и ние, граѓаните, да возвратиме со истата логика? Замислете двонасочен систем за казни – не само возачите да плаќаат за секоја ситница, туку и власта да сноси одговорност за секоја нивна „дупка“…
На 10.12.2025 година, во НУ „Музеј на националната борба за самостојност“ се одржа промоција на две монументални книги: „Посланија и беседи“ од Архиепископ Доситеј и „Таков Архијереј ни требаше – зборник на трудови во чест на Архиепископот Доситеј“. Книгите се во издание Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а се објавени по повод стогодишнината од замонашувањето на блаженоупокоениот Возобновител на нашата Света Црква. Промотори на книгите беа: Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Свеченоста беше дополнително разубавена со настапот на свештеничкиот хор на Скопската епархија.
Со вкупно над 130 уметници и изведувачи, цели 22 денови, во текот на цел ден со многу песна, забава, подароци, театарски претстави, филмски проекции, промоција на книги, афирмација на локални автори, диџеи, улични забавувачи, пантомима, маскоти и секако задолжителниот Дедо Мраз… Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски заедно со вработените во ЕЛС Делчево, локалните училишта, детската градинка, Јавното комунално претпријатие, ТППЕ Делчево, здруженија на граѓани а пред се во сесрдна соработка со бизнис секторот и стопанството во општината и пошироко, на граѓаните на општина Делчево ќе им подари досега невидена и незаборавна новогодишна магија со содржини за сечиј вкус и…
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 денари и сега изнесува 32,883 денари по килограм. Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат непроменети: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 75 ден/лит ЕУРОСУПЕР БС-98 – 77 ден/лит ЕУРОДИЗЕЛ – 68,5 ден/лит ЕЛ-1 – 66,5 ден/лит.
По кошаркарските и одбојкарските клубови со низа барања до Министерството за спорт! Одбојкарските клубови – членки на ОФМ, доставија соопштение до медиумите во кое покажаа загриженост за спортот и побараа од Министерството за спорт. Клубовите се огласија во врска со актуелните случувања во делот на спортот, имаат обврска да дадат свое мислење и видување околу оваа проблематика. Постои голема загриженост за правецот во кој се движи спортот во целина, опстанокот на спортските клубови и секако развојот на спортот и здравјето на младите. Соопштението на одбојкарските клубови: – Да се исплати ветеното. Ветениот втор дел од субвенциите оваа година воопшто не е…
Над 40 авто-школи под сомнение дека договарале цени за обука Постојат индиции дека 40 авто – школи во земјава договарале цените за обука на возачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во рамки на тековната работа за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата, изврши увид во повеќе авто-школи на подрачјето на Република Северна Македонија, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 авто – школи. При увидот се констатирани индиции кои упатуваат на можност за усогласено однесување на авто школите – картел при формирањето на цените за обука на кандидатите за возачи. „Комисијата…
