Author: Media Point
Откако пред неколку месеци беше објавено дека поранешната легенда на Вардар, Венцислав Симоновски живее во крајна беда и едвај преживува, македонската јавност се крена на нозе за да му помогне на членот на златната вардарова генерација од 1987 година, а во акцијата се вклучија и – навивачи на англискиот премиерлигаш Ливерпул, пренесува Спорт1. Нормално, станува збор за навивачи на „црвените“ од Македонија, кои закажаа масовно гледање на првата четвртфинална пресметка на Ливерпул во англиското дерби со Манчестер сити во Лигата на шампионите на кое собирот ќе има хуманитарен карактер за помош на Симоновски. Настанов веќе се шири по социјалните мрежи, а…
Македонска Каменица 19 Март 2018 година – Својот патронен празник и роденден, 21 Март – Денот на пролетта, ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица ќе го одбележи со бројни активности. Програмата започнува од 09:00 часот со засадување на дрвца и цвеќиња во дворот од детската градинка, а продолжува со пригодна програма исполнета со игри и песна во холот на установата. Родителите заедно со своите дечиња ќе имаат можност во Домот на култура да ја проследат театарската претстава за деца „Малата сирена“. Станува збор за детска театарска претстава организирана само за дечињата од детската градинка и нивните родители. Претставата е со почеток…
На 22 Март (четврток), со почеток од 19:00 часот, во Дом на култура – Македонска Каменица гостува театарската хит комедија „Стјуардеси“. Претставата е во изведба на Театарот при Дом на култура – Кавадарци, а работена е според делото „Боинг Боинг“ на Марк Камолети. „Се работи за една класична фарса. „Стјуардеси“ има седум врати и многу необјасниви ситуации. Бернард е успешен архитект, кој има фантастичен стан, домашна помошничка и ја има формулата за совршен, полигамен живот. Оваа формула се обидува да му ја претстави на својот најдобар пријател Роберт. Формулата за совшрен живот е да се има три стјуардеси од три…
Пушењето во целосно затворените тераси и бавчи во кафеаните и рестораните, кое досега беше забрането, отсега ќе биде легално. Таму, ќе може да се пуши и лете и земе. Тоа значи дека посетителите без проблем можат да запалат цигара во заградената тераса, или платформа која најчесто е споена со останатиот дел од локалот, но не смеат да пушат внатре во угостителскиот локал. Ова го предвидува Законот за заштита од пушење, кој синоќа беше изгласан по скратена постапка, без присуство на опозицијата. Дел од граѓаните се против носењето на Законот, особено оние кои се анти пушачи. Велат дека мора да има…
ФК Каменица САСА не успеа на денешниот натпревар да ги освои посакуваните бодови на гостински терен против екипата на Тиквеш од Кавадарци. Исклучително тежок натпревар, без многу шанси на двете страни. Дури во средината на второто полувреме, во 67 минута, по едно нафрлување од корнер, Методија Делов успеа да ја смести топката во голот на каменичани. По постигнувањето на водечкиот гол за домаќините, натпреварот продолжи со истото темпо, без конкретни завршетоци и на така малиот број шанси за гол. Слабата игра на двете страни и малиот број на шанси се должат и на исклучително лошиот и нерамен терен за игра…
18, Март 2018 kamenica.mk – Минстерството за внатрешни работи вели дека се фотомонтажа фотографиите објавени во медиуми за поставено албанско знаме на граничкиот премин „Богородица“: Целосно неточни и невистинити се информациите и фотомонтажите објавени во неколку веб портали дека на граничниот премин Богородица е поставено знамето на Република Албанија. Таков случај не е пријавен во МВР. Веднаш после објавувањето на овие невистинити информации беше извршена проверка на посоченото место на граничниот премин Богородица и констатирано е дека таков случај не постои.
Мојата мајка не ја зборуваше секогаш вистината. Ме излажа осум пати и тоа во важни животни моменти! (автор: непознат) Приказната почнува со моето раѓање. Роден сум како син единец во многу сиромашно семејство. Сиромашно до таа мерка што немавме доволно храна, а камоли нешто повеќе. Во ретки прилики се случуваше да имаме малку компири дома. Мајка ми ќе подготвеше скромен оброк и секогаш ќе го истуреше својот дел во мојата чинија говорејќи: „Јади сине, јас не сум гладна“. Тоа беше нејзината прва лага Кога малку потпораснав, мојата мајка по обавувањето на домашните работи, ќе отидеше до реката која се наоѓање…
Во Романија, каде е роден најславниот жив мртовец на светот, Дракула, одењето на суд како доказ дека човекот е жив е недоволно уверливо. Константин Релиу, жител на истокот на земјата, се уверил во тоа минатата недела кога судот во Васлуи го одбил неговото барање за поништување на посмртен лист издаден 2016 година на негово име, се гледа од пресудата објавена во петокот на страницата на судот. Константин Релиу (63) кој на почетокот на 1990-тите отишол на работа во Турција, во јануари се вратил во Романија. Романските власти го известиле дека семејството го прогласило за мртов бидејќи немало никаква вест за…
Денес се игра 3-то коло од Втората македонска фудбалска лига. ФК Каменица САСА патува во Кавадарци на натпревар против екипата на ФК Тиквеш. Во првото коло од пролетниот дел Каменица САСА успеа да одигра нерешено против ФК Кожуф Гевгелија (1:1), а во второто беше слободна. Од стручниот штаб изјавуваат дека, доколку успеат да ја повторат играта од Гевгелија, прикажана пред 14 дена, можат и денес да се надеваат на победа и на нови 3 бода. Денешниот натпревар ќе биде тежок, како поради лошите временски услови, така и поради битноста од исходот на натпреварот кај двете екипи. САСА во моментов е…
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува УХМР за денес и утре. Во раните утрински часови во западниот дел од земјата нестабилното и променливо време ќе биде поизразено, а околу пладне во источните делови е можно да наврнат над 15 литри на метар квадратен. Утринската температура ќе се движи од осум до 12, а дневната од 12 до 18 степени. Во Скопје во раните утрински часови се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, а попладне облачноста ќе се намали. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 16 степени. Посвежо време со…
