ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЛОВЦИТЕ НА ЛОВИШТЕТО „ВРАТИСЛАВЦИ“
Ловното друштво „М. Каменица – Саса“, концесионер на ловиштето бр. 5 „Вратиславци“, ги известува сите ловци со важечка ловна карта за сезоната 2025/26, како и ловците од соседните ловишта, дека по извршен отстрел на дива свиња мора да се почитуваат утврдените обврски и процедури.
По секој застрел е задолжително, случајот да се пријави кај ловочуварската служба и да се земат, т.е. предадат потребните мостри: цела слезина (слеска), крв и парче дијафрагма.
Од службата нагласуваат дека сите ловци кои не се запознаени со начинот на земање на мострите може да се обратат за дополнително појаснување.
Како концесионер и спортско ловно друштво, ЛД „М. Каменица – Саса“ апелира до сите учесници во ловот да ги почитуваат законските регулативи – задолжително носење сигнална облека, редовна проверка на исправноста на оружјето и негова употреба само кон јасна и безбедна цел.
Друштвото потсетува дека ловечката култура и дисциплина се клучни за безбеден и одговорен лов.
Добар поглед!
ЛД „М. Каменица – Саса“

