Author: Media Point
Најмалку половина од луѓето во светот во моментов не можат да добијат есенцијални здравствени услуги. Речиси 100 милиони луѓе се втурнати во екстремна сиромаштија, принудени да преживеат со само 1.90 долари или помалку на ден, бидејќи мора да плаќаат за здравствени услуги од своите џебови. Над 800 милиони луѓе (речиси 12 проценти од светската популација) трошат најмалку 10 проценти од своите буџети за домаќинство за здравствени трошоци за себе, за болно дете или за член на семејството. Тие имаат т.н. “катастрофални расходи”. Општа здравствена покриеност и квалитетни здравствени услуги во секој момент кога им се потребни, без да имаат финансиски…
Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Овој е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, Го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката,…
Колку и да изгледа возбудлива идејата за нив, сепак првите состаноци секогаш се многу стресни. За среќа, сега со помош на интернетот е многу полесно да се закаже состанок, па единствениот проблем останува оставањето на добар прв впечаток. Избирањето на вистинската облека е навистина стресно, но не може ни да се спореди со стресот што го носи самиот состанок. Некои луѓе мислат дека е најдобро првиот состанок да се започне со тешки прашања, од типот на „Што бараш од една љубовна врска?“, но според еден експерт за љубовни совети, тоа е погрешно. Наместо тоа, тој вели дека најдобро е да…
Христовите последни зборови за нас Христијаните се од огромно значење. Тие ни ја откриваат Неговата голема љубов и големината на Неговата жртва. Исус од крстот проговорил седум пати – изговорил седум значајни зборови. Прв збор – збор на опростување Татко, прости им, оти незнаат што прават.(Лука 23,34).Овие зборови Исус ги изговорил во моментот кога крутите римски војници ко приковале на крстот. Крвниците очекувале дека Исус ќе вика од болка, како што правеле сите што биле распнати пред Него. Очекувале да им се спротистави и да ги проколнува. Меѓутоа, Тој мирно лежел на крстот, и додека тие му ги прободувале Неговите…
Во текот на денешниот ден (петок) од север кон нашата територија ќе се спушта значително посвежа воздушна маса која ќе услови умерен до засилен северен ветер кој ќе услови позначителен пад на температурите на воздухoт. Времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кој поинтензивни ќе бидат во северните и во централните предели на државава каде локално ќе наврнат од 10 до 20 л/м2 воден талог, локално можно и повеќе. На истокот на државава има услови за ретки грмежи. Поради падот на температурите на воздухот на највисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Максималните…
Повелете на попладневно музичко уживање во Недела (08.04.2018г.) на Велигденска забава со Група “Respekti Band” во Мотел “Мерак” – Луковица. Јавете се на +389 75 354 506 , 075 354 505 и резервирајте го вашето место за уживање во пријатна атмосфера со прекрасна разновидна музика и вкусна храна. (промотивен текст)
Почитувани, Ве известуваме дека поради Велигденските празници, канцеларијата на Рудник „Саса“ за односи со јавност, сместена во општинската зграда во М.Каменица, нема да работи на ден 06.04.2018 (Велики Петок). Истата повторно ќе биде отворена за сите граѓани во петок (13.04.2018) во периодот од 08:00 до 16:00 часот. Среќни и весели Велигденски празници ! Рудник „Саса“
Се известуваат сите корисници на водоводната линија од Сува маала дека денес 04. Април 2018 година, заради непосакуван дефект на главната водоводна линија, нема да имаат вода за пиење, се до отстранување на дефектот. Екипите на Ј.П. ,,Камена Река” се на терен и активно работат на санација на настанатата штета. Ви благодариме за разбирањето. ЈП Камена Река – Македонска Каменица
Македонска Каменица 02 Април. 2018 година – Денес најмладите му дадоа живот на градот! Децата од детската градинка „Бамби“ и учениците од I-V одделение од ООУ „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, облечени во најразлични маски го окупираа градот со смеа, радост, детски песни и игри. Маските беа празник за очите на нивните родители, баби и дедовци, роднини и другарчиња, кои излегоа на градскиот плоштад и улиците, да ги поздрават најмилите. Маските ги имаше во најразлични варијанти, костими од различни професии, од различни стрип јунаци, од спортски екипи и во нешто природно. Најважни беа насмеаните лица на нашите најмлади што…
Македонска Каменица, 01 Април 2018 година – Поради обилните врнежи во овој период од годината, зголемен е бројот на одрони на патниот правец Македонска Каменица – Кочани. Се препорачува внимателно возење долж целата траса од овој магистрален пат. Повеќе пати пишувавме дека оваа делница се наоѓа во катастрофална состојба, а ситуацијата со години наназад останува непроменета. Движењето по овој патен правец е вистинска опасност за возачите и патниците од Македонска Каменица и околните градови. Најавеното реконструирање на овој патен правец од пред неколку години, како да заврши со поставувањето на „ивичњаци“ и фарбање на заштитната ограда кај некои од мостовите.…
