Денеска, во Инфо-центарот на Пониква, градоначалниците на општините Кочани и Пробиштип, Владко Грозданов и Тони Тоневски, одржаа работен состанок посветен на прашања од јавен интерес поврзани со развојот и унапредувањето на туристичките потенцијали на Пониква.
Во фокусот беа природните ресурси и можностите за развој на зимски и планински туризам, со посебен акцент на ски-потенцијалите како клучен фактор за продолжување на туристичката сезона и привлекување посетители во зимскиот период.
Градоначалниците истакнаа дека преку зајакната меѓуопштинска соработка ќе се овозможи координиран и одржлив пристап, инвестиции во инфраструктурата и подобрување на пристапноста до Пониква.

На состанокот беше нагласена и подготвеноста за заеднички апликации пред домашни и меѓународни фондови, со цел обезбедување финансиски средства за капитални проекти и позиционирање на Пониква како значајна туристичка дестинација во регионот.

