Author: Media Point
Лишен од слобода делчевчанец осомничен за упатување на закани кон каменичанец На 06 декември 2025 година, околу 21:20 часот, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Б.Р. (59) од Делчево. Приведувањето уследило по претходна пријава од С.М. (46) од Македонска Каменица, кој околу 19:50 часот пријавил дека во домот на Б.Р. во Делчево, по претходна расправија, осомничениот со остар предмет му упатил закани. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Одржано стручното предавање со едукаторот Елвир Чутура од БиХ во организација на „ЕкоКамМед“ Македонска Каменица Македонска Каменица, 06. Декември 2025 година – Здружението на пчелари „ЕкоКамМед“ од Македонска Каменица денеска го реализираше стручното и практично предавање со познатиот едукатор од Босна и Херцеговина, Елвир Чутура. Настанот се одржа во Домот на културата и привлече голем интерес, не само од локалните пчелари, туку и кај пчелари од Кочани, Велес, Делчево, Виница и други градови од регионот. Во текот на предавањето, Елвир Чутура ги разработи двете главни теми посветени на современи пристапи во пчеларството – производството и одгледувањето селекционирани матици, методите за…
До сите кои учествуваа во проектот safe city! Како Словенија го има решено она што кај нас уште не можеме да го разбереме: Булевари со 70 км/ч и вистински Safe City? Во моментов сум во Словенија и морам да кажам — тука Safe City навистина функционира. Не само во делот со надзорот, туку во целокупната организација на сообраќајот. Кај нив, сите булевари се ограничени на 70 км/ч, што е сосема логично за градски магистрали. Брзината се намалува на 50 само пред кружни текови и критични точки, што ја прави возачката динамика природна и предвидлива. Кај школи е 30км/ч. Она што…
На 06.12.2025 во 00:15 часот во Полициската станица Делчево Е.Ј.(50) од Делчево пријави дека од прифатилиштето каде престојувале се оддалечил неговиот внук од сестра Е.Н.(27). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Институциите во Делчево со заеднички чекори против насилството врз жените Во Делчево денес беше испратена силна и обединета порака за спротивставување на насилството врз жените. На работилница организирана од Организацијата ЖЕНА Делчево, претставници на МВР, Здравствениот дом, Центарот за социјални работи, Општинскиот совет, Трудовиот инспекторат и градоначалникот ја истакнаа својата подготвеност за заедничко делување и промовирање на еднаквоста. Зоран Биковски во својата изјава нагласи дека заштитата на жените и борбата против секој облик на насилство бараат единство и континуиран ангажман. Тој подвлече дека е неопходно мажите да бидат охрабрени да преземат активна улога како заштитници и поддржувачи на жените во…
Општина Делчево и Црвениот крст потпишаа Меморандум за унапредување на хуманитарните и волонтерските активности Општина Делчево и Општинската организација на Црвениот крст Делчево денес го потпишаа Меморандумот за соработка, со кој двете страни формализираат заеднички активности насочени кон јакнење на хуманите, општествените и волонтерските програми во локалната заедница. Документот беше потпишан од градоначалникот Иван Гоцевски, во присуство на претседателката на организацијата, Билјана Ѓеоргиевска, и секретарот Ивана Ангеловски. Со меморандумот се предвидува координирано делување во повеќе клучни области: крводарителството, обуките за прва помош, здравствено-превентивните програми, подготвеноста и реакцијата при катастрофи, како и промоцијата на волонтерството, хуманите вредности и меѓународното хуманитарно право.…
Амбасадорот на Шведска, Н. Е. Ола Сулстром денеска оствари официјална средба со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов. На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба во која се наоѓа Општината, како и за реализацијата на проектите што се спроведуваат со поддршка од Шведска. Градоначалникот Грозданов изрази искрена благодарност за континуираната поддршка што Шведска ја обезбедува за Кочани, особено за брзата и значајна помош веднаш по трагедијата на 16 март, како и за реализираните средби и психосоцијални активности што следеа во периодот по настанот со делегација од Гетеборг, во која беа и преживеани од пожарот во 1998 година во дискотека…
ОДРЖАНА КО-ДИЗАЈН РАБОТИЛНИЦА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ГРАДСКИОТ ПАРК ВО ВИНИЦА Во Општина Виница на 04 декември 2025 година се одржа ко-дизајн работилница посветена на уредување и подобрување на Градскиот парк, како дел од програмата URBACT Pioneers Accelerator. Целта на работилницата беше заедничко дефинирање решенија за создавање инклузивни, безбедни и функционални јавни зелени простори. Работилницата ја водеше Билјана Радоњанин, URBACT локален ментор за Македонија, а активно учество земаа граѓани, млади, претставници на институции и организации. Тие ги споделија своите идеи, потреби и предлози за подобрување на просторот, со што процесот доби силна заедничка димензија. На почетокот беше презентирано кратко резиме од…
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЛОВЦИТЕ НА ЛОВИШТЕТО „ВРАТИСЛАВЦИ“ Ловното друштво „М. Каменица – Саса“, концесионер на ловиштето бр. 5 „Вратиславци“, ги известува сите ловци со важечка ловна карта за сезоната 2025/26, како и ловците од соседните ловишта, дека по извршен отстрел на дива свиња мора да се почитуваат утврдените обврски и процедури. По секој застрел е задолжително, случајот да се пријави кај ловочуварската служба и да се земат, т.е. предадат потребните мостри: цела слезина (слеска), крв и парче дијафрагма. Од службата нагласуваат дека сите ловци кои не се запознаени со начинот на земање на мострите може да се обратат за дополнително…
ИЗЛОЖБА НА „ЧАСОСЛОВ“ ОД ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА ОТВОРЕНА ВО МУЗЕЈОТ НА АРМ ВО ТЕТОВО Вчера, четврток, 04 декември 2025 година, во Музејот на АРМ во Тетово беше отворена изложбата на избрани страници од книгата „Часослов“ од Јаков од Камена Река. На публиката ѝ беа претставени 39 панели, подготвени во превод од црковнословенски на македонски јазик од епископот делчевско-каменички г. Марко, со графички дизајн на Ласко Џуровски. Изложбата ја отворија директорката на музејот Кристина Томовска Ристовска и директорот на фестивалот Миле Ѓорѓијоски. На настанот свои обраќања имаа и Гоце Панговски, годинешен добитник на наградата за промоција на македонската историја во…
