Author: Media Point
Патните и транспортните трошоци во пораст, приходите од реклама во пад. Во 2017 година значајно е намален приходот од наплата на радиодифузна такса како резултат на укинување на обврската граѓаните да плаќаат РДТ. Јавното радиодифузно претпријетие МРТ, кое чека на длабоки квалитативни реформи и депратизација, го објави консолидираниот Финансиски извештај за работата во 2017 година, пишува неделната економска анализа на Порталб.мк. Во исто време, во Собранието на усвојување е Годишната програма за работата на МРТ. За плати се потрошени повеќе од 6 милиони евра, а повеќе од 60.000 евра завршиле за надоместоци на членовите на Програмскиот совет и Надозрниот одбор. Приходите…
Прилепчанецот И.Р. (37) физички нападнал, уценувал и ограбил свој сограѓанин поради објавен статус на „Фејсбук“ против него. Како што информира МВР, Б.М.(36) пријавил дека вчера околу 19 часот додека се движел пеш по улицата „Лазо Филипоски“ го пресретнало патничко возило „Југо“, од кое излегол И.Р. (37) заедно со уште едно лице. Почнале да му се закануваат во врска со статус на „Фејсбук“ кој тој го напишал за И.Р., по што физички го нападнале. Б.М. успеал да избега и влегол во една од куќите во близина, а по него влегле и двете лица и продолжиле да го удираат, а И.Р. му побарал…
Секоја домаќинка за Велигден вапца повеќе јајца, па најчесто дел од нив се фрлаат. Треба да бидеме внимателни од каде купуваме јајца, како и колку дена ги чуваме и јадеме. Тврдо варените јајца побрзо се расипуваат од свежите бидејќи со варењето се измива заштитната мембрана и преку лушпата можат да влезат бактерии. По варењето се ставаат во ладилник и стојат најмногу една недела.
На 09.04.2018 година во 06,50 часот на регионалниот пат Пробиштип-Штип во близина на раскрсницата кај с.Крупиште, патничко моторно возило “Ленд ровер“ со штипски регистерски таблици управувано од Г.С.(25) од Пробиштип излеталo од коловозот. Со возило на итна медицинска помош Г.С. бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип бил извршен увид. Се работи на расчистување на случајот.
Нашата анализа, според податоците од Државниот завод за статистика за запишани и завршени ученици во тековната година, покажа дека за осум години исчезнале вкупно 14.958 основци. Некогаш 4.000, понекогаш 2.000 или 500… Секоја учебна година ни снемува голем број ученици што се запишале во основното образование во тековната година, а не ја завршиле. Нашата анализа, според податоците од Државниот завод за статистика за запишани и завршени ученици во тековната година, покажа дека за осум години исчезнале вкупно 14. 958 основци. Експерти за демографија велат дека најголем дел од овие ученици ги нема бидејќи се отселени од државата. Целиот текст…
9 април 2018 Православните верници денеска го слават вториот ден од Христовото Воскресение. По овој повод архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ – Центар. Воскресението Христово беше објавено завчера на полноќ во сите храмови на Македонската православна црква, а празнувањето продолжува со воскресенски литургии. Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.…
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека попладне ќе има зголемување на облачноста, со услови за слаб локален дожд во западните планински предели. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 2 до 9, а мксималната од 18 до 25 Целзиусови степени. Во Македонска Каменица, сончево, а попладне со умерена облачност и со умерен југоисточен ветер. Температурата во нашиот град ќе се движи во интервалот од 7 до 24 степени. Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време, со дневни…
Православните верници го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол…
А.Д. (31) од Делчево синоќа во 22.00 часот во Полициската станица Делчево пријавил дека истиот ден во периодот од 19.30 до 19.45 часот му било одземено неговото возило „Ланд Ровер Дискавери“ со бугарски национални ознаки. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот. /МИА
Одлично дружење и прекрасен прием од домаќините на вчерашните натпревари помеѓу детските екипи на ФК Кочани и ФК Каменица САСА кои се одиграа на градскиот стадион во Кочани, како дел од Детските лиги – Исток. Натпреварите помеѓу младите фудбалери од 2005 до 2011 година, поделени во 4 возрасни категории беа пред се искористени за докажување помеѓу врсниците, а победите резултатски ги поделија и двете екипи. Следниве резултати беа постигнати во натпреварите одиграни вчера: 2005/06 3:2 2007/08 0:11 2009/10 7:0 2010/11 1:5
