Author: Media Point
ПЛАНИНСКА ТРКА „ГРАТЧЕ ТРЕИЛ 2025“ ВО КОЧАНИ На 26 октомври 2025 година во Кочани ќе се одржи планинската трка „Гратче Треил 2025“, со старт од Спортско-рекреативниот центар „Бавчалук“ во 10:00 часот. Патеката долга 19 километри со вкупно искачување од 850 метри минува покрај Езерото Гратче, водопадите на Голема Река и селото Црвена Нива, со две окрепни станици на клучни точки од трасата. Котизацијата изнесува 800 денари, а секој учесник добива стартен пакет со медал, освежување, брендиран ранец и чорапи. Регистрациите се отворени до 20 октомври 2025 година преку линкот: Гратче Треил 2025 – trki.mk
По повод Детската недела дечињата од градинката „Бамби“ го посетија кабинетот на градоначалникот Атанасовски Во рамки на Детската недела, дечињата од Детската градинка „Бамби“, вчера го посетија градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. Посетата, како што истакна градоначалникот Атанасовски, внесе радост и ведрина во неговиот кабинет, исполнет со детски насмевки и искреност. „Посетата на најмладите каменичани ми го разубави денот. Важно е да продожиме да создаваме услови за нивно среќно детство и квалитетно образование,“ изјави градоначалникот Атанасовски. Децата му подарија рачно изработен подарок, за кој Атанасовски искрено им се заблагодари и им посака добро здравје, многу радост и безгрижни…
Успешно реализирана хуманитарна акција по повод 1 Октомври – Меѓународен ден на старите лица По повод одбележувањето на 1 Октомври – Меѓународниот ден на старите лица, успешно беше реализирана хуманитарна акција за детално испитување на крвна слика, наменета за постарите жители на општина Македонска Каменица. Акцијата имаше за цел подигање на свеста за грижата и вниманието кон постарите лица, како и промовирање на превентивната здравствена заштита. Од Здружението на пензионери Македонска Каменица упатуваат искрена благодарност до медицинскиот тим на биохемиската лабораторија при ПЗУ „Акус Медика“ за професионалната соработка, хуманоста и посветеноста при спроведувањето на оваа акција.
СЕ ПРОДАВААТ ДВЕ СОСЕДНИ ПАРЦЕЛИ ВО СЕЛО ЛУКОВИЦА Се продаваат две соседни парцели, секоја со површина од 1000 м², сместени на прекрасна локација помеѓу селата Луковица и Косевица, во близина на Македонска Каменица. Одлична позиција со пристап директно на асфалтен пат, со можност за пиклучок на водоводна, канализациона и елетрична мрежа. Од другата страна парцелите граничат со Косевичка река. Истите се наоѓаат во мирна и природна околина, идеална за изградба на куќа, викендица или за инвестирање. Документација: уредна со чист имотен лист. Можност: купување на една или двете парцели Цена: 7,5 евра по м² Контакт телефон: 070 351 580
Се бара куќа за купување во Македонска Каменица. Предност имаат објекти кои се наоѓаат во градското подрачје или во поблиските приградски населби. Заинтересираните лица кои продаваат куќа, ве моламе контактирајте на телефонскиот број: +352661155365 (Вибер).
Се продава плац, погоден за изградба на објект за домување или викенд куќа, веднаш над Пиштолско маало во Македонска Каменица. Парцелата со к.п бр. 3944, има пристап до пат со можност за повезување на водоводна, канализациона и електрична мрежа. Цена по договор. Ве молиме, повеќе информации побарајте на следнио телефонски број: +389 78 487 165.
ВИДЕО: https://www.facebook.com/share/v/17AoTX7JFT/ За сообраќајна несреќа меѓу две патнички моторни возила на експресниот пат Штип – Кочани, на влез во Кочани, јавува штипската телевизија МНет. Според првичните информации, објавени од МНет, има лица кои се со тешки телесни повреди. Експресниот пат од утринава беше во прекин, а возилата се пренасочуваат по стариот регионален пат. Увид се врши од страна на увидна екипа од ОВР Кочани. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Легендарниот босански пејач Халид Бешлиќ почина денес на 72-годишна возраст, пренесуваат босанските медиуми. Бешлиќ во изминатиот период се лекувал на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (KCUS) поради здравствени проблеми со кои, за жал, не успеал да се избори. Проблемите започнале пред неколку месеци, кога пејачот почувствувал нарушување на здравствената состојба за време на концерт во Бања Лука, по што бил итно хоспитализиран. Минатиот месец бил префрлен на одделот за онкологија, каде продолжил со лекување. Неколку недели пред неговата смрт, Халид објави песна посветена на својата сопруга Сејда, која често ја споменуваше како свој најголем животен и професионален ослонец. Бешлиќ…
Македонската амбасада во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката, додваат од МНР Починатиот македонски државјанин пронајден во Љубљана е од Кочани, потврди македонското Министерство за надворешни работи. Како што додаваат оттаму, блиските на починатиот веќе се известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција. „Ве информираме дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во…
ЈП „Камена Река“ започнува со редовно чистење на оџаците во колективните станбени објекти во Македонска Каменица Македонска Каменица, 06. Октомври 2025 година – Со цел спречување на можни пожари и зголемување на безбедноста во станбените објекти, Јавното претпријатие „Камена Река“, во зависност од временските услови, во следните денови ќе започне со редовно чистење на оџаците во зградите за колективно домување во Македонска Каменица. Претпријатието упатува известување со апел до граѓаните да ги почитуваат насоките и препораките дадени од службите на ЈП „Камена Река“. Се известуваат станарите дека: Доколку не сакаат да се изврши чистење на оџаците во нивната зграда, потребно…
