Author: Media Point
На 15 ноември 2025 година, полициски службеници од СВР Штип реализираа повеќе превентивни активности на подрачјето на Штип, како дел од кампањата „Вози безбедно – стигни сигурно“. Активностите беа спроведени во Централно градско подрачје на Штип, на магистралниот пат Штип-Велес, како и во Виница, Делчево и Македонска Каменица. Главната цел на овие активности беше подигнување на свеста кај возачите за важноста на користење на зимска опрема и правилна подготовка на возилата за зимски услови. Во рамки на превентивната кампања, на возачите им беа делени летоци со корисни совети за безбедно управување на патиштата, а полициските службеници во непосреден контакт им…
Македонија е земја на јазична разновидност како ретко која друга во регионот. Дури и најмалото село чува свој говор, свои зборови и изрази кои се разликуваат од соседното село само неколку километри подалеку. Д-р Веселинка Лаброска, научен советник и редовен професор во Одделението за дијалектологија при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, објаснува дека бројката на дијалекти во Македонија е поразителна и фасцинантна – секое населено место има свој говор, а само во една општина може да се најдат и до 33 различни варијанти. д-р Веселинка Лаброска „Овие дијалекти што се на територија на Македонија не умираат. Тие само…
Нашата млада гимнастичарка Бисера Карова со екипна бронза на Државниот натпревар во Скопје Нашата млада гимнастичарка, Бисера Карова од Македонска Каменица, викендов учествуваше на Државниот натпревар по гимнастика што се одржа во Скопје. Таа настапи во категоријата 5–7 години, претставувајќи го Клубот за гимнастички спортови Кочани, каде што тренира помалку од една година. Екипата од клубот имаше четири натпреварувачки, кои најпрво настапија индивидуално, по што нивните бодови беа сумирани во заеднички резултат. Според конечниот пласман, тимот освои трето место и се закити со бронзен медал во екипна конкуренција. Бисера Карова е ученичка во прво одделение при ООУ „Св. Кирил и…
Во текот на вечерните и утринските часови, како последица на обилните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел, на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар – Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај место Извор, информираат од ЦУК. Оперативниот центар при ЦУК веднаш стапи во контакт со дежурните служби на Македонија пат, кои веднаш се вклучија во отстранување на свлечиштата и одроните кои предизвикуваа опасност по сообраќајот, соопштија надлежните. – Наврнатите количини дожд предизвикаа активирање на нестабилни…
Со расчистување отпадоци и диворастечки растенија на потегот под бул „Македонија“ кај станбените згради во Делчево, започна реализацијата на Кампањата „Се бориме за почист дом: Делчево со нула толеранција за отпад“. Екипи на ЈКП „Брегалница“ со помош на механизација го расчистуваа теренот кој беше доста запуштен и даваше грда слика на транзитниот булевар и во делот од градот каде се сместени голем број јавни институции, а има и голема фреквенција на возила и граѓани. Градоначалникот Гоцевски кој е иницијатор на Кампањата, направи увид во текот на почетните работи. Истакнувајќи го значењето на акцијата, посочи дека како градоначалник, лично ќе ја…
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани започнува: 34 обвинети, вклучувајќи сопственици, поранешни министри и градоначалници, се соочуваат со обвинение за трагедијата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Денеска започнува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинети се 34 лица и три фирми, вклучувајќи сопственици на дискотеката, поранешни министри, градоначалници и инспектори. Пожарот настанал за време на настап на музичката група DNK, кога искрите од пиротехника го запалија таванот. Според обвинението, дискотеката не ги исполнувала минималните технички стандарди за угостителска дејност, ниту…
Собранието ги усвои измените на Законот за данок на додадена вредност, со кои од следната недела сите нарачки од странство со вредност над 22 евра ќе бидат обврзани со 18% ДДВ. Законот ќе стапи во сила осум дена по неговото објавување во „Службен весник“, со што популарните платформи како „Тему“, „АлиЕкспрес“ и другите меѓународни онлајн продавници ќе се најдат под истиот даночен третман како и домашните продавачи. Со измените се укинува досегашното ослободување од ДДВ за мали пратки до 22 евра кога се работи за комерцијални нарачки испорачани од странство. Исклучок ќе останат само мали пратки од некомерцијален карактер –…
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, заедно со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот – Кочани, полициските службеници од ОВР Кочани и Општина Кочани, спроведоа теренска акција на подрачјето на градот и на експресниот пат Штип – Кочани. Целта беше да се потсетат возачите на законската обврска за задолжително носење зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март. Активноста имаше превентивно-едукативен карактер и беше насочена кон безбедното учество во сообраќајот во зимски услови. Возачите позитивно ги прифатија препораките, а службите упатија апел за приспособување на брзината, одржување растојание и внимателно возење. Нагласено беше дека возилата мора…
Општина Виница, во соработка со МВР – ПС Виница, од 1 декември 2025 година ја започнува акцијата „Чиста Општина 2026“, со цел отстранување на хаварисани, напуштени и нерегистрирани моторни и приклучни возила, како и земјоделски машини оставени на јавни површини. Акцијата ќе се спроведува во три фази. Првата фаза, која ќе трае од 1 до 31 декември, опфаќа детектирање на сите локации каде се наоѓаат вакви возила. Во втората фаза, во периодот од 1 до 31 јануари, на возилата ќе бидат поставени налепници со рок за нивно задолжително отстранување. Третата фаза започнува на 1 февруари 2026 година и предвидува изрекување…
Градоначалникот Гоцевски денеска ги потпиша решенијата за исплата на еднократен надомест од Општина Делчево за 91 прваче и 22 новороденчиња во Делчево со вкупен износ на исплата од 376.629 ден и истакна дека целта на оваа поддршка е помош на младите родители во најважните моменти од нивниот живот-раѓање на детето и почеток на неговото школување. -Сепак, вкупниот број на новороденчиња во Делчево за тековната 2025 година изнесува 53 новороденчиња. Како градоначалник, пред сè, како жител на Делчево, овие бројки ме загрижуваат, бидејќи не станува збор само за статистика-туку тоа е огледало на предизвиците со кои се соочуваат младите семејства и…
