Author: Media Point

Осуммина планинари на ПСД Осогово успешно ја изведоа акцијата за искачување на Руен во зимски услови, како дел од тренинг програмата за високогорски акции. Дел од акцијата беа и Виктор Симовски и Тошо Антов. Двајцата најискусни кочански планинари зад себе ги имаат некои од највисоките европски врвови, како Мон Блан, Елбрус и Гран Парадисо. Осум члената екипа ја тестираше својата издржливост, својата опрема и подготвеноста за искачување во тешки услови. Искачувањето беше пропратено со температура под минус 10 степени, длабок снег, наноси и многу ниска видливост под 30 метри. Ваквите искачувања се со цел планинарите да се подготват психолошки, физички,…

ПОВЕЌЕ ...

Насилство на граничниот премин во Делчево. Според Република.Мк познат локален криминалец претепал цариничка на нејзиното работно место по што МВР не презема ништо и сака да го заташка случајот, дознава Република. Инцидентот се случил попладнево кога лицето со иницијали Д.Г. со мотокрос влеголo на царинскиот терминал на граничниот премин и во бифето без никаква причина ја нокаутирало цариничката со иницијали М.С., која била на нејзиното работно место во униформа. Како што дознаваме од очевидци на настанот, Д.Г. почнал да ја навредува цариничката која во тој момент била на својата 12-часовна смена и ручала во бифето. Повеќе за настанот прочитајте…

ПОВЕЌЕ ...

На 1 април во Македонска Каменица ќе се организира последниот турнир во регионот Исток за сезона 2017/18. Ќе се игра мини-ракомет, а организатор ќе биде Астра Спорт, нашата школа од Македонска Каменица, предводена од тренерот Мирјана Гошевска. . Распоред: 10.00  Младинец – Д.И.Малешевски   М. 2006 и помали 10.30  Астра Спорт 2 – Д.И.Малешевски   Ж. 2006 и помали 11.00  Тиквеш – Астра Спорт 2   М. 2006 и помали 11.30  Младинец – Астра Спорт 1   Ж. 2006 и помали

ПОВЕЌЕ ...

Симеон Иванов – Канго 1951-2018 26ти март, две и осумнаеста, понеделник. Кисне цело сабајле, Кочани сиво како бурија. Како по обичај. Скролам патолошки по тајмлајните, и има шо да видам: Од официјалнио профил, неговите најблиски соопштиле дека денеска нè напушта Канго. Чичо Канго. Моментално у ушите ми засвире тинитус у форма на нојзерско оро со стонерски манири, гаражна продукција, отсвирено со ногу љубов и исто толку шлангарица! Трејд-марк на мајсторо. Канго у Кочани, па и пошироко, беше појава шо никако не ја остава околината рамнодушна и без коментар. Беше тоа шо и сега му фале на градо, луѓе со став,…

ПОВЕЌЕ ...

Кочани, 26 Март 2018 (каменица.мк) – По тешко боледување на 67-годишна возраст денес во Кочани почина рокерот и гитарист Симеон Иванов – Канго. Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет-сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик. Во својата долга музичка и поетска кариера Канго издаде седум музички албуми и четири стихозбирки. Беше препознатлив по својот немирен творечки дух и необичен стил на музицирање и облекување, поради што го нарекуваа македонски Џими Хендрикс.

ПОВЕЌЕ ...

Делчево, 20 март 2018 –  Пасија е таа која те покрева и тогаш кога животот знае да ти удира шлаканици или кога мислиш дека сѐ околу тебе е монотоно и не ти дава да дишеш, или кога секојдневно согледуваш дека една искра може да направи пламен и да уништи се што си создавал со децении, па и да однесе човечки живот. Тогаш токму таа пасија, за која би урнал планини и минал мориња, те буди од секојдневието и те одржува цврсто на земјата. Велат дека соништата на големите сонувачи никогаш не се остваруваат. Но, 45-годишниот Лоренцо Трајановски од Делчево, пожарникар кој…

ПОВЕЌЕ ...

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, започнува летното сметање на времето. Од ноќеска времето во два часот по почноќ, ќе се смета како три часот. Летното сметање на времето ќе заврши на 28-ти октомври во три часот наутро, кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 24. Март 2018 година – Нови одрони на патниот правец Македонска Каменица – Кочани. Се препорачува исклучително внимателно возење на оваа делница, поради зголемениот број на одрони. Движењето е отежнато, на одредени места сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Социјалните мрежи се преполни со направени фотографии и видеа на патниците и возачите од критичните точки, а нивните жестоки реакции се секојденвни и не стивнуваат. Ситуацијата е алармантна. Иако е планирана санација и реконструкција на делницата, таа се одвива бавно и трае години наназад. Граѓаните од овој дел на државата бараат целосно решавање на овој проблем.

ПОВЕЌЕ ...

Кражба на 3.300 евра, пиштол и ловна пушка е пријавена ноќеска околу 01.25 часот во Полициска станица од општа надлежност Кавадарци. Со употреба на метален предмет е влезено во куќата во која е причинета материјална штета од околу 250.000 денари. Неофицијално, домаќините биле на прослава на Младенци, додека била извршена кражбата во нивната куќа.

ПОВЕЌЕ ...

Поради неповолни временски услови Комисијата за натпревари на ФФМ одлучи да се направи измена во календарот за натпревари во Втора МФЛ Исток и Запад според следниов редослед: 18 коло – 31.03.2018 во 15:00 часот 19 коло – 07.04.2018 во 16:00 часот 20 коло – 14.04.2018 во 16:00 часот 21 коло – 17.04.2018 во 16.00 часот

ПОВЕЌЕ ...