Author: Media Point
Гимназијалците од СОУ „Миле Јаневски – Џингар“ од Македонска Каменица ја бараат вашата поддршка. Ставете „Like“ на нивната фотографија и помогнете да освојат патување. Потребно е да го отворите следнив линк и да ставите „Like“ на фотографијата: https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/photos/a.569739736370110.1073741828.569178743092876/1925622990781771/?type=3&theater Денес, тимот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ при презентацијата на своите студиските програми пред учениците од СОУ „Миле Јаневски Џингар“ – Македонска Каменица им понуди интересен натпревар со своите врсници. За учениците чија фотографија ќе добие најмногу допаѓања во текот на презентациите, ќе биде организирано наградно патување #SlavjanskiBusParty2018.
Уникатни ретро автомобили ќе го окупираат градот од источниот регион на Македонија, Делчево. Стотици делчевчани, но и граѓани од околните места, како и од соседна Бугарија ќе дојдат да ги видат старите, но блескави возила. Организаторот на настанот, делчевскиот љубител и сопственик на 12 ретро автомобили, Лоренцо Трајановски, најави дека овој настан ќе се одржи на 24 март (сабота) во Делчево, а на истиот ќе има гости и од соседна Бугарија. ФОТО – Ова не е прв пат да правиме еден ваков настан. И минатата година истиот се одржа токму во Делчево, а јас како љубител на ретро автомобили ќе…
Една од најпопуларните социјални мрежи Instagram продолжува да се подобрува додавајќи сѐ повеќе и повеќе нови функции. Некои ќе го обвинат за користење туѓи идеи, но во секој случај неговата популарност е доволен доказ за квалитетот на услугата која ја нуди на корисниците. Последни вести на оваа тема, се 4-те функции за кои се шпекулира дека е можно да се појават наскоро. За што точно се работи? Универзален портрет Апликацијата разработува режим за фотографирање портрети. Индикација за ваквата функција е ново копче кое ќе биде замена за стандардното кое се користи за правење на фотографии. Гласините велат дека софтверот ќе…
12 Март 2018 kamenica.mk Во организација на КИЦ „Романса“, на 15 Март (четврток) со почеток од 19 часот, во Дом на култура во Македонска Каменица, ќе се оддржи концерт на традиционална музика. Концертот е во изведба на студенти по традиционални инструменти во класата на проф. м-р Горанчо Ангелов при универзитетот Гоце Делчев – Штип. Љубителите на традиционалната музика ќе имаат можност да уживаат во изведбата на вокални и вокално-инструментални теми од нашето богато традиционално музичко творештво. Од КИЦ „Романса“ – Македонска Каменица известуваат дека влезот за концертот е слободен.
Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од -2 до 4 степени, а дневната од 12 до 22 степена. Утре во попладневните часови, најпрво во западните делови, ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Локално ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а дневната од 14 до 21 степен. Во наредните два дена ќе има слаб локален дожд, а дневните…
Врз основа на член 27 став 2 од Законот за локална самоуправа Службен весник на Република Македонија бр.5/2002) и член 68 од Статутот на општина Македонска Каменица (Службен гласник на Македонска Каменица 4/2005), градоначалникот на општина Македонска Каменица ги донесе следниве одлуки и решенија:
Денес започна пролетниот дел од Детската лига – Исток. Во првото коло детските екипи на ФК Каменца – САСА и ФК Младост Тошев од Оризари, Кочани одиграа четири натпревари. Во натпреварите во категории според возраста на играчите, беа постигнати следниве резултати: 2010/11 8:2 2009/10 5:2 2007/08 3:0 2005/06 3:6 Она што треба, покрај убедливите победи на Каменица-САСА, да се забележи е прекрасната фудбалска атмосфера на градскиот стадион во Македонска Каменица. Многу дружење помеѓу дечињата и фер и одлично однесување на теренот.
Лажните вести на интернет се далеку побрзи од информации. Причината е што корисниците на интернет се тие што најмногу ги споделуваат, повеќе отколку “ботовите” (програми што сами објавуваат на интернет). Ова е заклучокот на една студија објавена во американската ревија “Science”. Студијата е правена во долг период од 2006 година до 2017 година врз основа на 126.000 информации, лажни или вистински, објавени на Твитер од страна на 3 милиони луѓе и објавени 4,5 милиони пати. За да може ефикасно да ја утврди разликата помеѓу лагата и вистината во информациите, екипата на “Science” ја побарала поддршката на шест независни организации за…
10.03.2018 kamenica.mk За време на викендот во Македонска Каменица и во цела Македонија ќе биде стабилно, претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер. Температурите утре ќе се движат од – 3 во утринските часови до максимални 17 степени во текот на денот. Во јужните делови на земјата таа ќе се искачи и до 20-от степен. Во недела минималната температура ќе се движи од 0 до 6, додека дневните од 16 до 22 степени. Во понеделник се уште ќе е топло, но ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до…
Годинашното издание на музичкиот фестивал Егзит ќе го затвори францускиот диџеј Дејвид Гета со настап на главната бина, соопштија организаторите на фестивалот. Во соопштението се наведува дека Гета е најуспешниот продуцент на денешницата и единствениот диџеј кој продал над 50 милиони албуми и синглови. Исто така тој е добитник на две Греми награди и има повеќе од сто милиони фанови на социјалните мрежи. Програмата на 12 јули на главната фестивалска бина ќе ја отвори американската рок кантавторка Лаура Перголици позната како ЛП. Фестивалот Егзит ќе се одржи од 12 до 15 јули на Петроварадинска тврдина во Нови Сад.
