Author: Media Point

Македонска Каменица, 01 Април 2018 година – Денеска во Македонска Каменица се одигра последниот турнир од мини-лигата на Металург за источниот регион. Се играше мини-ракомет, а организатор беше Астра Спорт од Македонска Каменица, предводена од тренерот Мирјана Гошевска. На турнирот беа постигнати следните резултати: . 10.00  Младинец – Д.И – Малешевски   М. 2006 и помали   10:14 10.30  Астра Спорт 2 – Д.И – Малешевски   Ж. 2006 и помали   2:7 11.00  Тиквеш – Астра Спорт 2   М. 2006 и помали   0:10 11.30  Младинец – Астра Спорт 1   Ж. 2006 и помали   0:6 На завршниот турнир во Скопје ќе патуваат екипите на Астра Спорт 1 и…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 01 Април 2018 година – Како и пред 6 месеци, така и денес, одговорните лица од екипата на Фудбал СТАРС – Кочани на еден нечесен начин сакаа да дојдат до победа против детските екипи на ФК Каменица САСА. Одговорните лица од гостинската екипа, под истиот изговор како и претходниот пат, дека со себе ги немаат легитимациите на дечињата, се обидоа со доста повозрасни фудбалери да ги одиграат денешните натпревари. Домаќините, ги одиграа сите три натпревари(2007, 2009, 2010), но истите беа регистрирани со 3:0, службен резултат за ФК Каменица САСА. Ова е скоро редовна пракса на послабите екипи кои…

ПОВЕЌЕ ...

Уште еден златен медал за нашиот сограѓанин Бошко Стаменковски. Каменичкиот “лифтер” кој има најмногу медали во овој спорт викендов учествуваше на “Вршац Опен 2018”, првенство кое по 22 пат го организираше Српската power lifting федерација. Бошко Стаменковски златото го освои во дисциплината “бенч-прес” каде настапи во категоријата за натпреварувачи под 74 килограми. На ова натпреварување кое ги собра најдобрите пауер-лифтери од регионот гостуваше и претседателот на Светската Powerlifting федерација господинот Гастон Парага. Настанот се одржа во спортската сала на земјоделското училиште “Вршац”.

ПОВЕЌЕ ...

Утрово околу 5 часот и 55 минути во Единицата за информирање и командување-Скопје, од страна на  Бригадата за против пожарна заштита, било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ на паркингот пред Трговскиот центар „Три бисери“ има опожарено патничко возило. Возилото „Нисан навара“ со скопски регистарски ознаки, кое според евиденцијата на МВР е сопственост на 62-годишниот А.С. од Скопје, но во меѓувреме било продадено на Љупчо Тодоровски од Скопје, поранешеn директор на Бирото за јавна безбедност. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот. Извор на веста: Прес24

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 01 Април 2018 година – Проследете го овековечениот прекрасен звук на ќеменето, заедно со различните анегдоти и случки поврзани со дружењето со овој прекрасен народен инструмент. Каменица.мк започнува со објавување на видео материјали, снимени со познати и помалку познати уметници од нашето богато фолклорно подрачје. Денес, слушнете ги изведбите на Пешо Соколов од село Саса, кој важи за еден од најистакнатите „ќеменџии“ од каменичкиот крај: https://www.youtube.com/watch?v=LmknrGLldJg&t=74s Прилогот е снимен во 2011 година како дел од Проектот за промоција на културно-уметничкото богатство на Пијанечкиот крај.

ПОВЕЌЕ ...

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во Македонија, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија. Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита велигденската порака. – Христовото воскресение се издигнува над настанот на историјата како таков и отвора врата на новата историја во која ние само претчувствуваме каква е големината на новиот човек во Божјиот план. На оваа земја сите сме на минување, но тоа толку нè привлекува што…

ПОВЕЌЕ ...

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава  против лицата: 49- годишниот А.В и 34- годишниот Д.Г ,  двајцата од село Василево, струмичко, како и против 25- годишниот В.Ѓ  од ссело Баница, струмичко, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело “оштетување на туѓи предмети“  предвидено во член  243 став 2  од  КЗ на РМ. Истовремено првопријавениот А.В. се сомничи и за сторено кривично дело – “ поттикнување“ предвидено во член  23 став 1 од КЗ на РМ. Имено, на 21-ви  овој месец околу 18.00 часот, во СВР Струмица, по телефон  беше пријавено дека во…

ПОВЕЌЕ ...

Циклонот „Алексеј“ започна да добива на интензитет. Јужниот ветер кој попладнето дуваше со умерена сила во Охрид, вечерва се засили. Под вода се делови од кејот и улицата „Коста Абраш“ пред Капетанијата на пристаништата, кои ги заплискуваат бранови од преполентото езеро, што е вообичаено при вака висок водостој. Водата повторно навлегува во угостителските објекти на првата брегова линија во центарот на градот и населбата Канео. Во одредени објекти има нови штети. Информации за поплави во угостителски објекти лоцирани на самиот брег на езерото вечерва доаѓаат и од Струга. Центарот за управување со кризи – ЦУК, предупредува на влошување…

ПОВЕЌЕ ...

 Следниот неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија е 6-ти април (Велики петок, а после викендот исто така неработен ден ќе биде и првиот ден по Велигден, 9-ти април, што значи дека следуваат 4 споени неработни денови. Ова значи и дека во следните 2 неделе ќе работиме само по 4 работни денови што е одлична вест за вработените после долг период без неработни денови конечно да се одморат.

ПОВЕЌЕ ...

Со високи 7:1 заврши денешниот натпревар од 18.Коло на Втората фудбалска лига на Македонија, одигран помеѓу екипите на Каменица САСА и Победа од Валаново. Одлични услови за игра на градскиот стадион во Македонска Каменица, со многубројна публика на трибините. Значајна победа за домаќините кои со оваа победа ја продолжија борбата за приклучок кон средниот дел на табелата. Домашните фубалери одлично ја отворија играта на почетокот на натпреварот, ја имаа целосно контролата на играта во првите 15 минути. Но, по една полуконтра на гостите, со удар од непосредна близина на голот успеаа да поведат со 1:0 во 17 минута. Тоа беше…

ПОВЕЌЕ ...