Author: Media Point

Ако веруваме во научна фантастика, тогаш луѓето навистина би се избезумиле кога би оствариле средба со вонземјаните. Најчесто и во филмовите гледаме како вонземјаните сакаат да нè елиминираат, па се смета дека стравот би бил на високо ниво кога би дошло до таква средба. Сепак, ако разговарате со просечен човек, можно е да добиете поинаква слика за тоа каква би била реакцијата од првиот контакт. Повеќето луѓе не се алармирани. Всушност, се оптимистични за средбата со вонземјаните. Повеќето од нас се како деца, т.е. имаат реакција која е резултат на љубопитство. Нова студија покажува дека хистеријата ќе биде намалена на…

ПОВЕЌЕ ...

Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Секаде се одбележува овој празник меѓу македонскиот народ. Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните. Притоа секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а си простуваат и пријателите. Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!”, на што другиот одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа“. Велигденскиот пост е…

ПОВЕЌЕ ...

Таткото на девојче од скопското село Љубин пријавил во полицијата во Сарај дека неговиот 19-годишен внук со иницијали Е.Б. му се заканувал дека ќе му го одземе неговиот живот и животот на неговото семејство, доколку не му ја деде ќерката за жена. Според пријавата, 46-годишниот татко, кој му е чичко на 19-годишниот Е.Б. преку вибер ги добил пораките со закана. Од полицијата велат дека момчето и неговата ќерка биле извесно време во врска. Неодамна биле два дена заедно во хотел во Тетово, без негова дозвола, по што ја пријавил ќерката за исчезната во Полициска станица. Заканите следеле откако 19-годишникот дознал…

ПОВЕЌЕ ...

Родители крвнички ја истепале својата дваесет и четиригодишна ќерка, затоа што одбила да им ја даде платата. Случајот на семејно насилство го пријавила жртвата. Таа додека седела во нејзината соба влегла мајка и’ и побарала да и’ ја даде целата плата, на што се спротивставила. Тогаш мајка и’ почнала да ја влече за коса, додека татко и’ неколку пати со тупаници ја удрил по главата и телото, нанесувајќи и‘ видливи повреди. Нешто подоцна, родителите повикани се во Полициската станица Тетово. Се работи на расчистување на случајот и ќе следува соодветен поднесок. Вчера била физички нападната и триесет и осумгодишна скопјанка…

ПОВЕЌЕ ...

Ловно Друштво „М. КАМЕНИЦА- САСА“, на 17. Февруари сабота, во Ресторан „Иднина“, со почеток од 19 часот, ќе ја организира седмата по ред „Ловечка вечер“. На оваа средба која традиционално се организира веднаш по завршувањето на ловната сезона, ќе присуствуваат голем број на гости- ловџии од Македонска Каменица и од целиот источен регион. Влезниците се со цена од 550 денари, кое вклучува богато мени. Заради зголемениот интерес за присуство на овогодинешната „Ловечка вечер“, а ограничениот број на билети, заинтересираните лица за присуство се замолуваат да се пријават кај организаторите: Гоце Стоиловски 070 857 181, Благој Миовски 072 278 384 или…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 19.02.2021 година – Денес, во кругот на ЈП “Камена река” Македонска Каменица, со почеток од 12:00 часот беа извлечени среќните добитници во наградната игра за корисниците со редовно платена комуналната такса. Годинава, најсреќни се следниве корисници: Прва награда, Телевизор – Давор Стојковски Втора награда, Шестмесечна претплата – Мирјана Антовска Трета награда, Тостер – Владо Николовски Во кратката изјава за медиумите, директорот на ЈП Камена Река, Влатко Андоновски изјави дека, „ЈП Камена Река со организирањето на оваа наградна игра покажува скромна благодарност до редовните плаќачи на комуналните такси и услуги, а од друга страна, сакаме на овој начин…

ПОВЕЌЕ ...

15.02.2018 kamenica.mk За сите љубители на хуморот и сатирата во Македонска Каменица, вечерва со почеток од 18:00 часот ќе се одржи првиот „Каменички сатирикон“. Настанот ќе се одржи во малата сала од Домот на култура, а истиот е во организација на градската библиотека „Крсте Петков Мисирков„ од Македонска Каменица, клон на ЈБ „“ – Делчево. Покрај творештвото на Ленче Стоименова, Јанче Атанасов и Миле Ѓорѓијоски, ќе бидат изложени и дела од еминентни бугарски карикатуристи. Исто така посебен акцент ќе биде ставен и на творештвото од најголемиот македонски сатиричар, сега покоен, Иван Карадак.

ПОВЕЌЕ ...

Утринава во 04:00 часот се случи семејна трагедија на улицата во Кочани. На улица “9-ти Мај” пронајдени се две безживотни тела на маж и жена од кои едното во внатрешниот дел од куќата, додека другото било во дворот. Според првичните претпоставки најверојатно се работи за убиство и самоубиство. На лице место излезени се увидни екипи од Полициска станица – Кочани како и Јавен Обвинител. Се утврдуваат причините за несреќата која ги потресе жителите на Кочани.

ПОВЕЌЕ ...

75- годишен жител на Берово е пронајден мртов, на улица во градот. Тој претходно беше пријавен за исчезнат и  по него се трагаше од 11 февруари. Потрагата заврши лошо за старецот и за неговото семејство. Првичните наоди укажуваат дека траги на насилство над телото нема , па тоа е предадено на најблиските за погреб.

ПОВЕЌЕ ...

Најновото истражување на „University of Alberta“ во Канада вели дека ефектот на 1 чаша црвено вино може да се спореди со цел час вежбање во теретана. Причината лежи во тоа што ресвератролот кој е присутен во црното вино има антиинфламаторно кардиопротективно и антиканцерогено дејство, а освен тоа го намалува и нивото на шеќер во крвта, па може да го „оживее“ организмот слично како по еден час поминат во физичка активност. Прочитајте повеќе на: MMС.МК

ПОВЕЌЕ ...