Author: Media Point
Пратениците вчера на продолжението на 11. седница ги донесоа измените на Законот за заштита од пушење, во скратена постапка, пренесува МИА. За Законот гласаа 41 пратеник, 14 беа против, а еден воздржан при присуство на 61 пратеник. На седницата не присуствуваа пратенциите од редот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на дебатата по Законот беа изнесени спротивставени ставови од пратениците од парламентарното мнозинство, за потребата и ефектите од измените. Џевад Адеми од ДУИ рече дека тој ќе гласа против Законот, и ги повика пратениците да гласат против. Според него, со овие измени и предлози на граѓанинот ќе му го загрозиме животот и…
Министерството за внатрешни работи потврди дека вчера бил запален автомобилот на пратеничката Славица Шуманска – Митева од СДСМ. Според полицијата настанот се случил синоќа околу 01.30 часот во Виница на улица „Славчо Стојменски“. „Непознати сторители, откако претходно го скршиле стаклото на патничко моторно возило „Сеад Леон“ со винички регистарски ознаки, сопственост на С.Ш.М., ја полеале внатрешноста на возилото со запалива течност и ја запалиле. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Македонска Каменица, 15 март 2018 (каменица.мк) – Денеска е последниот ден кога гаѓаните може до Управата за јавни приходи да поднесат годишна даночна пријава за остварени дополнителни приходи во изминатата 2017 година. се очекува да бидат поднесени над 400.000 годишни даночни пријави. Последните податоци на УЈП покажуваат дека се поднесени вкупно 334.360 пријави. Во текот на вчерашниот и денешниот ден во УЈП се очекуваат да бидат поднесени околу 100 илјади. Најмногу или 125.165 пријави се поднесени во Скопје, во Битола 46.400, Тетово 28.621, Струмица 29.982, Прилеп 45.652 и Штип 58.540 годишни даночни пријави. Пријавите освен на шалтерите може да се поднесат…
Македонска Каменица, 15. Март 2018 (каменица.мк) – Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен западен и југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена. Во Каменица, сончево со умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени. Утре во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Во сабота во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значително повисоки дневни температури. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои…
10. Мојот совет за други хендикепирани луѓе би бил: концентрирајте се на нештата кои хендикепот не ве спречува да ги вршите добро, и не жалете по нештата кои ги спречува. Не бидете со хендикепиран дух како со телото. *** 9. Нема поента да разбеснувате ако заглавите во нешто. Јас, на пример, продолжувам да мислам на проблемот но работам на нешто друго. Некогаш години поминуваат пред да најдам пат напред. Во случајот на загуба на информации и црни дупки, поминаа 29 години. *** 8. Гледајте во ѕвездите, а не во нозете. Пробајте да најдете смисла во тоа што го гледате, и…
Дали сте знаеле дека Македонија може да се пофали со добитник на Нобелова награда за млади? Станува збор за талентираниот Игор Томески, кој иако има само 21 година, веќе има остварено голем број успешни проекти. Кога ќе прочитате за сите негови активности, ќе се зачудите како е можно да не сте му го чуле името никогаш досега. Додека главните преокупации на останатите 12-годишници биле редењето 5-ки на училиште и дружењето со другарчињата, Игор го снимал неговиот прв домашен филм од 40 минути, по негов текст и режија. Кога наполнил 13 години, почнал да работи во локалната телевизија и го снимил…
На 76 годишна возраст почина веројатно најпознатиот и најголем научник на модерното време, славниот Стивен Хокинг. Хокинг починал мирно во неговиот дом во Кембриџ, денес, во раните утрински часови, пренесуваат од неговото семејство изразувајќи голема тага за загубата на нивниот сакан татко. Хокинг 30 години бил професор на математичката катедра во Кембричкиот универзитет, превземајќи ја таа функција во 1979 и повлекувајќи се на 1 октомври, 2009. Во поново време директорувал со истражувачкиот центар за теориска космологија во одделот за применета математика и теориска физика на Кембричкиот универзитет. Тој е познат по своите придонеси во полето на космологијата и квантната…
Секогаш подготвени за ефикасно и брзо соочување со опасностите, припадниците на Единицата за специјални задачи не прават горди, но истовремено прават да се чувствуваме безбедни и сигурни, рече министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на свеченоста во касарната Илинден во Скопје, со која беа одбележани 37 години од формирањето на Единицата за специјални задачи. -Почнувајќи од 1981 година па до денес, оваа единица е гарант на безбедноста и сигурноста на државата и нејзините граѓани. Составена е од високопрофилирани професионлци, кои воспоставија строги критериуми и дисциплина за нејзино дејствување. Глобалните закани предизвикуваат аларм во секое општество и држава. Борбата против сите…
На малиот херој Јане Велковски му се исполни еден од најголемите детски сонови, откако доживеа топло добредојде од ѕвездите на најтрофејниот англиски клуб Манчестер Јунајтед. Деветгодишното момче денеска пристигна во Манчестер, а во хотелот „Лаури“ кој важи за база на „црвените ѓаволи“ со насмевки на лицето беше пречекан од Маруан Фелаини, Немања Матиќ, Алексис Санчез и уште многу фудбалери на Жозе Мурињо, кои одвоија време и се подружија со македонското момче. Инаку, изминатото лето Јане ја освои фудбалската јавност ширум Европа, откако беше дел од кампањата на УЕФА, „Equal Game“, по што доби директна покана од Пол Погба да го следи Манчестер Јунајтед против Севиља на легендарниот „Олд Трафорд“.…
Овој природен лек за холестерол и триглицериди им се препорачува на сите кои веќе долго имаат проблем со вишокот маснотии во крв, но и на лица кои се целосно здрави – како превенција. денес зголемениот холестерол се смета за еден од најголемите и најчести проблеми на современиот човек. Премногу седење пред монитор, непрекинато гледање телевизија, недостиг на спортски активности и рекреација, помалку движење во текот на денот, лош избор и комбинација на намирници, исхрана богата со штетни трансмасни киселини, се само некои од причините за појава на зголемени масти во крвта. Тие се многу опасни по нашето здравје бидејќи предизвикуваат…
