Продолжуваме со реализација на проектите кои ги ветивме, градскиот парк полека добива нов лик. Денес започнуваме со реализација на проектот ново сензорно осветлување на просторот во градскиот парк и паркинг просторот пред градскиот стадион во Виница, односно осветлување со паметни светилки со лед осветлувачки тела чија моќност се намалува доколку нема движења.
Состојбата со осветлувањето на просторот во градскиот парк и на паркингот пред градскиот стадион е на лошо ниво со стари и дотраени светилки кои се големи потрошувачи на електрична енергија.
Со новото модерно и сензорно осветлување ќе се овозможи поголема енергетска ефикасност, помали загуби на енергија, помало светлинско загадување, поголем животен век на светилките, поголема безбеденост на граѓаниете во вечерните часови и истовремено придонесува во модернизацијата на градот Виница и вовод во тоа што го нарекуваме „паметен град“.


