Author: Media Point

Делчево, 22 декември 2025 – Денес во Градскиот парк во Делчево, мајката Радмила Симевска заедно со нејзината ќерка Илина, ќе организираат продажба на домашно приготвени слатки – трилече, толумби, чај, кафе – како и уникатни восочни и гипсени фигури.  Со продажбата на изработените производи, тие ќе покажат што значи вистинска хуманост, бидејќи целата собрана сума ќе биде донирана за чичко Мац (Mac Jedini Dimitrovski), за да му помогнат во неговите потреби. „Сакаме да ја научиме Илина уште од мала дека помагањето на другите е вистинска вредност“, изјави Радмила. Сите граѓани се поканети да се приклучат и заедно да покажат…

ПОВЕЌЕ ...

ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА НА ВИКЕНДИЦА НА КАМЕНИЧКА РЕКА Се продава викендица со површина од 161 м², сместена на мирна и пријатна локација покрај течението на Каменичка Река, на само 800 метри од Македонска Каменица, во месноста Базата. Просторот овозможува удобно живеење, но е подеднакво погоден и за различни деловни или производствени намени. Објектот има чист имотен лист. Располага со пристапен пат, вода и струја. Има природно опкружување и близина до градот, што го прави практичен за секојдневна употреба и развој на активности по потреба. За сите дополнителни информации и контакт, заинтересираните може да се јават на телефон 070 309 720.

ПОВЕЌЕ ...

Денес, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, неговото преосвештенство епископот делчевско- каменички Марко служеше света Божествена литургија, на радост и духовно укрепување на верниот народ. Во својата вдахновена беседа, Владиката Марко го објасни денешното евангелско чтение според Лука (13, 10–17), задржувајќи се на чудесното исцеление на згрчената жена во сабота. Тој истакна дека Христос, иако бил укоруван од книжниците и фарисеите поради строгото држење до законот за саботниот ден, ја покажал вистинската суштина на Божјиот закон – љубовта, милоста и слободата на човекот. Во продолжение, Владиката нагласи дека и ние често живееме „згрчени“ однатре – кога во…

ПОВЕЌЕ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(61) од с.Сарај, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“. Пријавениот, во септември 2024 и во март 2025 година, измамил 42-годишна жена од делчевско ветувајќи дека може да ѝ изработи „амајлија“ со која ќе ги реши семејните проблеми, а за услугата во два наврати зел по 30.000 денари, со што ја оштетил за вкупно за сума од 60.000 денари.

ПОВЕЌЕ ...

МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила и да не се употребува пиротехника Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот во услови на намалена видливост да бидат крајно внимателни при управување на возило. Воедно, апелираме до граѓаните во овој период на предновогодишни забави и семејни веселби, да не седнуваат зад воланот доколку претходно конзумирале алкохол. На територија на СВР Скопје во периодот од 15-20.12.2025 констатирани се 53 сообраќајни незгоди. Сообраќајните контроли продолжуваат со засилен интензитет. Апелираме и до учесниците во патниот сообраќај да бидат внимателни и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да…

ПОВЕЌЕ ...

На 19.12.2025  во 06:40 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во Итната медицинска помош во Кочани,  женa од село Спанчево, општина Чешиново – Облешево, физички нападнала 33-годишна докторка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Известување од МВР

ПОВЕЌЕ ...

На 19 декември 2025 година, во 23:45 часот, во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го привеле М.С. (43), поради агресивно однесување кон полициски службеници додека вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...

Денес во Република Македонија и на северната хемисфера започнува зимата. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото. Денеска е недела, 21-ви декември 2025 година, 355-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 10 дена. Денот ќе биде најкраток, а ноќта најдолга. Денеска Сонцето ќе изгрее најјужно и ќе има најмала височина напладне. Сепак, должината на денот не е иста насекаде на северната хемисфера. Како што одите на север, должината на денот станува пократок и обратно, како што одите кон екваторот, денот станува подолг. Од утре денот полека ќе почне да се зголемува до летната долгоденица, околу 21…

ПОВЕЌЕ ...

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската пустина, каде што се предаде на подвиг на очистување на своето срце од сите светски помисли и желби заради љубовта Божја. Но кога неговите добродетели станаа познати меѓу луѓето, почнаа да му доаѓаат и од него да бараат ослободување од маките. Плашејќи се од човечката слава којашто го помрачува човечкот ум и одвојува од Бога, Патапиј побегна од таа пустина во Цариград. Зашто овој чуден светител мислеше дека…

ПОВЕЌЕ ...

Со стареењето на населението и притисокот врз јавната каса се зголемува, приходите на пензионерите драматично варираат од земја до земја. Прашањето е – кој е најдобро пласиран во своите златни години, пишува Euronews . Пензиите се клучен извор на приход за постарите Европејци, сочинувајќи приближно две третини од нивниот вкупен приход. Сепак, луѓето над 65 години во 28 европски земји добиваат во просек само 86% од просечниот приход на целото население. Според податоците на ОЕЦД, овој сооднос паѓа под 70% во балтичките земји и под 80% во економски силните земји како што се Белгија, Данска и Швајцарија. Според најновите достапни податоци…

ПОВЕЌЕ ...