Победа за „Генерација Z“: Учениците од СОУ „Миле Јаневски Џингар“ со најдобра иновативна идеја
Во последните два месеци учениците од СОУ „Миле Јаневски Џингар“ активно работеа во рамки на UP SHIFT програмата, преку која четири тима идентификуваа локални проблеми и развија креативни решенија. Работилниците се одвиваа низ шест сесии под водство на проф. Драгица Ангелова и менторот Андреа Угриноска.

На финалната презентација одржана на 5 декември 2025 година, жири-комисијата како најуспешен го избра тимот „Генерација Z“ со идејата „Искористи се“ – иновативен спој на машинството и уметноста, преку кој металниот отпад се претвора во уметнички дела.
Победничкиот тим ќе го претставува училиштето на Саемот за иновации во Струмица од 17 до 19 декември, каде учениците ќе имаат можност да го покажат своето решение и пред институции и локални претставници.
Честитки за „Генерација Z“ и признание за сите ученици кои покажаа креативност, посветеност и подготвеност да создаваат решенија за својата заедница.


