Author: Media Point

Македонска Каменица, 26. Декември 2025 година – Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, учениците и наставниот кадар реализираа едукативна иницијатива посветена на циркуларната мода и заштитата на животната средина, со цел подигнување на еколошката свест во локалната заедница. Активностите се реализираа во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, а го спроведуваат Центарот за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives „Nadez“ и Здружението на социјални работници на Македонија. Иницијативата, заедно со учениците, ја спроведе наставничката Марина Василевска Стојановска, во соработка…

ПОВЕЌЕ ...

Следува период на стабилно, но студено време, со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата. Особено студено ќе биде во првите денови од следната седмица, кога на одделни места температурите ќе се спуштат и до -10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во деновите од викендот се очекува да дува засилен до силен северен ветер, кој локално ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.

ПОВЕЌЕ ...

Над 10 илјади турски граѓани побарале македонско државјанство 10.500 турски граѓани побарале македонско држајаванство во изминативе четири години, покажуваат податоците од МВР Зголемувањето на барањата наза македонско државјанство, според МВР се должи на измени на Законот за државјанство во 2021 Бизнис, вработување и образование се причините за миграција на Турци во Северна Македонија Луѓето кои бараат македонско државјанство поради брак со Македонка, по основ на македонско потекло во изминативе четири години вкупно 10 500 турски граѓани побарале македонско државјанство, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи (МВР). Овие луѓе, според МВР, се државјани на Турција кои во македонските институции треба…

ПОВЕЌЕ ...

На 25.12.2025 во 22:30 часот во Полициската станица Делчево, од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен С.А.(54) од Делчево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во привaтна фирма во Делчево. Увид на местото изврши увидна екипа на СВР Штип – ОВР Делчево.

ПОВЕЌЕ ...

Новогодишна и Божиќна Трчанка 2026 во Кочани – радост и празничен дух Кочани ја најавува Новогодишната и Божиќна Трчанка 2026, настан за сите кои сакаат движење, рекреација и празнична атмосфера. Трката ќе се одржи на 4 јануари 2026 година, со почеток во 11:00 часот, стартот е од Градскиот парк во Кочани. Маршрутата се движи по течението на реката кон Брана Градче, со вкупна должина од 10 километри (5 км до браната и 5 км назад). Настанот е целосно рекреативен, со темпо прилагодено за сите – спортисти, рекреативци, велосипедисти и сите кои сакаат да уживаат во движењето и празничниот дух. По…

ПОВЕЌЕ ...

Во врска со десетгодишниот проблем со изградбата на мала хидроцентрала на река Блатешница, добивме соопштение за јавност од Месна заедница Блатец, кое ви го пренесуваме во целост: Проблемите околу хидроцентралата на река Блатешница во Блатец продолжуваат откако на седница на Владата одржана на 03.10. 2025 год. повторно им е продолжен рокот на концесионерите за изградба на хидроцентралата до 07.03.2026 год. Тоа беше аларм за жителите на Блатец повторно да се мобилизираат под паролата „СТОП ЗА ГРАДБА НА ХИДРОЦЕНТРАЛА НА РЕКА БЛАТЕШНИЦА“ и да продолжат со нивната борба која трае веќе десетина години за укинување на оваа концесија. Во изминативе десетина…

ПОВЕЌЕ ...

Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој процес, порача премиерот, Христијан Мицкоски, на денешната промоција на 120 нови полициски возила за потребите на униформираната полиција. Мицкоски им честиташе на вработените во Министерството за внатрешни работи, на министерот и на сите кои го водат ресорот за успешно завршената набавка и проект, нагласувајќи дека со новите возила значително се подобрува мобилноста на припадниците на полицијата. -Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да поддржуваме ваков тип на проекти, порача премиерот и додаде дека очекува…

ПОВЕЌЕ ...

Новогодишниот базар го исполни каменичкото основно училиште со вистинска празнична магија Во топла и пријатна атмосфера, учениците, заедно со своите наставници, родители, баби, дедовци и роднини, уживаа во претпразничните моменти исполнети со позитивната енергија на преубав новогодишен базар во каменичкото основно училиште. Со многу насмевки, смеа и детски џагор, учениците од прво до девето одделение, ги претставија своите преубави новогодишни украси, изработени со многу љубов, труд и креативност. Новогодишниот базар беше прекрасен вовед во претстојните празници и уште еден посебен момент, со силно значење за  училиштето. За целосната фотогалеријас објавена од училиштето кликни ОВДЕ

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, во Инфо-центарот на Пониква, градоначалниците на општините Кочани и Пробиштип, Владко Грозданов и Тони Тоневски, одржаа работен состанок посветен на прашања од јавен интерес поврзани со развојот и унапредувањето на туристичките потенцијали на Пониква. Во фокусот беа природните ресурси и можностите за развој на зимски и планински туризам, со посебен акцент на ски-потенцијалите како клучен фактор за продолжување на туристичката сезона и привлекување посетители во зимскиот период. Градоначалниците истакнаа дека преку зајакната меѓуопштинска соработка ќе се овозможи координиран и одржлив пристап, инвестиции во инфраструктурата и подобрување на пристапноста до Пониква. На состанокот беше нагласена и подготвеноста за заеднички апликации…

ПОВЕЌЕ ...

ДПД Виница доби ново противпожарно возило Доброволното противпожарно друштво Виница доби вредна донација – навално противпожарно возило Mercedes Metz, со што значително се зајакнуваат капацитетите за брза и ефикасна интервенција при пожари и други вонредни состојби. Возилото е донација од Ротари клуб Кочани – Виница. Поддршка во реализацијата на донацијата дадоа и компанијата Ace Auto, која го обезбеди транспортот од Германија, како и Драган Гошевски и Исмаил Асанов, кои со својот ангажман придонесоа за успешно завршување на процесот. Од ДПД Виница посочуваат дека ваквите донации се од големо значење за зголемување на безбедноста на граѓаните и унапредување на системот за…

ПОВЕЌЕ ...