Новогодишниот базар го исполни каменичкото основно училиште со вистинска празнична магија

Во топла и пријатна атмосфера, учениците, заедно со своите наставници, родители, баби, дедовци и роднини, уживаа во претпразничните моменти исполнети со позитивната енергија на преубав новогодишен базар во каменичкото основно училиште.

Со многу насмевки, смеа и детски џагор, учениците од прво до девето одделение, ги претставија своите преубави новогодишни украси, изработени со многу љубов, труд и креативност.

Новогодишниот базар беше прекрасен вовед во претстојните празници и уште еден посебен момент, со силно значење за училиштето.
За целосната фотогалеријас објавена од училиштето кликни ОВДЕ

