Пронајдени сторителите за оштетувањето на градскиот тоалет и урбаната опрема во Македонска Каменица
По оштетувањето на градскиот тоалет и дел од урбаната опрема во Македонска Каменица, извршено на 29 ноември 2025 година од тогаш непознати сторители, полицијата презеде соодветни оперативни мерки и активности.
Според информациите надлежните, сторителите се идентификувани. Против нив ќе бидат преземени соодветни законски мерки, а штетата ќе биде надокнадена.


