Author: Media Point

Љубителите на кошарката во Македонска Каменица имаат богат спортски викенд пред себе. КК „Баскет Кам“ игра дури 4 дерби натпревари на кои што очекуваат многубројна публика за поддршка од трибините. Првиот натпревар е со почеток од 13 часот во сабота, помеѓу ЖКК „Баскет Кам“и ЖКК „Бадел“ од Скопје. Бадел е актуелен шампион на Македонија и сеуште е непоразена екипа во гдодинешново првенство. Натпреварот помеѓу КК „Баскет-Кам“ и КК „Баскет Дино“ Кочани ќе се одигра со почеток од 16 часот. Овој натпревар е посебно интересен, бидејќи важи за локално кошаркарско дерби. Во недела се играат два натпревари против екипата на ЖКК…

ПОВЕЌЕ ...

Екипата на САСА го отвори пролетниот дел од ВМФЛ сезоната со реми на гостински терен против Кожув (1-1). Стрелец на водечкиот гол за домаќините беше Лазар Стојковски на стартот од второто полувреме, а конечниот резултат го постави Ефтим Аксентиев во 87. минута. Тешки услови за игра, со многу шанси за победа на гостинската екипа. Сепак реализирани беа само две шанси за гол, по една и на двете страни. Домаќините шанса за гол бараа единствено преку прекин, без некоја изгледна шанса за гол. Одлично поставената игра на Саса во првото полувреме, резултираше со неколку шанси во низа, но без погодок. На почетокот од второто…

ПОВЕЌЕ ...

Исчезна 86-годишен жител на Делчево. Тој од дома излегол пред два дена и оттогаш семејството се обидува да го пронајде. Откако пропаднале сите напори да го пронајдат сами, случајот денес, во полиција го пријавил неговиот внук. Повеќе детали околу идентитетот и состојбата на исчезнатиот старец од полицијата не се соопштуваат. Извор: Телевизија Стар

ПОВЕЌЕ ...

Лутата пиперка има безброј благодети по здравјето на луѓето. Ова истражување докажа колку таа е делотворна во лечењето на заболувањата од кои патат луѓето ширум светот. Истражувањата покажаа дека лутата пиперка може значајно да ги ублажи симптомите на артритис и да ги намалат болките во зглобовите. Симптомите за артритис се болки и воспаление на зглобовите, црвена кожа на местото на болниот зглоб и слабост во мускулите. Науката докажува дека капсаицинот, соединение кое го содржи лутата пиперка, ефикасно ги регулира болките во зглобовите и коските. Оваа состојка може да се користи во многу креми, гелови или облоги а науката докажа дека…

ПОВЕЌЕ ...

 7 март 2018 Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по наместа влажни коловози. Како што информира ЈП „Македонија пат“, на одредени патни правци кои минуват низ клисури и усеци можна е појава на одрони. „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

ПОВЕЌЕ ...

Нема повеќе општи приоритетни упати. министерството за здравство ќе го менува начинот на нивно издавање: Општите приоритетни упати заминуваат во историјата, најавија од ресорот здравство. Приоритетните упати создаваа голем хаос и заради тоа веќе е направена промена која наскоро ќе се имплементира, а таа се однесува на тоа дека повеќе нема да има општ приоритетен упат, туку ќе има приоритетен упат со точни дијагнози по области. Точно ќе се знае за каква дијагноза станува збор во соодветна област што навистина е итна, ќе се добие тој упат и тој пациент ќе мора да биде прегледан во рок од 24 часа…

ПОВЕЌЕ ...

Денес, по повод претстојниот празник 8-ми Март – Меѓународен ден на жената, се оддржаа спортски игри во организација на ООУ “Св. Кирил и Методиј” – Македонска Каменица. Спортските игри и изведените гимнастички точки, во кои учествуваа дечињата од прво до петто одделение се од хуманитарен карактер. На овој одлично организиран настан, присуствуваше и се обрати до присутните и градоначалникот на Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Стаменкова, најпрвин го искажа своето задоволство и чест да се присуствува на еден ваков величенствен настан од хуманитарен карактер, по повод Денот на жената и мајката. Се заблагодари во свое име и во име на општина…

ПОВЕЌЕ ...

Денес во просториите на ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица се оддржа интересна креативна работилница „Од тато за мама“, „Од дедо за баба“, која беше организирана по повод 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената. Интересот кај родителите и радоста кај дечињата од единствената детската градинка во нашиот град беше огромна. Беа користени материјали подготвени и обезбедени од воспитно – негователскиот тим при детската градинка „Бамби“, а изработката на честитките и подароците за нивните сопруги и мајки се самостојно креативно дело на татковците, дедовците и дечињата… Фотографиите и повеќе детали од денешната креативна работилница можете да погленете на www.bambi.mk или на…

ПОВЕЌЕ ...

Под мотото „Мајка за секое дете“, а по повод 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица организира спортски игри помеѓу учениците. Спортските игри се со хуманитарен карактер и се со почеток од 11:30 часот во среда, 07 Март 2018 година. Во нив ќе учествуваат ученици од 1-во до 5-то одделение при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица. Паузите помеѓу натпреварите ќе бидат исполнети со настапи на спортски гимнастичари, дел од школото за млади гимнастичари при училиштето.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 06 Март 2018 година – Градоначалникот Соња Стаменкова оствари редовна работна средба со заменик- министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески. Во текот на работната средба, заменик министерот беше запознаен со моменталната состојба во општината и со одредени проблеми со кои се соочува локалната самоуправа во Македонска Каменица. Беше договорена поголема меѓусебна соработка во идните планирани проекти на општина Македонска Каменица и Министерството за локална самоуправа преку изготвените долгорочните програми и стратегии за регионален развој. На средбата се разговараше и за унапредување на можностите на општина Македонска Каменица во искористувањето на средствата од европските кохезивни фондови и потребната поддршка…

ПОВЕЌЕ ...