Author: Media Point

Денеска попладне во скопската населба Чаир беше нападната и беше пукано во пробавачка во маркет. На една од безбедносните камери се гледа како напаѓачот прво ја турка жената, а потоа со пиштол и пука во нога. Таа е префрлена во болница, а полицијата трага по сторителот. Видеото е објавено од TV21. https://www.youtube.com/watch?v=RfpZcsL-nAI

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 14 Април 2018 година – Женската екипа на УСК „Каменица Спорт“ од Македонска Каменица останува непоразена екипа во натпреварувањата од Државната училишна кошаркарска лига. Тие во текот на изминатите денови остварија две нови победи. Првата против екипата на „Васил Антевски Дрен“ од Скопје која ја совладаа со високи 42:29, а втората победа ја остварија против екипата на „Коста Сусинов“ од Радовиш со 39:12. Државната училишна лига е натпреварување во кое претежно учествуваат средните училишта од државата. УСК „Каменица Спорт“ од Македонска Каменица, успешно се натпреварува во овој училишен спорт како претставник на среното училиште од нашиот град СОУ…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 14 Април 2018 година – После подолг период навивачката група на ФК САСА повторно организирано се враќа на трибините од градскиот стадион во Макдонска Каменица. „Багери“ во пресрет на денешниот натпревар против водечката ФК Беласица – Струмица имаат собир во центарот на градот, од каде организирано ќе се упатат кон трибините од градскиот стадион во Македонска Каменица. Оваа навивачка група има повеќе децениска историја, своевремено броеше и над 400 членови, а особено беше активна во 90-те години кога ФК САСА се натпреваруваше во Првата македонска лига. Интересот за фудбалот во Македонска Каменица се враќа на голема врата, откако САСА…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица започна со изградба на нова улица од централното градско подрачје. Улицата Пере Тошев, која е крак од улица Осоговска, ќе биде со должина од 140 метри и со тротоари широки 1.5 метри. Цената на договорот за изградба на оваа улица од централното градско подрачје на Македонска Каменица е 2.024.388,50 денари. Во овој дел од централното подрачје започнува и изградбата на пракинг простор со површина од 1.590 м2, со цел трајно да се реши проблемот со паркинг места на жителите од околните згради. Цената на договорот за паркинг просторот е 2.953.272,45 денари. Фирма изведувач на двата објекти е…

ПОВЕЌЕ ...

Дел од цигарите се продаваат поскапо. како што вчера објави Пресс24, сега за кутија Марлборо треба да платите 110 наместо досегашните 100 денари, или тоа се 10 денари повеќе од кутија за пушачите. Како што пишува Фактор, во продавниците сега може да купите Ронхил поскапи за 5 денари, а нова цена се очекува и на Вест. – “Да, имаме нови цени за цигарите. Пред еден ден ги внесовме во систем и веќе се продаваат по повисоки цени, корекцијата  е засега е само кај одредени видови на цигари“ – вели вработена во еден од скопските трговски маркети, за Фактор. Последното поскапување се случи лани,…

ПОВЕЌЕ ...

Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против О.А. (36), полициски службеник од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Пријавениот во периодот од февруари до април 2018 година, во два наврати, на И.Р. од Кочани, за сума од 11.000 денари му продал околу 80 грама марихуана. На 11.04.2018 година, по претходно добиени оперативни сознанија, од страна на Отсекот за недозволена трговија при СВР Штип биле преземени мерки и во близина на градскиот плоштад во Кочани, пријавениот бил фатен…

ПОВЕЌЕ ...

Триесетина градоначалници, меѓу кои и градоначалникот на Македонска Каменица, Соња Стаменкова и кметови од пет погранични македонски и бугарски региони, денеска во Куманово дадоа поддршка за формирање на Асоцијација на општини од прекуграничните региони на Македонија и Бугарија. Во Асоцијацијата ќе членуваат општини од североисточниот, источниот, југоисточниот, благоевградскиот и ќустендилскиот регион, а ќе има за цел заедничко настапување и учество на регионите на проекти за прекугранична соработка во фондовите не ЕУ. „Наша основна задача ќе биде развој на регионите и заедничко лобирање на проекти од областа на социјалната заштита, образованието и културата. Ние општините од Република Македонија ќе го користиме…

ПОВЕЌЕ ...

Македонската фудбалска репрезентација доживеа пад на најновата ранг листа која денеска ја објави Светската фудбалска федерација. Ние во месец март одигравме две пријателски средби на мини турнејата во Анталија против Финска (0-0) и Азербејџан (1-1) на кои не успеавме да славиме, па сега со 422 поени сме на 77 позиција на светот. Во однос пак на нашите ривали во Лигата на нации ние сме далеку подобро пласирани, Ерменија го држи 98, Лихтенштајн е 181, додека Гибралтар се наоѓа на 196 место со скок од 10 позиции. Врвот понатаму е резервиран за Германија пред Бразил, Белгија, Португалија и Аргентина која ја заокружува…

ПОВЕЌЕ ...

Скопје, 21 март 2018 – На денешен ден пред шест години кај Смилковското Езеро беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски. Масакрот се случи на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден. За петкратното убиство кај Смилковското езеро беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во ноември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се…

ПОВЕЌЕ ...

Контровернзиот пенал кој беше досуден синоќа за Реал Мадрид против Јувентус го подели фудбалскиот свет и денес е главна тема во сите медиуми. Италијанците тврдат дека е направена неправда и го обвинуваат судијата, Каталонците тврдат дека е направена „кражба на векот“, а за мадридските медиуми нема ништо спорно „беше пенал“. Сите италијанските медиуми пеналот го доживеаа како кражба, Буфон го обвини судијата Оливер дека е „ѓубре од човек“, а претседателот на „старата дама“ го обвини Колина, кој е претседател на Судиската организација. Каталонските медиуми не пропуштија шанса да потенцираат дека Реал секогаш е потпомогнат од судиите, па каталонски „Спорт“ целата ситуација ја нарече „кражба на столетието“.…

ПОВЕЌЕ ...