
Македонска Каменица 02. Мај 2018 година – ЗРСК “Шаран” од Македонска Каменица ги известува своите членови – риболовци и сите граѓани, љубители на риболовот, дека од денес 02.Мај 2018 година, па се до 01. Јуни 2018 година, риболовот на Калиманско Езеро е најстрого забранет. Најавуваат засилени контроли во текот на целиот период на забраната за риболов, од сите надлежни органи и секое прекршување на забраната ќе биде најстрого санкционирано од страна на истите.
