Author: Media Point
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.Ј. (53) од с. Саса, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, злоупотреба на лични податоци и посебни случаи на фалсификување исправи. Како што соопшти МВР во периодот од 28 ноември 2016 до 31 декември 2016 година М.Ј., како самостоен референт во Јавното претпријатие „Македонски шуми”- подружница Делчево, без знаење на Љ.Г. (58) и Љ.Д. (60), двајцата од Македонска Каменица, во нивно име поднел две барања за обезбедување на отпад собран после сеча за сопствени потреби од страна на…
Сител Телевизија минатата среда емитуваше репортажа за соседниот град на Македонска Каменица, градот Делчево. Во репортажата “Ја сакам Македонија” на убав и непосреден начин, со неколку соговорници се презентира богатото културно-историско наследство на Пијанец. Погледнете ја „Ја сакам Македонија” за овој соседен град на Македонска Каменица.
Административците нема да земат плата, ако податоците за нивните вработени во Регистарот на информатичкиот систем не се совпаѓаат со поднесената пресметка за месечен надоместок. Механизам со кој владата ќе ги притиска работодавачите во јавниот сектор, да ги ажурираат информациите за лицата што работат во институциите. До крајот на март ќе се знае точната бројка- тврдат надлежните. Имаат рок од три месеци, законските прописи чекаат објава во Службен весник. „Проверката ќе се врши автоматски, при поднесување на пресметките на плата на јавниот сектор. И во случај кога податоците не се усогласени, системот за плата на УЈП ќе јави грешка и работодавачот…
Младата пејачка Ангела од Македонска каменица, ја освои наградата за најдобар дебитант на овогодинешниот Гоце Фест. Таа беше придружувана од група Модерато, каде воедно член е и нејзиниот татко. 18 годишната Ангела од Македонска Каменица имаше прекрасен настап на овогодинешното издание на Гоце фест, каде заедно со група Модерато ја освоија наградата за најдобар дебитант на фестивалот. Со оглед на тоа што за првпат се појавува на овој фестивал, Ангела беше презадоволна од настапот. -Настапував со група Модерато, а песната се вика “Мојто родно село Мокрино”. Музиката е на Никола Фериев, текстот на Горан Костадиноски, а за аранжманот се погрижи Ристо…
Земјотрес го разбуди Пловдив во раните утрински часови околу 01.44 ч по бугарско време. Земјотресот се почувствувал и во соседните градови. Во моментов нема информации за штети и повреди, јавија бугарските медиуми. Според првичните податоци, потресот бил со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала а епицентарот е меѓу Пловдив и Асеновград. Длабочината на земјотресот е 2 километри. Земјотресот е чувствуван и во Софија, во Карџали, па дури и во Македонија според жителите на Македонска Каменица и Делчево. “Беше исклучително силен и ужасен, се слушна бум и куќата се затресе”, рекол жител на селото Крумово, што е најблиското место до…
Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на булеварот 8 септември. Според информациите на МВР, несреќата се случила во 14:10 часот на булеварот „Осми Септември“ што дошло до судир помеѓу патничко возило „Мазда 6“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(66) од Виница и патничко возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(33) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи. Со возило на Итна медицинска помош Љ.К. бил пренесен во болницата „Свети Наум Охридски“, додека Д.И. бил пренесен во Градската општа болница „Осми Септември“. По укажаната лекарска помош, Љ.К. бил задржан на понатамошно лекување, додека Д.И. бил…
Уште две малолетни девојчиња од ЈУ „25 Мај“ се трудни. Едното ја прекинало бременоста, но второто не сака да абортира и инсистира да го роди бебето, дознава „Независен весник“. Засега уште не е официјално потврдено дали и овие две малолетнички биле злоупотребувани, како што беше случајот со 13-годишното девојче кое ја дигна јавноста на нозе. Веста за уште две трудни девојчиња од „25 Мај“ за „Независен весник“ ја потврдија и од Клиниката за гинекологија, каде што се води бременоста на децата. „Едното девојче за кое медиумите веќе пишуваа, како и уште едно друго, се ‘затворени’, односно бременоста им е прекината. Третото…
Штипјанец дел од досега најголемата откриена сајбер криминална организација. 28-годишниот Марко Леопард се товари за учество во криминална организација која вршела кражби на идентитети, кредитни картички, финансиски и банкарски информации, со што успеале на нелегален начин да извлечат 530 милиони долари од сметки на граѓани од целиот свет. Информацијата официјално е објавена на веб страната на американското Министерство за правда на 7-ми февруари . Мозок на 36-члената организација бил Свјатослав Бондаренко од Украина, а биле вклучени хакери од Пакистан, Англија, Украина, Египет, Косово, Австралија, Молдавија, Украина, Америка. Како што пишува на официјалниот сајд на Министерството за правда оваа акција е…
Врз основа на член 84 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002), член 112 и член 113 од Статутот на oпштина Македонска Каменица („Службен гласник на oпштина Македонска Каменица бр.4/2005), Градоначалникот на општина Македонска Каменица донесе ОДЛУКА За распишување на избор на Претседател и членови на Совет на месните заедница во општина Македонска Каменица. За таа цел се покануваат сите жители да присуствуваат на состанокот на кој ќе се избира нов претседател и совет на месната заедница. На состанокот ќе присуствува и „Одборот за месна самоуправа“ составен од 5 члена од советниците на општина Македонска Каменица.
Еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс изјави дека треба да плаќа уште поголем данок, апелирајќи на американските власти истото да го побараат и од останатите милијардери. – Треба да плаќам поголеми даноци. Платив повеќе даноци од било кој друг, над 10 милијарди долари, но Владата треба од поединците, кои се на иста позиција како јас, да побараат плаќање на значително повисоки даноци, истакна основачот на Мајкрософт во интервју за Си-Ен-Ен. Гејтс, чие богатство се проценува на 86 милијарди долари, исто така, остро ја критикуваше реформата на даночниот закон во САД, со која се намалени даночните стапки за големите…
