Author: Media Point

Акција за чистење на мини депонии долж реката Осојница По пријава од жители на село Јакимово, Општина Виница денеска започна со чистење на мини депонии по течението на реката Осојница, создадени од несовесно одлагање на отпад. Акцијата ќе продолжи и во наредните денови, при што ќе се чистат и останатите речни корита и одводни канали низ целата општина. „Нашата обврска е да ја заштитиме животната средина и да го вратиме природниот изглед на реките. Апелирам до граѓаните да пријавуваат секое несовесно одлагање на отпад, бидејќи за прекршителите ќе следуваат строги казни согласно закон“, изјави градоначалникот Митко Костадиновски. Целата содржина ОВДЕ

ПОВЕЌЕ ...

Три месеци условна казна: Родител од Велес осуден оти му дал електричен тротинет на синот, па детето се повредило Родител од Велес е осуден на условна казна затвор од три месеци затоа што му дал електричен тротинет на својот малолетен син, кој заедно со другар се повредил додека се возеле. Казната е алтернативна – затворот нема да се издржи доколку во наредната година не стори ново кривично дело. Судот во Велес го прогласи родителот за виновен за кривичното дело „Предизвикување на општа опасност“. Според обвинението, настанот се случил на 1 мај годинава, кога електричниот тротинет бил оставен во дворот на…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Виница и Црвениот крст – Виница со Меморандум за соработка Општина Виница и Општинската организација на Црвениот крст – Виница потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зацврстува заедничката заложба за унапредување на хуманитарните, социјалните и општествено корисни активности во локалната заедница. Со документот се воспоставува континуирана и партнерска соработка, насочена кон поддршка на граѓаните и промоција на хуманите вредности. Како прва заедничка активност, на 4 март ќе се реализираат активности по повод одбележувањето на датумот на загинување на Капетан Кирчо Димитриов, во знак на сеќавање и почит кон неговото херојство. Општина Виница и Црвениот крст –…

ПОВЕЌЕ ...

Обвинителот Љупчо Коцевски си поднесе оставка Коцевски се реши на овој чекор кога веќе стана јасно дека владиното мнозинство е цврсто решено да биде отстранет од функцијата Љупчо Коцевски (Фото: Б. Грданоски) Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски утринава пред одржување на седницата на Собранието каде на дневен ред е барањето на Владата за негово разрешување поднесе неотповиклива оставка. Одлуката самиот тој ја соопшти на прес конференција во Обвинителството, а во писмена форма одлуката веќе ја испратил до надлежните институции. Коцевски изгледа се решил на овој чекор кога веќе стана јасно дека владиното мнозинство е цврсто решено да биде отстранет од…

ПОВЕЌЕ ...

Зошто Европа вози 70 км/ч на булевари, а кај нас градот стои во чад? Додека кај нас сите возат со едно око на пат, едно око во камерите и брзиномерите, во Европа луѓето возат нормално. Не затоа што се „попослушни“. Туку затоа што ограничувањата имаат логика. Ова се ограничувањата во Европа Тип на пат Брзина Улица во населено место 50 км/ч Зони со пешаци / училишта 30–40 км/ч Локален пат 70–90 км/ч Магистрален пат 90–110 км/ч Булевар 60–70 км/ч Кружен тек / критична точка 50 км/ч Автопат 120–130 км/ч Булевар ≠ маалска улица, затоа не се вози 50 км/ч! Со…

ПОВЕЌЕ ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ за канонска визитација на Неговото Преосвештенство Епископ г.Марко. На 06.11.2025 година, Неговото Преосвештенство Епископ г. Марко, во согласност со својата духовна и пастирска мисија, изврши канонска визитација во храмовите и манастирите на Делчевско-каменичката епархија. При посета епископот изврши увид во целокупниот напредок и функционирање во новоформираната епархија, а при тоа констатираше на терен што е сработено и направено, но и што треба во иднина да се направи. При посетата, Епископот даде насоки и препораки за унапредување на духовно-пастирската дејност. Тој се консултираше со свештенството за заеднички иницијативи кои ќе овозможат подобрување на условите во храмовите и манастирите, поттикнување на…

ПОВЕЌЕ ...

Според објавата на Општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“ – Македонска Каменица, во текот на декември 2025 година градот ќе биде домаќин на повеќедневна новогодишна културно-забавна програма, која ќе се реализира на Градскиот плоштад и во Домот на културата. Како што информираат од општината и КИЦ „Романса“, програмата ќе опфати настапи на повеќе музички бендови и изведувачи, детски театарски претстави и празнични активности за најмладите, како и поделба на новогодишни пакетчиња со Дедо Мраз. Предвидено е и свечено пуштање на новогодишната елка, додека кулминација на програмата ќе биде дочекот на Новата 2026 година со концерт на Антониа Гиговска.

ПОВЕЌЕ ...

Кочанчанка уапсена со 2,63 промили алкохол во крвта На 14.12.2025 во 20:01 часот на ул.„ВМРО“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода Н.М.(45) од с.Горни Подлог, кочанско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувала, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,63 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучена од сообраќај и задржана во полициска станица.

ПОВЕЌЕ ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С., во својство на директор на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – ПО Делчево, и против М.К., во својство на раководител на сектор во ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ од член 353-в став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот С.С., во својство на директор на ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, во периодот од 2019 до 2023 година, со пропуштање на должниот надзор, постапил несовесно во вршењето на…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов го прими во официјална посета словенечкиот амбасадор Грегор Прескер. Изразувајќи благодарност за досегашната поддршка од Словенија, особено за повредените лица по трагедијата, градоначалникот Грозданов ги истакна потребите на Општината и предизвиците на почетокот од мандатот. Амбасадорот Прескер ги нагласи можностите за учество на претстојни повици за апликации и подготвеноста Словенија да помага за различни приоритети на Кочани. Оваа средба претставува значаен момент во градењето на идната соработка и зајакнувањето на пријателските односи на Кочани со Република Словенија. https://kocani.gov.mk/%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%87%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b0%d0%bc%d0%b1%d0%b0%d1%81%d0%b0%d0%b4%d0%be%d1%80-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b5%d1%80-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%80/

ПОВЕЌЕ ...