Author: Media Point
Македонска Каменица, 21 Март 2018 година – Учениците од 6-то до 9-то одделение при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица денес засадија млади садници со што го одбележаа 21 Март – Денот на пролетта. Младите садници, денес засадени во еден од парковите во централното градско подрачје, ги обезбеди ЈП Камена Река – Македонска Каменица. Оваа акција беше помогната од вработените во Јавното претпријатие, а нивни заеднички активности се планирани и за во наредниот период. Станува збор за редовна активност на учениците при ООУ „Св.Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, која денес се оддржа и покрај неповолните временски услови.…
На 13 Март, со почеток во 14:00 часот се оддржа 6-та редовна седница на Советот на Општина Македонска Каменица. Покрај усвојувањето на записникот од петтата седница, беа донесени и следниве одлуки според дневниот ред усвоен од Совет на општина Македонска Каменица: Советот на општина Мaкедонска Каменица ја усвои завршната сметка на Буџетот на општина Македонска Каменица за 2017 година Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот финансов извештај на општина Македонска Каменица за 2017 година Советот на општина Македонска Каменица го усвои Годишниот финансов извештај и завршната сметка на ЈОУДГ ”Бамби ” Македонска Каменица за 2017 година Советот…
Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска сите самохрани родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со Закон, ќе бидат ослободени од плаќање на партиципацијата за сместување на дете во детска градинка. Согласно со заложбите за поддршка на самохраните родители, содржани во Програмата за работа на Владата на Република Македонија, министерката Царовска го измени Правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца. Во членот 3 од Правилникот е предвидено дека ,,Правото на…
Мајами(САД), 19 март 2018 година – Вчера од овој свет прерано замина нашиот поранешен сограѓанин Дејан Димитровски Зиле. Со длабока болка во срцето семејството Димитровски, кое сега живее во Делчево, ги известува најблиските и пријателите за прераната смрт на својот многу сакан Дејан Димитровски – Зиле, човек со добро срце кој најмногу ќе им недостига на најблиските, роднините и пријателите. Во овие тешки времиња семејството Димитровски има потреба од молитва и поддршка бидејки се потребни 20.000 долари за транспорт на неговото тело дома, во Македонија каде што Дејан ќе почива во неговиот вечен дом. Сите донации ќе бидат искористени за…
Жена од Делчево пријавила дека додека со сопругот биле отсутни, а нивните две деца останале во домот, дошол нивен семеен пријател кој го злоупотребил девојчето. Жената раскажала дека кога таа и сопругот се вратиле дома синот им рекол дека неговата сестра му раскажала како семејниот пријател ја допирал по телото и притоа ѝ рекол да не кажува никому. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево. Лицето е повикано и задржано во Полициската станица. Против него ќе биде поднесена кривична пријава и во текот на денот ќе биде изнесен пред судот во Кочани.
20.03.2018 – По промотивните настани во Тетово и Прилеп, организацијата Македонија2025 на 22-ри март во Штип, ќе одржи уште еден настан од ваков тип во просториите на Urbanista Hotel & Bar. Овој настан има за цел да ги промовира програмите и активностите на Македонија2025 како и можностите за образование на бизнис професионалците во Македонија. Исто така има за цел да ги поврзе бизнис професионалците и претставниците од дијаспората во Штип и да ги претстави можностите за заедничка соработка. На настанот ќе се промовира и Самитот Македонија2025 кој е најголемиот настан од овој вид во Македонија и регионот. МК2025 Самит е…
Се си почна како од шала, една вечер чисто од забава влегов во казино со другарите и ете останав заробен 15 години…И така се лажеш денес доби нешто ситно утре изгуби се. Многумина велат пијаниот ќе се отрезни, но оној кој се зафатил со ѓаволската игра, за него нема враќање назад. Си го изгубив семејството, останав сам.Кога ќе соберев храброст, сега е моментот ќе се тргнам ќе одам дома и ќе тропна на вратата и ќе речам решив да се сменам нема повеќе да се вратам на тоа проклето место, добивав пари кои само што ќе ги поглднев ме заслпуваа…
При излетување на цистерна на патот во село Ѕвегор, делчевско, попладнево загинал возачот М.Б. Според д-р Гоце Стојменовски, вработен во делчевската брза помош, причината за превртувањето на цистерната бил срцев удар кој настанал додека возачот управувал со возилото. По дојавата итната медицинска служба со свое возило и дежурниот лекар се упатила на местото на настанот, но било доцна да се спаси возачот М.Б роден 1963 година, објави порталот delcevo365.mk. Според очевидци среќа во несреќа е што сообраќајот во тој дел бил со послаб интензитет и тоа цистерната не се превртела целосно бидејки товарот кој го носела бил лесно запаллив и…
И каменичанец е дел од хуманата акција за помош на Венцислав Симоновски – Кичо. Веднаш по објавата на каменица.мк за хуманата акција организирана од навивачите на англиски Ливерпул во Македонија, во нашата редакција се јави Ванчо Николовски. Toj e eден од организаторите на акцијата како дел од оваа навивачка група. Нивна цел, покрај дружењето во велешкиот кафе бар Драма, е и собирање на средства за помош на фудбалската легенда Венцислав Симоновски – Кичо. Венцислав Кичо, добро и е познат и на каменичката спортска и поширока јавност по неговите брилијантни настапи во редовите на ФК САСА. Венцислав Симоновски – Кичо веќе подолго време…
Покаченото ниво на Брегалница е идеално за возење кајак, но и покрај неколку покренати иницијативи, Штип не успеа да го возобнови кајакарствоот во градот. Последен пат, кајакарски клуб во Штип имал во 1952 година и тоа на иницијатива на тогашна Народна техника: Во тоа време бевме 5-6 другари од генерацијата 1937 година.. Во оваа прилика би ги споменал Боро Денков, Јордан Арсов, Томислав Димков, Момчило Милошев, методи Гранков и јас. Добар дел од нив не се повеќе живи, изјави Иван Ефтимов, некогашен кајакар. Секое покачување на нивото на Брегалница, кај старите кајакари ја враќа носталгијата за некогашното време: Имавме три…
