Author: Media Point

Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилник бр.08-1300/1 од 30.06.2023 година за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани и Одлука бр.08-1447/1 од 24.07.2023 година за измена и дополнување на Правилникот,  Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот: ЈАВЕН ПОВИК             1.Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски, согласно Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица за 2025 година и согласно Правилникот бр.08-1300/1 од 30.06.2023 година за условите, начинот и…

ПОВЕЌЕ ...

Едукативен проект на Рудник САСА за запознавање на најмладите со природните вредности и нивната заштита Рудникот Саса, со група независни автори, издаде книга за најмладите членови на заедницата наменета за нивно запознавање со природните убавини. Целта на книгата „Јасмина низ Осоговските Планини – приказна за запознавање на природните вредности и како да ги заштитиме“ е да се збогати литературата за деца на македонски јазик посветена на проучување на природата, како и да се даде придонес кон градењето на свесноста за потребата од зачувување на животна средина. Книгата, која првенствено е наменета за деца и ученици до петто одделение, претставува едукативно…

ПОВЕЌЕ ...

Се бара куќа за купување во Македонска Каменица! Куќата може да биде во градскиот или приградските делови на Македонска Каменица. Сите заинтересирани за продажба на куќа, можат да ги контактираат заинтересираните лица на следниов телефонски број 070 620 601.

ПОВЕЌЕ ...

Нови засилувања за ФК Каменица Саса во зимскиот преоден рок ФК Каменица Саса продолжува да го зајакнува својот состав со млади и талентирани фудбалери во зимскиот преоден период. Тимот го претстави тројцата нови играчи кои ќе ја зајакнат екипата во претстојните предизвици. Лазе Гичев, 19-годишен голман од Кочани, повторно се приклучува на редовите на Каменица Саса. Гичев е добро познат на клубот, а претходно настапуваше за екипите на Осогово и Слога 1934. Својата кариера ја започнал во школата на Фудбал Старс Кочани и се очекува да внесе сигурност на голманската позиција. Давид Голубов, 18-годишен офанзивец од Скопје, ќе ја засили…

ПОВЕЌЕ ...

Унапредување на водоснабдувањето во село Тодоровци и уредување на јавни површини во Македонска Каменица Македонска Каменица, 27. Јануари 2025 година – Јавното претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица започна со реализација на инфраструктурен проект во село Тодоровци, – изјави градоначалникот Димчо Атанасовски за проектот кој опфаќа поставување на секундарна водоводна мрежа и инсталирање на нови водомерни единици за корисниците во оваа рурална средина. Дополнително, ќе биде поставена и нова водоводна линија која ќе овозможи приклучување на нови корисници. Градоначалникот Атанасовски истакнува дека овие активности се очекува да доведат до значително подобрување на водоснабдувањето во Тодоровци, што директно ќе влијае на…

ПОВЕЌЕ ...

Ловот на дива свиња е завршен, известуваат од ЛД “М.Каменица Саса” – Почнува период на активности за заштита на дивечот и подготовки за новата ловна сезона Македонска Каменица – Ловното друштво „М. Каменица-Саса“ информира дека согласно Законот за ловство на Република Македонија, ловот на дива свиња официјално е завршен. Овој период од годината е од клучно значење за природната репродукција на дивечот, поради што е неопходно да се обезбеди мир во ловиштата. Во претстојниот период, ќе се организираат хајки за отстрел на штетен дивеч, со цел заштита на младенчињата на полезниот дивеч. Дополнително, во месец февруари, ловечкото друштво ќе организира…

ПОВЕЌЕ ...

Во дворот на седиштетето на Делчевско – каменичката епархија, манастирот Св. Богородица Балаклија кој се наоѓа на падините под планината Голак на стотина метри од Делчево, во недела на 26. Јануари беа засадени 80 јавори (ACER NEGUNDО). Повод за оваа акција беа родендените на Миле Ѓорѓијоски, 68 годишен сатиричар и еден од највозрсните членови на ПСК ,,Голак” Делчево кое го славеше 11 роденден и една година од основањето на Делчевско – каменичката епархија. Организаторите на настанот упатуваат благодарност до сите кои учествуваа во засадувањето и прославата, ПСК ,,Голак” Делчево, младинците од Младинската секција при ПСК ГОЛАК Делчево,…

ПОВЕЌЕ ...

ОФС Кочани со поддршка за претседателот Масар Омерагиќ На собранието на ОФС Кочани кое што беше одржано викендов, делегатите и раководството на истото му даде безрезервна поддршка на претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, господинот Масар Омерагиќ. Во тек се редовните собранија на сите Општински фудбалски сојузи кои пак се претходница на Собранието на Фудбалската Федерадија на Македонија кое е закажано во месец март, а сите досега до едно му изразија поддршка на претседателот Омерагиќ. Тој на Собранието во март и официјално ќе биде единствениот кандидат за претседател, а по неговото изгласување ќе му биде доделен и четиригодишен мандат. Извор:…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски говореше пред присутните граѓани во Домот на култура, на отварањето на Манифестацијата за Избор на спортист на годината на Македонска Каменица за 2024 година”. Атанасовски во рамки на манифестацијата додели повеќе признанија на успешни спортисти, спортски работници и спортски екипи. Неговото обраќање ви го пренесуваме во целост: Почитувани сограѓани, Драги спортисти, спортски работници и ентузијасти, Со голема радост и чест вечерва го означувам почетокот на првата манифестација „Спортист на годината на Македонска Каменица“. Овој значаен настан го посветуваме на одбележувањето на спортските успеси кои ја исполнуваат нашата општина со гордост, истакнувајќи го…

ПОВЕЌЕ ...