Author: Media Point

Српското јавно претпријатие „Патишта на Србија“ упати апел до возачите да не тргнуваат на пат без итна потреба и да бидат особено внимателни во ноќта меѓу сабота и недела, кога се очекува нагло влошување на условите на коловозите. Според предупредување на Републичкиот хидрометеоролошки завод, во ноќта меѓу 3 и 4 јануари се најавуваат врнежи од дожд што ќе замрзнуваат на тлото, додека во северните и источните делови на Србија се прогнозира пообилен снег. Токму комбинацијата на леден дожд и снег е ризикот што најбрзо го претвора патот во клизалиште и ги прави непредвидливи и најкратките релации. Од „Патишта на Србија“…

ПОВЕЌЕ ...

По добиени информации од регионалните центри, како тешко проодни се евидентирани патните правци: Скопје – Тетово, Тетово – Гостивар, Маврово – Дебар, Кичево – Охрид, како и патниот правец Козјак – Скопје, како и повеќе регионални патишта во западниот дел на државата. На единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се пријавени повеќе случаи на заглавени возила, како и едно излетување од пат. Центарот за управување со кризи ги повикува граѓаните да постапуваат одговорно и внимателно и да ги следат препораките на надлежните служби, а за навремена помош и пријава на опасности или итни ситуации да го користат единствениот број…

ПОВЕЌЕ ...

ЈЛБ „Илинден“ Делчево реализираше Бадникова работилница за деца Во пресрет на божиќните празници, Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево реализираше Бадникова креативна работилница за деца. На настанот учествуваа девојчиња кои изработуваа бадникови венци. Изработените венци беа наменети како подароци и симбол на споделување и грижа за другите, со цел поттикнување на солидарност и општествени вредности кај најмладите. Од библиотеката упатија благодарност до сите учесници, посочувајќи дека оваа работилница е прва реализирана активност на ЈЛБ „Илинден“ во 2026 година.

ПОВЕЌЕ ...

Возач од Берово е тешко повреден откако со возило излетал од пат доцна синоќа. – На 01.01.2026 oколу 22:05 часот во ОВР Берово е пријавено дека на регионалниот пат Берово–Делчево, кај с.Смојмирово, патничко возило „киа“ со беровски регистарски ознаки, управувано од З.К.(51) од Берово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип, информираа од полицијата. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Берово.

ПОВЕЌЕ ...

МВР спроведе превентивни активности во Кочани и Берово за безбеден сообраќај Денеска (31.12.2025), полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани во централното градско подрачје на Кочани спроведоа превентивна активност на тема ,,Вози одговорно, секој живот е важен”. Во пресрет на новогодишната ноќ и новогодишните празници на возачите на моторни возила им беше укажано да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколу консумираат алкохол да не управуваат возила бидејќи алкохолот влијае на способноста за управување со моторно возило, а исто така си го загрозуваат сопствениот и животот и на другите учесници во сообраќајот. На 31.12.2025 во…

ПОВЕЌЕ ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новоотворената градинка во Кочани ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, нагласувајќи дека ваквите објекти имаат особено значење за најмладите. Тој посочи дека објектот, кој подолг период бил во подготовка, конечно е ставен целосно во функција и ќе овозможи згрижување и растење на децата во современи и соодветни услови. Мицкоски изрази задоволство што градинката е функционална, исполнета со деца и со вработени кои, како што рече, имаат хумана и одговорна задача. Премиерот упати благодарност до градоначалникот на Кочани, до заменик-министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и до Советот…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, на 2 јануари, се празнува „Свети Игнат“, ден кој во народното верување има посебно значење. Се смета дека од овој ден започнува да се зголемува денот, а со него и новата животна енергија. Според народните преданија, она што ќе го правите или што ќе ви се случува утре, ќе ве следи во текот на целата година. Затоа се верува дека каков ќе биде денот на 2 јануари – таква ќе биде и целата година. Во народот постои и верување дека првиот човек кој ќе влезе во домот носи среќа или несреќа. Ако тоа е млад и ведар човек, се…

ПОВЕЌЕ ...

Кочанец доби кривична пријава за присвојување археолошки наоди од османлискиот период ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.П. (56) од Кочани, сопственик и управител на правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. Според пријавата, во просториите на правното лице биле пронајдени три мермерни плочи, за кои по извршена идентификација од страна на Комисија формирана при Националната установа Археолошки музеј на Република Северна Македонија е утврдено дека претставуваат оригинални археолошки наоди од османлискиот период и се дел од културното наследство. Дополнително, пријавениот, без соодветно овластување,…

ПОВЕЌЕ ...

„Знаеме како боли празното столче“: Потресно писмо од семејствата на загинатите во Кочани до Швајцарија Веста за страотниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, кој однесе најмалку 47 животи, ги отвори старите рани во Кочани. Роднините на загинатите во пожарот во „Пулс“, обединети во Здружението „16-ти март 2025“, испратија емотивно писмо до Швајцарската амбасада, изразувајќи длабока солидарност со семејствата на настраданите. „Ние, семејствата на починатите во пожарот во Кочани, знаеме што значи ненадејно да ти се урне светот. Знаеме како боли кога ќе остане празно столче, кога тишината зборува погласно од зборовите“, стои во нивната порака. Тие истакнуваат дека оваа трагедија…

ПОВЕЌЕ ...

Електричните возила меѓу екологијата и контролата: вистината зад „зелената“ илузија Автор: Дејан Митевски Електричните возила се претставуваат како симбол на иднината: чисти, тивки и „зелени“. Ни се вели дека тие се решението за загадувањето, климатските промени и урбаниот хаос. Но дали е тоа целата вистина или само внимателно спакуван маркетинг? Најголемата заблуда што му се продава на народот е едноставна: ако возилото не троши гориво, тогаш е еколошко. Реалноста е многу покомплексна. Електричното возило можеби нема ауспух, но тоа не значи дека нема еколошки отпечаток. Напротив, загадувањето само е преместено подалеку од очите на потрошувачот. Срцето на секое електрично возило…

ПОВЕЌЕ ...