Author: Media Point

Македонска Каменица, 12.04.2018 – Преговорите меѓу раководството на рудникот САСА и синдикатот започнаа вчера попладне, со состанок што се одржа во седиштето на МЕСО – Мултиетничкиот синдикат на образованието во Скопје, во присуство на претседателот на овој синдикат, Драге Јовановски. На состанокот беше констатирано дека се исполнети сите предуслови за почеток на процесот, а беше договорен и составот на двата преговарачки тима. Синдикалниот тим го сочинуваат претставници од редот на вработените во САСА, номинирани од страна на МЕСО. Од сите присутни на состанокот беше искажана надеж дека овој процес ќе заврши со конкретен резултат од кој ќе бидат задоволни вработените…

ПОВЕЌЕ ...

Режисерот Александар Поповски ќе ја снима играната серија во неколку епизоди, а Агенцијата за филм ќе ја финансира со 19 милиони денари (308.943 евра) Култната детска книга што со децении се чита во прво одделение – „Зоки Поки“ од Оливера Николова ќе стане играна серија. Агенцијата за филм го поддржа снимањето на оваа серија со 19 милиони денари (околу 308.943 евра). Серијата ќе ја сними продукцијата „Кино око“, а ќе ја режира Александар Поповски. Лектирата „Зоки Поки“ е напишана пред 55 години. Управниот одбор на Агенцијата го поддржа и снимањето на документарните серии: „Европски приказни“ во режија на Марко Ѓоковиќ…

ПОВЕЌЕ ...

Најава за ново поскапување на нафтените деривати во малопродажба сигнализираат цените на суровата нафта на берзата во Лондон. За една недела, цените се повисоки за околу 1,3 долари по барел во споредба со цените од минатите две недели, кога регулаторот ја формираше актуелната малопродажна цена. За очекување е во текот на оваа недела цената на барел нафта да отиде и над границата од 70 долари за барел. Доколку тоа се случи, извесни е дека регулаторот ќе направи значителна корекција која би одела и над 2 денари по литар. И во моментов цените на нафтените деривати се прилично високи. 95 октанскиот…

ПОВЕЌЕ ...

Децата од 1 до 3 одделение може да имаат најмногу 4 училишни часови во текот на денот, предвидува новиот закон за основно образование кој денеска го презентира Министерството за образование и наука. Според него, работни саботи веќе нема да има а ќе се остави простор за 5 дена помалку настава доколку за тоа се укаже потреба. Наместо досегашните минимум 180 работни денови годишно, бројката ќе се спушти на 175. Учениците од 4 до 6 одделение ќе може да имаат неделно најмногу 25 часа, а оние од 7 до 9 одделение ќе имаат најмногу до 30 часа Со закон ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Во периодот што доаѓа Facebook планира да воведе една нова опција преку која сите корисници ќе можат да ги избришат своите пораки што ги пратиле преку апликацијата Messenger, а истите ќе бидат отстранети и кај лицето за кои биле наменети овие пораки. Откако пред неколку дена излезе информацијата дека друштвената мрежа има избришано дел од пораките кои Марк Закерберг и уште неколку директори ги имаат испраќано кон одредени корисници, TechCrunch пренесува дека од компанијата најавиле дека истата опција ќе ја овозможат и за сите останати корисници. Од компанијата најавуваат дека на сите корисници е им биде дозволено да ги избришат…

ПОВЕЌЕ ...

Каменица.Мк продолжува со објавување на веќе снимени материјали со познати и помалку познати ќеменџии од каменичкиот крај. Проследете го видеото од овековечениот прекрасен звук на ќеменето, надополнето со различните анегдоти и случки поврзани со дружењето со овој прекрасен народен инструмент создаден од Левка и Киро од Македонска Каменица: https://www.youtube.com/watch?v=kI5-zBsDxsY

ПОВЕЌЕ ...

Целиот плод од јагодите содржи 90% вода. Тие имаат малку калории, богати се со јагленохидрати, посебно со влакна. Без оглед што вкусот им е благ тие не содржат многу овошни шеќери. Во себе содржат големи количества на витамин Ц кој го зајакнуваат имунитетот и извонреден е антиоксиданс. Исто така во јагодите е присутен и витамин К, фолна киселина, магнезиум и калиум. Поради фактот што јагодите содржат фолна киселина, тие го помагаат забременувањето и ја намалуваат депресијата. Докажано е дека јадењето на јагоди директно влијае и во заштитата од рак. Ова слатко овошје содржи и антиоксиданси, кои помагаат против стареење. Јагодите…

ПОВЕЌЕ ...

Легендарниот пејач на „Парни валјак“ Аки Ракимовски доживеал мозочен удар па сите концерти на популарниот бенд се откажани за понатаму. Претставници за медиумите на оваа група соопштиле: „Драги наши, за жа, принудени семда ги откажеме сите концерти за понатаму. Аки Ракимовски имаше лесен мозочен удар, и иако сега се чувствува подобро, треба некое време да се сконцетрираме на опоравувањето. Многу сериозно ја сфаќаме својата работа и со незадоволство разочаруваме илјадници од вас кои толку се радувавте на концертите, но здравјето на Аки сега е на прво место. Соопштението е објавено на официјалните страни на хрватскиот бенд на Инстаграм и…

ПОВЕЌЕ ...

Пожар на влезот во индустриската зона на магистралниот пат Струмица- Радовиш, на клучката кај селото Василево избувна денеска. Според непотврдени информации, гори салон за мебел. Во близина на салонот се наоѓа и бензиска пума која засега не е зафатена од огнот. Огнените јазици и црниот чад можат да се забележат од огромна далечина. Неколку возила на противпожанатра единица од Струмица го гаснат пожарот, а засега патот кај клучката за Василево е прооден. 

ПОВЕЌЕ ...