Author: Media Point

Како што јавуваат одреден број на медиуми од земјава и странство, семејството и пријателите упатуваат итен апел за помош до јавноста по исчезнувањето на младиот Стивен Ивановски во Швајцарија. Стивен последен пат е виден за време на пожарот што избувна на 31 декември во барот „Ле Констелејшн“ (la Constellation) во познатиот зимски центар Кран-Монтана. Според информациите објавени од неговите блиски на социјалните мрежи, Стивен во кобната ноќ бил облечен во бели панталони и бел дуксер (како на фотографиите). Постои можност кај себе да ги има и специфичните очила за сонце кои ги носи на сликите. Апел за помош: Семејството упатува…

ПОВЕЌЕ ...

Италијанското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на информации од локалните власти во Швајцарија, соопшти дека во пожарот што избувна во новогодишната ноќ во зимувалиштето Кран Монтана, загинале најмалку 40 лица, а околу 100 се повредени. Од Министерството информираат дека се проверува дали меѓу загинатите и повредените има италијански државјани. Швајцарските власти сè уште не го потврдија точниот број на жртви. На прес-конференција, шефот на полицијата изјави дека станува збор за неколку десетици загинати, додека истрагата за причините за пожарот сè уште е во тек. Според италијанското министерство, дел од жртвите во моментов не можат да бидат идентификувани поради тешките…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, првиот ден од 2026 година ги посети Територијалната противпожарна единица – Кочани и Одделението за внатрешни работи – Полициска станица – Кочани, каде што на дежурните служби им ја честита Новата година и разговараше за активностите преземени во текот на празничната ноќ. Во ТППЕ – Кочани информираа дека единицата немала интервенции минатата ноќ. Градоначалникот ја искористи посетата да направи увид на возниот парк и да разговара за можните решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваат кочанските пожарникари при интервенциите на терен. Командирот на ПС – Кочани, Горан Миленковски-Спенсер и началникот на Надворешната…

ПОВЕЌЕ ...

Вечерва ги посетив и истовремено им посакав помалку работа на дежурните служби во Виница кои се задолжени за безбедноста и здравјето на граѓаните на Општина Виница за време на новогодишната ноќ. Ги посетив дежурните лица во МВР Виница, Итната медицинска служба, Противпожарната единица, Шумска полиција, Основен суд Виница, дежурните во ЈП Солидарност, Метеролошката станица и во Јавното претпријатие Национални шуми, на кои и подарив скромни подароци и им посакав среќни празници.

ПОВЕЌЕ ...

Во новогодишната ноќ, заедно со претседателот на Советот на Општина Делчево, Д-р Стојменовски и заменик градоначалничката Д-р Илиевска Велковски, ги посетивме дежурните служби од институциите кои се грижат за нашата безбедност, здравје и безбедно движење. Бевме во посета на ОВР Делчево, Граничниот премин Делчево, ТППЕ Делчево и Итната медицинска помош и за прв пат и на дежурните точки во Делчево на „Македонија пат“ и на Царинска управа. Во рамки на посетите доставивме и опрема: 4 душеци, телевизор, компјутер, мал шпорет и специјални светилки, како мал знак на поддршка и внимание за нивната секојдневна работа. Изразив огромна благодарност и искрена почит…

ПОВЕЌЕ ...

Од денес, цената на струјата ќе се зголеми за 2,28 отсто за 85 отсто од домаќинствата во Македонија, што значи повисоки сметки од 57 до 900 денари. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) информираше дека наместо предложеното зголемување од 7,66% од ЕВН Хоме, по спроведени анализи и пресметки, одлучила за значително помали корекции. Па така, наместо предложеното зголемување, РКЕ по спроведените анализи и повторни пресметки, одлучи во првиот блок да има корекција од 2,45 % . Во вториот блок цената ќе се зголеми 2,87 %, а предлог-зголемувањето на „ЕВН хоме“ е 8,54 %. Во третиот блок цената ќе се зголеми…

ПОВЕЌЕ ...

Бугарија го воведе еврото на полноќ, станувајќи 21-ва европска земја што ја користи единствената европска валута. По дваесет години членство во Европската Унија, Бугарија го напушти левотот, својата национална валута од крајот на 19 век, на полноќ по локално време. Последната земја што ја усвои европската валута беше Хрватска на 1 јануари 2023 година. Софија се надева дека ова ќе ги зајакне економските врски со другите земји-членки, но бугарските граѓани стравуваат дека преминот кон новата валута би можел да доведе до нагло зголемување на цените во веќе нестабилен политички контекст. Со влегувањето на Бугарија, земја со население од околу 6,4…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Делегација на Собранието, во состав Емилија Ангелова и Славјанка Петровска, денеска ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје. Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст. Роден е на 3 мај 1917 година во Штип и има активна улога во процесот на осамостојување на државата и нејзиното меѓународно признавање. Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која…

ПОВЕЌЕ ...

На 30.12.2025 во 16:37 часот на експресниот пат Кочани-Штип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода В.А.(48) од с.Трсино, виничко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „поло“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,04 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

ПОВЕЌЕ ...