Македонска Каменица, 03. Декември 2025 година – Јавното претпријатие „Камена Река“ информира дека денеска, ќе има привремен прекин на водоснабдувањето во повеќе делови од Македонска Каменица поради дефект на главната водоводна линија на улицата „Каменичка“.
Без вода ќе останат корисниците на улиците „Илинденска“, „Македонска“, „Осоговска“, „Руенска“, „Езерска“, „Самоилова“, „Рударска“, „Александар Македонски“, „Долна Река Каменичка“, „Гоце Делчев“, како и жителите на Сарафска маала. Прекинот започнува во 08:00 часот. Според претпријатието, ќе трае „сè додека дефектот не биде целосно отстранет“.
„Нашите екипи веќе се на терен и работат со зголемен интензитет за нормализирање на состојбата во најкраток можен рок“, – велат од ЈП „Камена Река“
Од претпријатието апелираат на разбирање од граѓаните, истакнувајќи дека во целост ги разбираат непријатностите за непријатностите што ги носи ваквиот прекин и упатуваат благодарност на сите жители за трпението и соработката додека траат активностите за санација“.
ЈП „Камена Река“ ќе продолжи навремено да ја информира јавноста за текот на работите и за повторното воспоставување на редовното водоснабдување.

