Author: Media Point

Министерството за образование и наука ги повика наставниците од одделенска настава да достават предлози и коментари за новите наставни програми што се предвидуваат во основното образование. „За да создадеме што е можно подобар и поквалитетен образовен модел, сакаме да го слушнеме гласот и мислењето на лицата кои секојдневно се вклучени во образовниот процес, наставниците. За таа цел, Министерството за образование и наука бара и очекува од наставниците од одделенската настава, како и сите компетентни и заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои критики, коментари и предлози за…

ПОВЕЌЕ ...

Со оглед на фактот дека поголемиот дел од марихуаната која се консумира во САД е дојдена преку Мексико од каде по разни линии се криумчари од седум тамошни картели кои го делат бизнисот, истражувачите сакале да дознаат како новата легислатива влијае врз стапките на криминалот. Во американските федерални држави во близина на границата со Мексико во кои марихуаната е легализирана за медицински употреби, криминалот поврзан со овој производ е намален во просек за 13%, обелоденува студија објавена во Економски журнал. Најголем пад од 15% забележува Калифорнија. Економистката Велина Гаврилова, која е автор на студијата, објаснува дека новите прописи на фармерите им…

ПОВЕЌЕ ...

Пензија ќе земаат и оние што немаат 15 години стаж, но само ако немаат други приходи. Најверојатно износот ќе биде 40 отсто од просечната старосна пензија или близу 6.000 денари. Мерката ќе стартува најдоцна до 2020 година. Ова е едно од ветувањата на СДСМ во предизборната кампања за кое веќе се работи во Министерството за труд и социјала. Иако голем дел од граѓаните, посебно оние што спаѓаат во оваа категорија лица, веднаш ја поздравија одлуката, сепак, се отвара прашањето дали ова е еден вид контрадикторна политика на Владата во услови кога дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ)…

ПОВЕЌЕ ...

Теодора Атанасова беше второпласирана на турнирот „Фелдкирх трофи“ во Виена Иако има само 13 години, Теодора Атанасова испиша историја за македонскиот спорт, станувајќи првата Македонка која освоила медал на меѓународно натпреварување во уметничко лизгање. Младата кочанчанка, која живее во Австрија, го оствари тоа на турнирот „Фелдкирх трофи“, што се одржа во Виена, каде што се закити со сребрен медал. Атанасова почна да покажува значителен напредок откако пред една година почна да работи со прославениот руски тренер Сергеј Громов, кој вели дека во иднина очекува уште подобри резултати од неа. Ова ќе може да го докаже во наредниот период, кога ја…

ПОВЕЌЕ ...

Ренова видно се засилува за пролетниот дел од сезоната. Каменичанецот и младински репрезентативец, Влатко Стојановски кој доаѓа од редовите на хрватскиот РНК Сплит од пред неколку денови е дел од екипата на Ренова. 20-годишниот Стојановски се договори за двегодишна соработка со Ренова, откако се одлучи на завршување на соработката со Сплит. Претходно младинскиот репрезентативец во домашното првенство настапуваше за ФК Каменица- Саса од родната Македонска Каменица и за Металург од каде во 2016 година се пресели во Хрватска. Влатко Стојановски, кој игра во офанзивната линија, e стандарден член на актуелната младинска селекција на Благоја Милевски, денеска го постигна и својот…

ПОВЕЌЕ ...

26. Јануари 2018 каменица.мк Македонска Каменица и 5 други општини од Истокот со иницијатива за формирање на ЛАГ „Брегалница“. Иницијативата е покрената од Здружението „Јавор“ од Зрновци, а се однесува на општините Кочани, Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево, Македонска Каменица и Пробиштип. Локалната акциона група на шесте општини треба да реализира стратегии за локален развој на рурални средини. Вообичаено територијата на нејзино дејствување е најмалку во две општини кои граничат, а групата треба да има изготвено заедничка стратегија за локален развој на руралните средини. Кочани е првата општина што ја прифати иницијативата, а се очекува до крајот на месецот и Советите на…

ПОВЕЌЕ ...

По завршувањето на собраниската и владината процедура од денес официјално стапуваат на сила измените во законот за безбедност во сообраќајот.   Измените предвидуваат усогласување со европската пракса во насока на регулирање на работата на автошколите и зголемување на границата за стекнување возачка дозвола и управување со моторно возило. Со измените на законот се предвидува дете да може да се стекне со право на оспособување за управување со моторно возило од „Б“ категорија, доколку наполнило 17 години, наместо досегашните 16 години. Истовремено измените предвидуваат на лицата кои во време на издавањето на возачката дозвола имаат повеќе од 55 години возраст, возачка…

ПОВЕЌЕ ...

Откако Мексиканците го уапсија, па им избега од затвор, па пак го уапсија, па пак им избега од затвор, Ел Чапо повторно заврши во затвор, само овој пат во американски, и таму чека да му судат. Како дел од најновото судско рочиште против него, инаку прво под јурисдикција на САД, Ел Чапо дал ветување дека повеќе не планира да убива поротници. Радосната вест за поротниците што ја објавува адвокатот на Хоакин Гузман, доаѓа со амандман дека откако неговиот клиент се откажал од нивно требење, сега властите треба да се коректни и да ги кажат имињата на поротниците и истите да…

ПОВЕЌЕ ...

Библиотека во Анкара дава ново значење на мислата дека книгите се безвременски. Ѓубрари во турскиот главен град отворија јавна библиотека во која се наоѓаат книги фрлени на отпад. Библиотеката, која се наоѓа во дистриктот Чанкаја во Анкара, е основана откако ѓубрарите почнале да собираат флени книги. Со месеци тие ги собирале книгите, а откако се дознало за нивната акција, граѓани почнале да им донираат. Првично, книгите биле наменети само за вработените и нивните семејства. Но, како што се зголемувала колекцијата и интересот низ заедницата, библиотеката во септември, минатата година, беше отворена и за јавноста. „Почнавме да дискутираме за идејата да…

ПОВЕЌЕ ...

26. Јануари 2018 каменица.мк Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово нареди спроведување истражна постапка против државјанин на Република Бугарија поради сторено кривичнoто делo – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори. Вчера околу 00:15 часот на граничниот премин Табановце, на излез од Република Македонија, за влез во Република Србија, при контрола на патничко моторно возило „пежо 807“ со бугарски регистарски таблички бил откриен бункер со 71 пакетче марихуана. Бункерот бил направен во подот на возилото до задните седишта. Марихуаната со вкупно нето маса од 17.665,5 грама била спакувана во растителен материјал и полиетиленска вакуум кеса…

ПОВЕЌЕ ...