Author: Media Point

До крајот на мај годинава треба да завршат преговорите за потпишување колективен договор со Шумската полиција. Како што соопшти Министерството за земјоделство, на денешната средба со претставници од Шумската полиција станало збор и за евиденцијата на прекувремени работни часови кои ќе се докажуваат со записници за одземање предмети и средства. Се отворило и прашањето за материјало-техничките услови за работа на Шумската полиција, при што е договорено таа да има активна улога во измените и дополнувањата на Законот за шуми. – Се дискутираше за постапката пред другите надлежни органи, со што ќе се увиди потребата од прекувремени часови. Се очекува до…

ПОВЕЌЕ ...

Русија и се’ е можно! Ако мислевте дека сте виделе се’ на фудбалските терени, тогаш сте се излагале. Викендов на еден од терените во третата фудбалска лига во Русија, голема кафеава мечка означи старт на натпреварот помеѓу екипите на Машук и Ангушт Назран. Мечката потоа ја разбуди и публиката. Погледнете:

ПОВЕЌЕ ...

„И натаму бараме во 2018 година зголемувањето на платите да биде 15 отсто, и тоа нема да го потпишеме“, вели д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на клиничките центри.   Медицинските сестри од Клиничкиот центар ќе добијат зголемување на надоместот за ноќен труд за 160 денари. Самостојниот синдикат на клиничките центри, каде најмногу членуваат медицински сестри од скопските клиники, но и медицински сестри од болниците во Тетово, Куманово, Бардовци, Кичево, Струга, денес го прифати предлогот на Министерството за здравство за зголемување на коефициентот на ноќниот труд на медицинските сестри од 0,29 на 0,50. Д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот…

ПОВЕЌЕ ...

Со измени на Законот се предвидуваат нови давачки за спортските обложувалници кој за еснафот се порака дека Владата сака да му стави крај на обложувачкиот бизнис во Македонија. Државата планира со новиот закон да го задолжи обложувалниците покрај актуелните давачки да плаќаат дополнителни 1600 евра за секое уплатно место, што според Асоцијацијата на спортски oбложувалници е огромна давачка која ќе ги зголеми месечните давачки за 35 до 40%. Паралелно со воведувањето на новата давачка, во предлог-законот се предвидува двојно до тројно зголемување на давачките за лиценци со воведување на принцип на дополнителни лиценци за секои нови 50 уплатно-исплатни места, зголемување…

ПОВЕЌЕ ...

На социјалните мрежи се појави интересен оглас во кој момче си бара придружничка за да ја носи на одмор на Канарските Острови. Причината за тоа е од инает на „бившата“ девојка. Вели дека за одморот ќе плател сè, целиот аранжман, од авионски билет до пансион и 400 евра џепарлак. Вмровките не ги сакал оти не сакал на одморот патриотски муабети, а најдобро би било девојките што ќе се пријават да бидат од Прилеп и Битола. Сеедно дали огласов е пуштен како шега, сепак ги собра симпатиите следбениците на „Фејсбук“. ​извор: репортер.мк

ПОВЕЌЕ ...

Вчера во 14.00 часот било пријавено дека во нива во село Усје, скопско, С.С. (47) од село Усје, го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз лицето Л.С. (59) од истото село. Додека Л.С. работела во нивата заедно со нејзиниот сопруг, а алиштата ги ставила на столбовите од лозјето на С.С.. Таа (С.С.) ги фрлила алиштата и започнала со клешти да ја удрира Л.С. во пределот на главата по што и нанела видлива повреда. После тоа, ја турнала на земја и почнала со раце да ја дави. По целосно документирање на случајот против С.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...

Гери Френк е метеоролог кој го презентира извештајот за временската прогноза на ТВ-каналот Fox 17. Неговите колеги од ТВ-станицата, како и бројни граѓани на Мичиген, не можат да дочекаат да стигне потопло време и негодуваат кога Френк ќе им каже дека ги очекува уште една дождлива недела со ниски температури што не се вообичаени за овој период од годината. Видно изнервиран поради тоа, Френк пред неколку дена наместо вообичаениот извештај за времето „одлепи“ пред ТВ-камерите и почна жестоко да им приговара на колегите дека не е тој виновен што времето е лошо. „Што е? Сакате да ве лажам дека ќе биде…

ПОВЕЌЕ ...

Мотел “Мерак”, реномиран ресторан кој се наоѓа на само 3 км од Македонска Каменица, во село Луковица, има зголемена потреба од персонал: келнери/ки и работници за во кујна – кувари/ки. Од Мотел “Мерак” нудат одлични услови за работа и солидни месечни примања. Заинтересираните лица за подетални информации можат да се јават на телефонскиот број 075 354 506 или за разговор да се обратат директно во Мотел “Мерак”. (ПРОМОТИВЕН ТЕКСТ)

ПОВЕЌЕ ...

Утре во Делчево ќе се одржи третото коло од Првата и Младинската бокс лига на Македонија. Домаќин на колото е екипата на Тигар МБМ. Мерењето ќе трае од 9.30 до 10.30 часот, а борбите ќе се одржат со почеток од 15 часот. Пелистер од Битола и Тигар МБМ од Делчево се водечки екипи во сениорска конкуренција, додека прилепски Ас е на чело во младинска конкуренција пред екипата на штипски Пинк Пантер.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 14 Април 2018 година – Општина Македонска Каменица ги известува жителите на м.в. Павлишдол дека поради отклонување на дефект од трафостаница, уличното осветлување на тој реон нема да биде во функција во периодот од 13 до 15 Април. На остранувањето на дефектот ќе работат службите на “ЕВН Македонија”. Ви благодариме на разбирањето. Општина Македонска Каменица

ПОВЕЌЕ ...