Author: Media Point

 Покрај Горан Миленков, првиот член на Антикорупциската комисија кој си даде оставка денеска, неотповикливи оставки најавени се и од претседателот на комисијата Игор Тантуровски и другите членови и тие утре треба да бидат доставени до Собранието, како што велат извори од Парламентот за САКАМДАКАЖАМ.МК Претседателот на комисијата Игор Тантуровски, попладнево не беше достапен на мобилниот телефон, а исто и лицето задолжено за односи со јавност во Антикорупциска не одговараше на нашите повици.

ПОВЕЌЕ ...

Источно-планскиот регион оваа година од Швајцарската Конфедерација ќе има на располагање 100 илјади шв. франци за инфраструктурни и меки проекти. Градоначалниците од сите 11 општини од регионот на 4 Седница на Советот на ИПР која се одржува денеска во Делчево донесоа одлуки за проектите со кои ќе се аплицира по овој повик. Драгица Здравевска, директор на Центарот на ИПР истакна дека отворен е повик на Швајцарската Конфедерација е за аплицирање на сите 8 регионални центри кои треба да добијат одлуки од своите совети за јавниот повик за грантови на инфраструктурни меки проекти кои се во програмата за одржлив и рамномерен…

ПОВЕЌЕ ...

Жител на кочанското село Теранци со нож го пробол својот син, информираше МВР.Според полицијата, инцидентот се случил вчера околу 23.20 часот во селото кога дошло до расправија меѓу Д.С. (75) и неговиот син Д.С. (38). Кавгата преминала во тепачка во која таткото извадил нож и два пати го пробол синот. Повредениот Д.С. бил пренесен во Медицински центар Кочани каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Полицијата го привела Д.С. кој е притворен во Полициската станица Кочани.

ПОВЕЌЕ ...

Прозорците даваат убавина и дополнителна вредност на вашиот дом, и се една од најважните карактеристики на една куќа или стан. Тие ја имаат и главната улога во заштедата на топлинската енергија, овозможувајќи комфорт и здравје. Според истражувањата загубата на топлината низ прозорците претставува повеќе од 40% од вкупните загуби на топлина од домот. Заради тоа, инвестицијата во квалитетни енергетски ефикасни прозорци е една од најисплатливите на долг рок. Доколку сакате одличен квалитет на профили за достапна цена Ви ги препорачуваме профилите Decco  (070 245 423),изведбата е крајно професионална и во краток рок. Но, како може да знаете дали вашите прозорци…

ПОВЕЌЕ ...

Дел Торо е најдобар режисер и го има најдобриот филм (The Shape of Water), Гери Олдман, непрепознатлив како Винстoн Черчил, е победник кај машките улоги, одличната Френсис МекДорманд зема Оскар за најдобра женска улога, за најдобри споредни ролји прогласени оние на Сем Роквел (цајканот во Три билборди) и Алисон Џени (мајката на Тоња Хардинг). Годинава немаше фрка со пликовите. Водеше Џими Кимел кој рече дека статуетката е пример каков маж му треба на Хoливуд: да ги држи рацете онаму кај што се гледаат и да нема пенис. НАЈДОБАР ФИЛМ Call Me by Your Name Darkest Hour Dunkirk Get Out Lady…

ПОВЕЌЕ ...

05.03.2018 КАМЕНИЦА.МК ЈОУГД „Бамби“ – Македонска Каменица воведува уште една новина во своето работење. Со вообичаени секојдневни активности и капацитет според бројот на пријавени дечиња за присуство, ЈОУДГ „Бамби“ ќе работи во секоја прва сабота од месецот. Пријавувањето за присуство на дечињата од страна на родителите се врши директно во просториите на установата, кај вработените од воспитниот тим или електронски на следниов e-mail: bambi@bambi.mk За повеќе детали тука.

ПОВЕЌЕ ...

Делчево наскоро со нов градски пазар. Објектот ќе се гради во централното подрачје, на градежна  парцела со површина од 11.600 метри квадратни од кои речиси 7.000 метри квадратни е површина предвидена за градење на пазарот : Ние сакаме да добиеме современ градски пазар со целосна инфраструктура, во смисла отворен и затворен дел, кој што ќе биде покриен со кровна конструкција, изјави Горан Трајковски, градоначалник на Делчево. За таа цел, општината објави оглас за изработка на архитектонски и урбанистички проект, и за нив локалната самоуправа предвиде 640.000 денари од сопствениот буџет . Избраната фирма, архитектонско – урбанистичкиот проект треба да го…

ПОВЕЌЕ ...

4 март 2018 Европската унија инвестира милијарди евра во програмата за помош за вработување на млади луѓе. Шпанија, една од земјите со најголем процент невработени меѓу младите, проценува дека програмата е успешна. Дали е тоа така? Мануел е Шпанец и ќе има 30 години за неколку години. Но, тој, како и многумина во неговата генерација, едноставно не може да најде работа. – Прилично сум под притисок, вели тој, нагласувајќи го секој збор. – Сите ми велат: Побрзај, ќе ти замине возот! Таканаречената Гаранција на ЕУ за вработување млади требаше да им помогне на младите луѓе како него, но Мануел вели:…

ПОВЕЌЕ ...

04.03.2018 каменица.мк По повод 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица организира интересна креативна работилница во која татковците и дедовците, заедно со дечињата ќе изработат подароци или честитки за своите мајки и баби. Повеќе за оваа креативната работилница, која ќе се оддржи на 06. Март, во вторник од 10 часот, во просториите на ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица, прочитајте тука.

ПОВЕЌЕ ...

02.03.2018 kamenica.mk Врз основа на член 84 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002), член 112 и член 113 од Статутот на oпштина Македонска Каменица („Службен гласник на oпштина Македонска Каменица бр.4/2005), Градоначалникот на општина Македонска Каменица донесе ОДЛУКА За распишување на избор на Претседател и членови на Совет на месните заедница во општина Македонска Каменица. За таа цел се покануваат сите жители да присуствуваат на состанокот на кој ќе се избира нов претседател и совет на месната заедница. На состанокот ќе присуствува и „Одборот за месна самоуправа“ составен од 5 члена од советниците на општина Македонска Каменица.…

ПОВЕЌЕ ...