Author: Media Point

Овој славен и чудотворен светител се роди во градот Солун, од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители, Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му беше војвода солунски, па кога умре, го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко. Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и истребува христијаните што беа во Солун. Но, Димитриј не само што не го послуша царот туку напротив, јавно Го исповедаше и Го проповедаше Христа во градот Солун. Кога слушна за тоа царот Максимијан многу се…

ПОВЕЌЕ ...

Детска смотра на фолклорни ансамбли – Источен регион 2025 во Македонска Каменица Во организација на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија – СОФАМ, во соработка со КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица, на 9 ноември 2025 година (недела) ќе се одржи Детската смотра на фолклорни ансамбли од источниот регион. Настанот ќе се одржи во Домот на култура во Македонска Каменица, со почеток во 15:00 часот. На смотрата ќе настапат десет детски ансамбли од повеќе градови и села од источна Македонија: КУД „Вера Јоциќ“ – Македонска Каменица, ФА „Осоговски извор“ – с. Оризари, Кочани, КУД „Ристо Донев Учителот“ – Штип, ФА…

ПОВЕЌЕ ...

Богослужби по повод празникот Свети Димитриј – Митровден во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Париз Во чест на големиот христијански празник Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Париз ќе се одржат празнични богослужби, информира протоерејот о. Даниел Стојчевски. На сабота, 8 ноември, со почеток во 11:00 часот, ќе се служи утрена богослужба, а сите верници кои имаат колачи и панагии за празникот можат да ги донесат во храмот за осветување. Следниот ден, во недела, 9 ноември, со почеток во 10:30 часот, ќе се одржи света литургија. Отец Даниел упатува топол повик до…

ПОВЕЌЕ ...

Успешно реализирана крводарителска акција во Делчево – собрани 78 единици крв Општинската организација на Црвениот крст Делчево успешно ја реализира редовната ноемвриска крводарителска акција, на која беа собрани вкупно 78 единици крв – нова надеж и можност за спас на многу животи. Акцијата се одржа во просториите на ООЦК Делчево, каде уште еднаш победи хуманоста и солидарноста на граѓаните. Од организацијата упатуваат голема благодарност до сите доброволни крводарители за нивната несебичност и хуман гест. Дарувај крв – спаси нечиј живот!

ПОВЕЌЕ ...

Иницијативниот одбор ги повикува сите граѓани на заедничко чествување на христијанскиот празник Свети Димитриј – Митровден, во сабота, 8 ноември 2025 година, на Магилката во Македонска Каменица. Делењето на славскиот ручек за здравје ќе започне во 14:00 часот. Да се собереме во вера и радост, и заедно да го прославиме овој свет ден.

ПОВЕЌЕ ...

Националната установа Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани подготви разновидна програма на културни настани што ќе се одржат во текот на месец ноември. Првиот настан е закажан за 5 ноември 2024 година во 18 часот, кога ќе биде отворена изложба на дела од Ликовната колонија „Ѓуриште 2024“. Потоа, на 8 ноември во 18 часот, публиката ќе има можност да ја посети изложбата на дела од Меѓународната ликовна колонија „Валандово 2024“. На 13 ноември, исто така во 18 часот, ќе биде отворена изложба на карикатури од Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница Веритас 2024“, што традиционално се одржува во…

ПОВЕЌЕ ...

Отворен повик за нови членови во Детското ликовно студио при Домот на култура „Тошо Арсов“ – Виница Домот на култура „Тошо Арсов“ од Виница објави отворен повик за членови на Детското ликовно студио, наменет за сите млади креативци на возраст од 4 до 18 години. Како што информира директорката на установата, Александра Дациткова, повикот е одлична можност за сите деца и млади кои сакаат да цртаат, да се дружат и да бидат дел од различни ликовни проекти. Во рамките на студиото, учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со различни ликовни техники, да ги развиваат своите таленти и да учат…

ПОВЕЌЕ ...

Ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ во посета на градоначалникот на Делчево Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, денеска во својот кабинет ги прими учениците од петто одделение при ООУ „Св. Климент Охридски“. На средбата, која помина во пријатна и инспиративна атмосфера, учениците имаа можност да се запознаат со работата и одговорностите на градоначалникот, како и со начинот на функционирање на локалната самоуправа. Гоцевски изрази задоволство од нивната љубопитност и активност, истакнувајќи дека токму младите се иднината на градот. „Младоста има предност, а иднината на нашиот град е во овие деца,“ порача тој. Градоначалникот им се заблагодари на учениците за…

ПОВЕЌЕ ...

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје, слично време со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени. Под влијание на серија влажни воздушни бранови од денес во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални…

ПОВЕЌЕ ...

Бозљубени браќа и сестри во Христа воскреснатиот, Со голема духовна радост и благослов Ве известуваме дека во сабота, по повод славниот и чудотворен празник — СВЕТИОТ ВЕЛИКОМЧЕНИК ДИМИТРИЈ – МИТРОВДЕН, во нашиот свет храм ќе се отслужи полиелејна утрена и Божествена литургија. Богослужбен распоред: 07:00 часот – Полиелејна утрена 08:00 часот – Божествена Литургија Да се собереме со вера и љубов во домот Господов, заедно да го прославиме Св. Димитриј – заштитникот на силата, храброста и непоколебливата вера во Бога. Да Му заблагодариме за сите Негови добродетели и да ги принесеме нашите молитви за мир, здравје и благослов во нашите…

ПОВЕЌЕ ...