Author: Media Point

ФА „Осоговски Извор“ од Оризари со две главни награди на МФФ „Есенски плодови“ Фолклорниот ансамбл „Осоговски Извор“ од Оризари беше дел од шестото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Есенски плодови“, кој оваа година се одржа во натпреварувачки карактер. Жири-комисијата меѓу бројните учесници го издвојува ансамблот од Оризари како најуспешен, доделувајќи му прво место и награда за најдобар оркестар. Со тоа, ансамблот се закити со двете највисоки признанија на фестивалот. Од ансамблот истакнуваат дека наградите се потврда за нивниот континуиран труд, посветеност и љубов кон фолклорот, додавајќи дека секој настап е резултат на заедничка работа и вежбање. Честитки за „Осоговски Извор“…

ПОВЕЌЕ ...

Македонското друштво „Заедно – Insieme“ учествуваше на работна средба со претседателката Гордана С. Дафкова во Венеција Денес Македонското друштво „Заедно – Insieme“ учествуваше на работна средба организирана од Генералниот конзулат на Република Македонија во Венеција. На средбата присуствуваше и Претседателката на Република Македонија, што за друштвото претставува голема чест и мотив за уште поголема посветеност во своите активности. „Благодарни сме што бевме дел од овој значаен настан за нашата заедница и за поддршката што ја добиваме од нашата татковина“, истакнаа од друштвото. Настанот ја потврди важноста на одржувањето на врските со македонската дијаспора и поддршката на заедничките иницијативи во Италија.

ПОВЕЌЕ ...

По повод 11 Октомври, градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој ден е симбол на борбата на македонскиот народ за слобода, достоинство и државност. Атанасовски порача дека со почит кон генерациите борци, треба да се продолжи со изградба на просперитетна, стабилна и современа Република Македонија. „Нека е честит и вековит националниот празник — 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ,“ порача градоначалникот.

ПОВЕЌЕ ...

ПЛАНИНСКА ТРКА „ГРАТЧЕ ТРЕИЛ 2025“ ВО КОЧАНИ На 26 октомври 2025 година во Кочани ќе се одржи планинската трка „Гратче Треил 2025“, со старт од Спортско-рекреативниот центар „Бавчалук“ во 10:00 часот. Патеката долга 19 километри со вкупно искачување од 850 метри минува покрај Езерото Гратче, водопадите на Голема Река и селото Црвена Нива, со две окрепни станици на клучни точки од трасата. Котизацијата изнесува 800 денари, а секој учесник добива стартен пакет со медал, освежување, брендиран ранец и чорапи. Регистрациите се отворени до 20 октомври 2025 година преку линкот: Гратче Треил 2025 – trki.mk

ПОВЕЌЕ ...

По повод Детската недела дечињата од градинката „Бамби“ го посетија кабинетот на градоначалникот Атанасовски Во рамки на Детската недела, дечињата од Детската градинка „Бамби“, вчера го посетија градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. Посетата, како што истакна градоначалникот Атанасовски, внесе радост и ведрина во неговиот кабинет, исполнет со детски насмевки и искреност. „Посетата на најмладите каменичани ми го разубави денот. Важно е да продожиме да создаваме услови за нивно среќно детство и квалитетно образование,“ изјави градоначалникот Атанасовски. Децата му подарија рачно изработен подарок, за кој Атанасовски искрено им се заблагодари и им посака добро здравје, многу радост и безгрижни…

ПОВЕЌЕ ...

Успешно реализирана хуманитарна акција по повод 1 Октомври – Меѓународен ден на старите лица По повод одбележувањето на 1 Октомври – Меѓународниот ден на старите лица, успешно беше реализирана хуманитарна акција за детално испитување на крвна слика, наменета за постарите жители на општина Македонска Каменица. Акцијата имаше за цел подигање на свеста за грижата и вниманието кон постарите лица, како и промовирање на превентивната здравствена заштита. Од Здружението на пензионери Македонска Каменица упатуваат искрена благодарност до медицинскиот тим на биохемиската лабораторија при ПЗУ „Акус Медика“ за професионалната соработка, хуманоста и посветеноста при спроведувањето на оваа акција.

ПОВЕЌЕ ...

СЕ ПРОДАВААТ ДВЕ СОСЕДНИ ПАРЦЕЛИ ВО СЕЛО ЛУКОВИЦА Се продаваат две соседни парцели, секоја со површина од 1000 м², сместени на прекрасна локација помеѓу селата Луковица и Косевица, во близина на Македонска Каменица. Одлична позиција со пристап директно на асфалтен пат, со можност за пиклучок на водоводна, канализациона и елетрична мрежа. Од другата страна парцелите граничат со Косевичка река. Истите се наоѓаат во мирна и природна околина, идеална за изградба на куќа, викендица или за инвестирање. Документација: уредна со чист имотен лист. Можност: купување на една или двете парцели Цена: 7,5 евра по м² Контакт телефон: 070 351 580

ПОВЕЌЕ ...

Се бара куќа за купување во Македонска Каменица. Предност имаат објекти кои се наоѓаат во градското подрачје или во поблиските приградски населби. Заинтересираните лица кои продаваат куќа, ве моламе контактирајте на телефонскиот број: +352661155365 (Вибер).

ПОВЕЌЕ ...

Се продава плац, погоден за изградба на објект за домување или викенд куќа, веднаш над Пиштолско маало во Македонска Каменица. Парцелата со к.п бр. 3944, има пристап до пат со можност за повезување на водоводна, канализациона и електрична мрежа. Цена по договор. Ве молиме, повеќе информации побарајте на следнио телефонски број: +389 78 487 165.

ПОВЕЌЕ ...

ВИДЕО: https://www.facebook.com/share/v/17AoTX7JFT/ За сообраќајна несреќа меѓу две патнички моторни возила на експресниот пат Штип – Кочани, на влез во Кочани, јавува штипската телевизија МНет. Според првичните информации, објавени од МНет, има лица кои се со тешки телесни повреди. Експресниот пат од утринава беше во прекин, а возилата се пренасочуваат по стариот регионален пат. Увид се врши од страна на увидна екипа од ОВР Кочани. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

ПОВЕЌЕ ...