Author: Media Point
За тешки дела во сообраќајот, судот задолжително ќе изрекува забрана за возење | Фото: БИРН Новите законски измени не застануваат само на прекршоците, па така предложени се измени во Кривичниот законик. Тие измени допрва ќе се разгледуваат. Одредбите пропишуваат дека за тешки дела во сообраќајот, судот задолжително ќе изрекува забрана за возење – од шест месеци, па сè до десет години. Наместо можност, како досега, тоа ќе биде обврска за судот. И не само тоа. Кривичниот законик му дава можност на судот да го одземе и возилото од сторителот ако сторил кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“, „безобѕирно управување…
Ако не ги ажурирате бројот и имејлот – 100 евра глоба Забраната за управување возило може да трае од еден месец до една година | Фото: БИРН Системот во возачките книшки и негативните поени, кој не беше целосно уреден, со законските измени се доуредува. Од први февруари догодина, возачот што трипати во рок од четири години ќе добие правосилна забрана за управување со возило од иста категорија, ќе остане без возачката дозвола. Судот ќе му ја одземе дозволата, а сторителот на прекршокот нема да смее повторно да полага возачки испит најмалку една година. Откако судот ќе ја одземе возачката дозвола,…
Пратениците ги изгласаа законите потребни за целосно да профункционира системот безбеден град: Законите за возила, за полиција, за извршување санкции и за безбедност на сообраќајот. Останува да ги доусвојат уште измените во Законот за прекршоци, кој е во второ читање. Покрај тоа, предложени се и измени во Кривичниот законик за да се усогласат со пакетот закони поврзани со системот „Safe city.“ Законските измени детално ја уредуваат целата постапка – од констатирањето на прекршокот, до изрекувањето на најстрогите мерки, а доуредуваат и други прашања. Возачите што трипати ќе добијат забрана за возење, ќе останат без возачка дозвола. За неажуриран телефонски број…
Младиот кочански рок бенд „Корка“ ја доби наградата „People’s Choice“ на „Imagine Music Experience“, што се одржа на 14 декември во Брисел, Белгија, информираат од Музичка младина на Македонија (ЈМ Macedonia). Оттаму посочуваат дека бендот доби најмногу гласови од публиката на онлајн гласањето и беше македонски претставник на овој меѓународен натпревар за млади музичари од 13 до 21 година, во организација на „JM International“. Се работи за глобална организација посветена на развојот на младите преку музика и уметност, која ги поддржува младите таленти преку натпревари, едукација, вмрежување и настапи на интернационални сцени. „Ова е прво меѓународно признание за Македонија на…
Се продава двособен стан од 66 м² во Македонска Каменица Се продава убаво распореден двособен стан со површина од 66 м², сместен во Кула бр. 2 во Македонска Каменица. Станот е идеален за удобно живеење на семејство, нуди функционален распоред и погодни услови за живеење. За повеќе информации, Ве молиме, јавете се на: +389 71 610 235
На магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, автомобил „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало од коловозот вчера доцна попладнето. Б.Ќ. починал на местото на несреќата од здобиените повреди, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Граѓаните отсега ќе можат уште полесно да се информираат за степенот на загаденост преку новата мобилна апликација на МЖСПП. Апликацијата е достапна за корисниците на Android и iOS, а линковите за преземање се поставени директно на официјалниот веб-портал. Системот е усогласен со најновите европски стандарди за мерење, што овозможува прецизна споредба на квалитетот на воздухот во Македонија со останатите европски метрополи. Покрај моменталните состојби, новиот систем овозможува и длабински годишни анализи, што е клучно за долгорочно планирање на мерките за заштита на животната средина.
Светата великомаченичка Варвара е една од најпочитуваните светици во Православната Црква. Таа пострадала за христијанската вера на почетокот на IV век, за време на прогоните под царот Максимијан. Варвара била ќерка на богат и угледен човек по име Диоскор, кој бил ревносен паганец. За да ја заштити од надворешниот свет, тој ја затворил во кула. И покрај тоа, Варвара преку размислување за создадениот свет и преку тајни средби со христијани ја познала вистината за Единиот Бог и ја примила христијанската вера. Кога Диоскор дознал дека ќерка му е христијанка, ја предал на властите. И покрај жестоките мачења, таа не…
МВР информира дека вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни ресурси“ по чл.265 од КЗ, ги лишија од слобода И.А.(61) и С.А. (63), двајцата од с. Јакимово, виничко, Д.Т.(66) од Кочани, М.И.(62) и Ј.М.(30), двајцата од Виница. Постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници на пат во атар на с. Калиманци сопреле патничко возило „фиат браво“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А. со сопатници И.А. и Д.Т. и патничко возило „опел вектра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.И. од Виница со сопатник…
Започна санација на ударни дупки и оштетени коловози во Општина Берово Општина Берово започна со активности за крпење на ударни дупки и санација на прокопи на повеќе локации на територијата на општината, со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и квалитетот на секојдневното движење на граѓаните. Со зафатите ќе бидат санирани вкупно 516 метри квадратни оштетен коловоз. „Со оваа интервенција директно ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот и ги подобруваме условите за движење на сите граѓани“, изјави градоначалникот Петар Ружински, додавајќи дека вредноста на договорот изнесува 998.563 денари и средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Берово. Од Општината апелираат до…
