Author: Media Point

17-годишно момче на пладне било избодено во центарот на Скопје, соопшти МВР. Момчето било нападнато од две лица и е прободено со остар предмет во стомакот. Напаѓачите најверојатно користеле нож. Нападот се случил околу 12.40 часот на прометната автобуска постојка на Рекорд во центарот на Скопје. Минувачите повикале итна помош, а повредениот тинејџер е префрлен во Градската општа болница Свети Наум Охридски. Полицијата го истражува случајот, нема информации дали се приведени насилниците.

ПОВЕЌЕ ...

01.03.2018 kamenica.mk Во организација на КИЦ “Романса” – Македонска Каменица, утре (02.Март, Петок) со почеток од 12 часот, во Домот на култура од нашиот град, а во изведба на Народниот театар при НУЦК “Антон Панов” од Струмица, ќе биде одиграна театарската претстава “Пинокио”. Театарската претстава е наменета за дечиња од прво до петто одделение при ООУ “Кирил и Методиј” од Македонска Каменица. “Пинокио” е позната театарска претства од репертоарот на Народниот театар при НУЦК “Антон Панов” од Струмица, која е во режија и сценографија на Драгана Таневска, драматург – Ацо Гогов, додека костимограф на сцена е Ванчо Василев.

ПОВЕЌЕ ...

Во последниот квартал од 2017 година трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување бележат раст од 0,8 проценти во однос на третиот квартал во минатата година. Државниот завод за вработување објави дека трошоците за материјали се повисоки за 0,6 отсто и трошоците за вработените се повисоки за 1,4 отсто. Во четвртото тримесечје од 2017 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2016 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 4,8 отсто, трошоците за материјали се повисоки за 4,4 отсто и трошоците за вработените се повисоки за 5,8 отсто.

ПОВЕЌЕ ...

Најстудено во Македонија изутринава е во Берово, каде што се измерени – 18 степени, во Скопје-Петровец и Крива Паланка -15, а во Македонска Каменица, Куманово, Маврово и Крушево -14 степени. Во Ѓуриште се измерени -13, во Лазарополе и Пожаране -12 а во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Виница -11 степени. Во Гевгелија се измерени -5 степени,  минус седум во Битола,  минус осум во Прилеп, Дебар, Претор, Охрид, Струмица, Демир Капија, и -10 во Штип. Најмногу снег, пак, има во Маврово, каде висината на снежната покривка изнесува 87 сантиметри, во Лазарополе 79, во Крушево 58 и во Пожаране се измерени 50 сантиметри. Поради студениот…

ПОВЕЌЕ ...

Расте бројот на деца со дебели криминални досиеја во Кочани. Според последниот извештај од кочанската полициска станица, над 30 деца лани биле извршители на кривични дела тешки кражби, крадење на моторни возила, предизвикување општа опасност, како и полов напад на лице кое не наполнило 14 години. Имаме зголемен број на извршители малолетници, бројот е зголемен за 9%. Имаме зголемен број на деца извршители на кривичните дела неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги, кажа Горан Јакимовски, командир на ПС Кочани. Но, освен овде, алармантна е состојбата и со употреба на опојни дроги кај малолетниците во Кочани : Имаме…

ПОВЕЌЕ ...

Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство по добиената најава од Управата за хидрометеоролошки работи за студен бран од портокалова фаза на ниво на целата држава, за утре ги донесе следните препораки: Да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата над 60 годишна возраст. За работниците коишто работат на отворено се препорачува реорганизација на работното време од 10 до 16 часот, со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци, со цел заштита на нивното здравје. Во случај на настинка и потешкотии на дишењето,…

ПОВЕЌЕ ...

На видео објавено на социјалните мрежи може да се види дека патот кон граничниот премин Република Македонија – Република Бугарија кај Делчево е навеан со снег.. Се препорачува внимателно возење по лизгавиот коловоз. Видеото може да го видите ОВДЕ 

ПОВЕЌЕ ...

27.02.2018 Тешка кражба се случила во понеделникот попладне во Кочани. Од куќа во централното градско подрачке украдени се девизи и денари во вкупна вредност од 730 илјади денари. Никој од соседите или домашните не забележале кога крадецот упрднал во објектот, а подоцна кражбата ја констатирал сопственикот кој случајот го пријавил во полиција. Според официјалното известување од СВР, 59-годишниот Б.С од Кочани пријавил дека на 26 февруари во временскиот период од 18 – 18,45 часот во неговата семјена куќа лоцирана на ул. „Страшо Ербапче“ била извршена тешка кражба од непознат сторител. Крадецот со употреба на соодветен алат ја отворил влезната врата од…

ПОВЕЌЕ ...

На 26.02.2018 година околу 14.15 часот, додека четири малолетнички биле во дворот на средното општинско училиште во Штип, непознато машко лице, кое било надвор од дворното место, ги соблекло панталоните и ги повикувало да дојдат кон него. По преземени мерки, полициски службеници од слобода го лишиле И.А.(36) од Штип. Тој бил приведен во Полициската станица Штип, каде во присуство на Јавен обвинител било извршено препознавање. Прочитајте повеќе: Мотел „Мерак“ – ваш домаќин на најлудите забави по повод 8-ми Март По целосно документирање на случајот, против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело…

ПОВЕЌЕ ...