
Македонска Каменица 20. Април 2018 година – Утре, со почеток од 16:00 часот ќе се одиграат натпреварите од 22. коло во Втората фудбалска лига – Исток.
Екипата на ФК Каменица САСА гостува во Кочани, каде против ФК Осогово со победа ќе ги реши дилемите за опстанок во лигата. Во Кочани како и лани “Сејмените” прерано ја слават победата над “Багерите” од Македонска Каменица, но ФК Каменица САСА минатата година во слична “славеничка” атмосфера на домаќините, успеа да победи со 0:1 и да забележи “три бода”.
САСА влегува комплетно подготвена во овој дерби меч, очекува тежок и тврд натпревар. Веруваат во победа, мотивација во нивните редови е на високо ниво, иако и само бод ќе им биде доволен за да имаат “чиста” ситуација со Осогово. Сезонава Каменица САСА има предност од шест бодови и позитивен скор во досегашните два меѓусебни натпревари во првенството. Во Кочани, натпреварот заврши со 2:2, а на домашен терен Каменица САСА славеше со 2:0.
Се очекува интересен и неизвесен натпревар, како и голем број посетители на трибините пристигнати од овие два соседни вечни ривалски фудбалски центри.

Останати двојки за 22. коло:
„Кожуф“ – „Плачковица“
„Тиквеш“ – „Борец“
„Победа“ (В) – „Беласица“
Слободна е екипата на „Брегалница“.

